Natural-girl
Morphine
- Член од
- 16 октомври 2007
- Мислења
- 3.462
- Поени од реакции
- 5.246
Ситуацијава е како да имаш еден штит, а луѓе и од двете страни. Треба да знаеш од која страна да се заштитиш, а која страна да ти остане ранлива. Понекогаш не знаеш и по долго време каде да го ставиш штитот. Понекогаш сакаш уште еден штит.
Човек на човек е волк, ама ако не веруваме во добрата страна на луѓето, ако не укажеме доверба, нема да преживееме, кратко и јасно.
Ако го држам блиску "непријателот", ќе може да полесно да ми ги открие слабите страни и да нападне во прав момент. Така да, од моја страна, што подалеку.
Второ, пријателот може и те како повеќе да ме повреди од непријателот, зошто него сум му верувала, од него не сум очекувала напад, не сум очекувала дека ќе се сврти против мене...а од непријателот човек знае дека треба да се пази.
Теоретски добро звучи зар не?
И пак стигаме до релативноста на поимите "пријател" и "непријател". Сепак, прво нешто што јас подразбирам под пријател е лојалност, да знам дека нема да ми забие нож кога ќе се свртам. Прво нешто што подразбирам од непријател е непредвидливост (затоа...штит!).