Јас цело време се обидувам и не можам да најдам една причина зошто да живеам...??? Нема причина... Да живеам за еден ден да створам фамилија, да имам деца... Тоа ли е причина... Не сакам да имам деца...Не чувствувам никаква љубов кон мали деца ама баш никаква...Јас не знам кога последен пат сум се заљубила и воопшто не знам дали чувствувам љубов кон некого...Сакам да се заљубам ама не можам... Мојот живот некогаш си го замсилував како авантура, сакав само да патувам и да се забавувам, ама сега гледам ни тоа нема смисла... Ништо нема смисла... Не постои нешто што може да ме направи среќна да ме израдува... Потполно изгубив воља за живот... Ништо не ми е интересно, се ми е сеедно... Не можам да се замислам во брак...Не можам да се замислам како авантуристка... Каква смисла има животот...??? Да учиш, да работиш, да имаш пријатели... Ама зошто сето тоа нема смисла некако...
Кои се вашите причини, зошто вие живеете...???
Оваа појава е честа кај младите (15-20 години).И јас се имав чуствувано баш како ти.Проблемот го решив што почнав да му се спротиставувам на истиот.Јас мислам дека добро стартуваш со барањето на решение со тоа што сакаш да ги споделиш емоциите и проблемите со други како би нашла на соодветни совети.
Барај го тоа што те интересира да го најдеш,дознаеш,осетиш
Барај нешто што досега си го немала,постави си цели и почни да работиш на нив.Кариера,Сопруг,Деца,Кола,куќа,патувања,пријатели и тоа се по твој вкус.
Почни да размислуваш за себе..Твоите добри и лоши страни,што те прави среќна и исполнета.
Слушај го срцето,заталкај по него и ќе видиш дека ќе најдеш нешто што си го изгубила одамна.
Јас лично имам 5 полиња на кој се подобрувам секојдневно:
Факултет(кариера),Љубов,Семејството,Пријатели,Забава
На кајгана имаше еден добар прилог "пронаоѓање на себеси", во кој стоеше дека тоа е долга,исцрпна но во исто време и возбудлива борба на животот.
позз