Причината за потонувањето на Титаник

Член од
2 декември 2007
Мислења
8
Поени од реакции
0
Точно дефинирано е за потонувањето санта мраз,дури и на сите интервјуа од единствениот преживеан од трагедијата не спомна никаква мумија...а глупости од типот за мумии то е апсурд.Може некој измисли таква прказна ќе ја пласира нормално за пари и ете многу профит од ништо.Американците се неприксновени за тоа
Да го прашаме Дикаприо нешто околу тоа,ако не:jaj:
Edinstveniot preziean, kako i drugite patnici, sigurna sum deka ne znaele sto se ima na brodot.
Koga patuvas vo avion znaes sto nosat drugite patnici so sebe? Ne, epa taka e i so prikaznata za Titanik.
Ne vikam deka ne e mumijata pricina za potonuvnjeto na brodot, ama ne ja ni isklucuvam moznosta...
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Мене се уште не ми е јасно

Како може ТООООЛКААААВ брод да потоне од санта лед ????:toe:
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Мене се уште не ми е јасно

Како може ТООООЛКААААВ брод да потоне од санта лед ????:toe:
Ако сака нека биде и сто пати поголем. Не биди толку ограничен.

Дупката што се отворила ги поплавила долните сектори, а поради притисокот продолжила и нагоре. Друго шо не ти е јасно?
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.106
Поени од реакции
11.568
Главната причина една таква конструкција да попушти од санта мраз е следната. Парчињата челик кои биле поставени долж страните (од палубата до задниот дел) биле стегани со големи клинови, под притисок од голем пиштол, опериран од тројца работници. Пред да биде завршен бродот, стигнале близу палубата и не можеле да го користат пиштолот, бидејќи (ако се сеќавам добро) бил преголем да се вметне измеѓу бродоградилиштето и долниот дел, па единствен начин клиновите да се набијат бил со чукање на големи чекани. Баш поради ваквото внесување на клиновите, рачно, тие биле неверојатно послаби од оние кои биле набиени со машина. Баш во тој предел удрила и сантата мраз, па се оштетил фатално. Да бил удрен на било кој друг дел, немало да има гајле.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
11
Поени од реакции
2
Koj i da go ima pisuvano ova so go procita sigurno sakal Titanik da stani uste pogolema atrakcija.
Jas vervam samo vo toa deka pricinata bila nevnimanieto na ekipazot i golemata brzina na brodot so nemalo sansi da se izbegne santata.Mislam deka ako ne bea uvereni deka e nepotonliv vnimatelnosta ke bese pogolema i nemase da se desi nisto od ova.
Do negde si vo pravi ali da ne pravime sega muabete ``ako ne bilo ova kje bilo ova`` ako ne bil mrazot kje izlezelo nesto drugo za da dojde do takva havarija. Za toa deka pisuvaat razni afera za da bide poatraktivno se soglasuvam so toa no ne e sekogas taka.
 
Член од
22 август 2006
Мислења
497
Поени од реакции
1.000
Еднаш имав прилика да одам на изложба на експонати извадени од Титаник. Имаше да се види се' и сешто, од карти, пари, чаши, тањири, муштикли, униформи, облекло, куфери, шапки, па се' до неотворена флаша шампањ. Имаше репродукција на најлуксузните апартмани на бродот, како и оние од трета класа. Најскапиот билет пресметан во денешни пари би коштал околу $80,000 USD. Реликвиите беа извадени од Титаник неколку години откога го пронајдоа.

На изложбата беа многу убаво објаснети причините за катастрофата.

1. Санта мраз, така наречена, "црна карпа". Што е тоа? Делот од мразот кој што е видлив и плови на површината е само 1/3 од вкупната големина на сантата. Исто така, тој површински дел е бел и видлив за окото. Оној другиот 2/3 дел којшто е под вода и не се гледа е чист мраз, значи транспарентен. Во одредени случаи, кога карпата ќе се преврти наопаку, тој дел што бил под вода е новиот врв на сантата и станува невидлив за голо око, особено во ноќни услови, бидејќи е проѕирен. Тоа е првата причина, зошто не ја забележале карпата на време.

2. Во целата еуфорија на поаѓање од Англија, го изгубиле или заборавиле окуларот за набљудување. Момците што биле на должност таа ноќ, биле оставени само на нивниот вид, без никакви други помагала. Поради тоа доцна ја забележале карпата.

3. Ноќта кога патувале, морето било мирно и немало бранови, што е причина плус да не ја видат карпата, бидејќи нема движење, таа просто нечујно се лизга низ водата.

4. Бидејќи била мирна ноќ, возеле со полна брзина, иако во ноќни услови тоа не смее да биде случај. Но, Капетанот (кому ова му било последно патување пред пензија) сакал Титаник да стигне во NY еден ден побрзо, за да ги изненади сите од моќта и брзината на бродот. Бидејќи возеле брзо не можеле да реагираат на време.

What went wrong?

Заменикот на Капетанот наредил reverse мотори, а за тоа да има ефект е потребно време. Исто така наредил и промена на курсот, што се покажало како најголема грешка. Да го направел само едно од двете, ќе имало многу поинаков и не толку трагичен исход. Но, бидејќи ги направил двете заедно, катастрофата била неизбежна.
Доколку само наредел reverse мотори, а го задржел истиот курс, ќе удреле со клунот и штетата на бродот ќе била далеку помала, односно немало да потоне. Доколку наредел само промена на курсот, а останел на иста брзина, најверојатно ќе ја промашеле карпата целосно.

А кажувањата за некаква си мумија како проклетство, се ништо повеќе од прикаски за мали деца.

P.S. Уште нешто многу интересно што видов на изложбата е од каде потекнува повикот за помош "SOS". Има врска со тоа како се пишуваат буквите "S" и "O" во Морсеовата азбука. Буквата "S" се пишува како "...", а буквата "O" се пишува како "---". И овие две споени една до друга се наједноставни, најбрзи за пишување и најлесни за паметење во ситуација на паника, страв и повик за помош. Едноставно, така се погодило и нема никаква врска со ""save our souls".
braos pearl mn nauciv od ovie tvoi informacii.. a kaj se najduva taja izlozbata od titanik?
 
Член од
28 август 2007
Мислења
17
Поени од реакции
0
Поголема глупост немам слушнато. Famous Last W до тогаш бил најголем брод, а во денешно време има многу поголеми бродови од Титаник!
 
Член од
12 јануари 2008
Мислења
4
Поени од реакции
0
imase na TV kako i zasto potonal titanik....kao demek nekoi strafovi popustile na udarot u santata posto ne bile napraveni od toj metal sto trebale deka snemale :)...aj belja rabota
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Не верувам во некои проклетства од таков тип. Мислам дека поради брзината со која Титаник удрил во сантата, е главна причина за потонувањето на бродот.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
152
Поени од реакции
7
и јас имам прочитано во димензија x дека бил потонат од
клетвата од една мумија...
па колку е точно...
 
Член од
21 јануари 2008
Мислења
2.782
Поени од реакции
33
Мале беееееееее, уште колку ке се лажете ...
Нели знаете дека сегашното време е се за ПАРИТЕ ...
Нели знаете дека се се прави со тие проклети пари ..
Вистината е дека Титаник кога удрил во сантата мраз и потонал нема никакви мумии и слично ... :tapp:
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.715
Поени од реакции
11.554
Јас првпат слушам за мумијата.. Имам слушнато дека на бродот пишувало "Ни Господ неможе да го сруши Титаник", па затоа потонал.. :):smir:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Мале беееееееее, уште колку ке се лажете ...
Нели знаете дека сегашното време е се за ПАРИТЕ ...
Нели знаете дека се се прави со тие проклети пари ..
Вистината е дека Титаник кога удрил во сантата мраз и потонал нема никакви мумии и слично ... :tapp:
Ок и каде е поентата со парите?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom