Причина за живеење...

S

smart ass

Гостин
Смртта да на некои ќе донесе среќа а на некои несреќа...

Самоубиство е кукавички чин.

И еден совет-штом си имала суицидални мисли би било добро да се консултираш со невропсихијатар...инаку Животот е УБАВ,не е поентата во тоа заљубување и одљубување за недела дена е на ваа возраст и нема тука ништо лошо,ако одредени социјални или економски проблеми предизвикуваат фрустрации кај тебе и губење МОРАЛ игнорирај ги-Има ЛУЃЕ кои ценат ЛУЃЕ!!!

ПОСТАВИ ЦЕЛИ И ПРИОРИТЕТИ-но реални,чунки ако градиш кула од сништа само нејзиното рушење има многу да боли,значи организирај го времето,понатаму најди хоби,и јади повеќе чоколадо за готвење-дава тро серотонин.

Оцигледно немала, ама Принцезз, кркни четири или пет табли лексон од 6 мг со алккохол и ич да не ти чуе.
Како бе Бромазепам(лексан/илиум) на симптоми депресивни...башка и алкохол.

Може асентра/серталин ил комбинација прозак+хелекс...втората е поверојатна и има ефекти.


Си имала ли некогаш ваква депресија, да губиш воља за живот, да мислиш дека животот нема смисла...???
Не барај смисла во животот,види ја поентата која зависи од тебе и ТИ ја одредуваш.

П.С Никако лексани и алкохол!!!
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Би сакал да го погледнеш ова. Се надевам дека разбираш англиски.

Восхит.
 

PrincezZ

Death It's Only The Begin
Член од
25 март 2010
Мислења
123
Поени од реакции
9
[zEUs];3455668 напиша:
Би сакал да го погледнеш ова. Се надевам дека разбираш англиски.

Восхит.

ООооооооОООООО браво :)
 
S

smart ass

Гостин
Епа гледаш...имаш можеби биполарна депресија ваљда.

Тоа е ситна риба-а дека животот ИМА ПОЕНТА Ќе видиш ти самата,променливото однесување може и да е паничен напад,ништо лошо-значи Консултирај се со Невропсихијатар и кажи се(немај мака немаат ѕидовите уши во случајов).

П.С дај престанете со Глупостите за апчиња и труење-како такво нешто пишете...мислам АЛООО?????
 
P

Princ

Гостин
На наредниот офтопик банирам од форум, кој и да е. Имам разбирање, бришам, опоменувам, ама доста беше. Значи сериозно сега, на нареден офтопик на темава, или на било која друга тема од членови кои веќе подолго уништуваат дискусии со нивни офтопици, ќе банирам од форум.
Да видам дали е некој двоен или троен член, немам пермисии. Ама (сеуште) имам пермисии да банирам до форум на неодредено време.
Доста беше, инаф, крај. Ако ви се дискутира на оваа тема, дискутирајте на оваа тема. Ако мислите да уништувате дискусии, имате копче горе-десно "одјави се". Use it.
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Си имала ли некогаш ваква депресија, да губиш воља за живот, да мислиш дека животот нема смисла...???
Ехеее,колку пати...
Ке ти помине,би рекла дури и нормално е за твоите години.
Баш сега се оформуваш ко личност и карактер,сега бараш што сакаш,а што не.

Ти треба некое големо БУМ...патувај малку,размени друштво,средина.
Може досадно ти е таму кај шо си:wink:


п.с браво форумџии,сите со добри совети:helou:
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Јас цело време се обидувам и не можам да најдам една причина зошто да живеам...??? Нема причина... Да живеам за еден ден да створам фамилија, да имам деца... Тоа ли е причина... Не сакам да имам деца...Не чувствувам никаква љубов кон мали деца ама баш никаква...Јас не знам кога последен пат сум се заљубила и воопшто не знам дали чувствувам љубов кон некого...Сакам да се заљубам ама не можам... Мојот живот некогаш си го замсилував како авантура, сакав само да патувам и да се забавувам, ама сега гледам ни тоа нема смисла... Ништо нема смисла... Не постои нешто што може да ме направи среќна да ме израдува... Потполно изгубив воља за живот... Ништо не ми е интересно, се ми е сеедно... Не можам да се замислам во брак...Не можам да се замислам како авантуристка... Каква смисла има животот...??? Да учиш, да работиш, да имаш пријатели... Ама зошто сето тоа нема смисла некако...

Кои се вашите причини, зошто вие живеете...???
Види, ја нема да звучам ко некој гуру за морал и да ти докажувам дека си кукавица ако не продолжиш понатака. Според мене секој треба да прави онака како што му е нему добро и лагодно во животот. Не постојат некои универзални правила за среќа, секој човек си е посебен универзум и самиот најдобро може да си одлучи што е добро за него, никој нема право да му суди или да му докажува на друг како треба да си го живее животот.
Мислиш дека бракот и децата немаат никаква смисла за тебе, тогаш ок, немој да се мажиш и немој да имаш деца. Никој не очекува ништо од тебе, сама си одлучуваш за се, иако мислиш дека не е така сега. Само некако не можам да поверувам дека не постои нешто што би те направило среќна. Прво не можеш да кажеш такво нешто затоа што ти претпоставуваш дека не можеш да бидеш среќна, а не си пробала да направиш нешто у врска со тоа. Причините за живот не паѓаат сами од небо, треба да се потрудиш за да дојдат, колку повеќе ќе бараш толку повеќе ќе најдеш. А доколку и понатака сметаш дека не вреди да се трудиш, тогаш апсолутно да, немаш причини за живот.
 
Член од
11 март 2009
Мислења
118
Поени од реакции
4
Јас цело време се обидувам и не можам да најдам една причина зошто да живеам...??? Нема причина... Да живеам за еден ден да створам фамилија, да имам деца... Тоа ли е причина... Не сакам да имам деца...Не чувствувам никаква љубов кон мали деца ама баш никаква...Јас не знам кога последен пат сум се заљубила и воопшто не знам дали чувствувам љубов кон некого...Сакам да се заљубам ама не можам... Мојот живот некогаш си го замсилував како авантура, сакав само да патувам и да се забавувам, ама сега гледам ни тоа нема смисла... Ништо нема смисла... Не постои нешто што може да ме направи среќна да ме израдува... Потполно изгубив воља за живот... Ништо не ми е интересно, се ми е сеедно... Не можам да се замислам во брак...Не можам да се замислам како авантуристка... Каква смисла има животот...??? Да учиш, да работиш, да имаш пријатели... Ама зошто сето тоа нема смисла некако...

Кои се вашите причини, зошто вие живеете...???
Тркни до локалната болница, било која врста на болница.
Добро разгледај ги луѓето таму кои боледуваат од ова или од она.
Потоа прашај се зошто тие луѓе живеат.
Незнаеш што имаш додека не го изгубиш.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Причиња за живеење...there is none.
Али кога сум веќе жив, ќе си го направам “престојот“ што поубав за мене.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Мојот живот некогаш си го замсилував како авантура, сакав само да патувам и да се забавувам, ама сега гледам ни тоа нема смисла... Ништо нема смисла... Не постои нешто што може да ме направи среќна да ме израдува... Потполно изгубив воља за живот... Ништо не ми е интересно, се ми е сеедно... Не можам да се замислам во брак...Не можам да се замислам како авантуристка... Каква смисла има животот...??? Да учиш, да работиш, да имаш пријатели... Ама зошто сето тоа нема смисла некако...
Животот не треба да го замислуваш, треба да го живееш!

Штом си изгубила воља за живот сигурно товите планови не се исполниле или работите не излегле така како што си ги замислила.

Убаво е да сонуваш, да го замислуваш, планираш животот но запомни животот не е композиција со веќе познат крај туку сопствен момент за импровизирање на сцена!

Не планирај, предади се на факторот на спонтаноста во животот.

Јас живеејќи го животот компонирам мелодија која некој ден треба да им остане во главата на другите кои го слушнале ритамот на моето срце.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.982
Поени од реакции
12.614
Животот и неговата убавина е она што поминува незабележано се додека ја бараме причината за него. Причината е самиот живот, постоењето и сите милиони нешта кои не се забележуваат кога ја бараме причината.
Која е пак причината за не - живот, за не - постоење? Стравот од идната болка, од илузијата? Ако веќе ја бараме причината за живеење, тогаш искрено да се запрашаме која е причината за не - живеење, и можеби ќе излезат одговорите на површина.
Животот е убав, благослов, и треба да се прославува секоја секунда од таа света можност и шанса да бидеме живи, да постоиме!
:smir:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Си имала ли некогаш ваква депресија, да губиш воља за живот, да мислиш дека животот нема смисла...???
Да, сум имала.
И апсолутно те разбирам низ која фаза поминуваш сега, разбирам дека се ти е рамно и дека ти е смачено од се, ама верувај дека ќе ти помине.
Се поминува, и ова ќе помине.
Животот ми немал смисла, и токму ова прашање си го поставував.
Како и да е, сфатив дека не треба да очекувам од животот да ми нуди се на златна тацна.
Искуството е вредно за секој миг на тага, за секоја депресивна мисла и за секоја пролеана солза.
Да не ти се случиле сите лоши работи во животот,(а претпоставувам дека си имала многу чим си дошла до овој стадиум на депресија) си немало никогаш да бидеш онаа личност што си сега.
Сама си го правиш животот, сама си го креираш.
Дали некоја врска од една недела ќе ја доживееш како здодевна или како возбудлива, зависи само и исклучиво од тебе.
Не можеш да ми кажеш дека кога ќе запознаеш нова личност, или кога ќе ти се случи нешто ново - по една недела не ти е забавно.
Од секоја личност има толку многу да се научи, секоја личност е универзум за себе, замисли колку можеш да извлечеш од секој.
Секој настан е ново искуство, нешто возбудливо, некоја занимација.
Се што се случува влијае врз тебе, дали позитивно или негативно-сама одбираш.

Јас си решив да си ја барам смислата на животот во задоволствата.
Да се трудам што е можно повеќе да им помагам на луѓето во кризни ситуации, да им бидам потпора.
И да ги правам среќни. Кога ќе видам дека сум успеала некој да усреќам или макар да насмеам, ми е убаво-во тоа ми е смислата на животот моментално.
И попатно да научам што е можно повеќе работи од искустава на луѓето, за луѓето и да ја впијам секоја информација што сметам дека е забавна. Колку и да е непотребна.
И правам се што мене ме прави среќна, без разлика дали тоа се поколопува со нечии морални или религиозни или не знам какви сфаќања.


И пошо се забораив од пишување, највероватно нема да ме прочиташ асално :) имаш убав пример во клипот од Зеус.
Замисли луѓето во какви услови успеваат да ја најдат среќата, да имаат желба за живот и се. А ти здрава, права не можеш?
Запни малце, посвети се на себе и наоѓањето на сопствената среќа и сопствениот внатрешен мир.
Секој ден повторувај си дека си среќна.
Се прави, само не се откажувај. Тоа никогаш.
Толку многу прекрасни искуства ти нуди целата планета, целото човештво-што вреди да издржиш со сите сили.

:smir:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Поминав под пруга денеска немав поминато ооодамна улицата ја асфалтирале, поминувајќи под тунелче од елитна населба човек се наоѓа одма во друг свет дури и коритото од реката не е урбано средено. Ама сепак мирно тивко шуми реката, и нормално дека ненормално смрди малку, ама не ми пречи тоа.
Тоа е мојата причина за живот, тоа што го доживеав денеска да поминам низ тунелчето под железничка пруга.....
 

Амебиасис

Alchemist
Член од
23 март 2010
Мислења
11
Поени од реакции
0
Јас цело време се обидувам и не можам да најдам една причина зошто да живеам...??? Нема причина... Да живеам за еден ден да створам фамилија, да имам деца... Тоа ли е причина... Не сакам да имам деца...Не чувствувам никаква љубов кон мали деца ама баш никаква...Јас не знам кога последен пат сум се заљубила и воопшто не знам дали чувствувам љубов кон некого...Сакам да се заљубам ама не можам... Мојот живот некогаш си го замсилував како авантура, сакав само да патувам и да се забавувам, ама сега гледам ни тоа нема смисла... Ништо нема смисла... Не постои нешто што може да ме направи среќна да ме израдува... Потполно изгубив воља за живот... Ништо не ми е интересно, се ми е сеедно... Не можам да се замислам во брак...Не можам да се замислам како авантуристка... Каква смисла има животот...??? Да учиш, да работиш, да имаш пријатели... Ама зошто сето тоа нема смисла некако...

Кои се вашите причини, зошто вие живеете...???
Ха, лажни пријатели доаѓаат и си одат, ќе те употребат и како искористено марамче те фрлаат и те газат... Лицемери луѓе идат у животов ама пак си одат.. Можда личноста за која би дал се ме заебала, но и после се јас сум тука продолжувам да живеам и да се смеам со оние кои ми значат во животов (семејството, пријателите...) Се стремам да постигнам нешто во овој живот кој ми бил даден и се стремам луѓето да ме запамтат по она што сум го постигнал... Сум минувал и низ многу други тешки периоди.. сето тоа помина, посакував да не сум овде на овој свет, но кога сега ќе размислам сфаќам како јас површно сум ги гледал работите.. Моја препорака најди љубов, најди среќа и најважно од се најди нешто што ќе те мотивира во животот! :smir:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Имам чувство дека темава се претвори во обид да ти дадеме воља за живот,секој со добра мислам и совети ама никој не те познава.И да земеш некој весник истово ќе го најдеш,чат пат реченициве од сите луѓе кои те посоветуваа тука ќе ти излезат пред очи.
Секој човек е своја приказна,кај секој различно се лечат рани,различно се станува од падови.Не е можно да имаш 20 години и константно да го имаш ова чувство на празнина,едноставно мора да имало период кога си била среќна.
Не сакам да ти делам морални лекции,но можеби имаш премалку грижи на ум па затоа вакво чувство ти се појавува..убаво ти кажа еден член овде,влези во просторија каде луѓето не знаат што попрво да направат од бол и грижи ќе видиш тогаш што значи причина за живот.Се надевам нема причината да ја добиеш на потешкиот начин така што ќе те плесне во лице или во срце.
Знам какво е чувството некогаш работите да немаат никава цел,ќе си речеш се раѓаш,семејство ,работа,по некоја скаричка со пријателите и дур се свртиш дошло време сонцето да зајде.
Но во тоа е убавината нели,што еден ден ќе зајде а ти можеш часовите до него да го набљудуваш денот и да уживаш во него.
Се проаѓа,ќе ти пројде и ова чувство.:wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom