Присуство на потенцијални студенти за време на настава? Има ли такво нешто?

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Бидејќи се изначитав секакви коментари на темите „Приватен или државен факултет“ и „Сакам да студирам на приватен, но немам пари“, добив една ептен добра идеја!

Секој си ги покажа своите предрасуди и размислувања, па ајде да видиме кои од факултетите нудат можност да се присуствува на настава, па да видиме како е навистина?

Сигурно многу дечки сакаат да видат како изгледа предавање на приватен факултет. Каков е тој магичен однос што е подобар од државните?

Најчесто се наидува на коментари од типот „Плати па ќе видиш како е“ или „Абе кој ќе ти дозволи да одиш на предавање?“

Прашање за тие што виделе некои дечки на настава (што не се студенти), или знаете некој факултет што овозможува присуство.
 

SANCTIMONIOUS

Мејд Ин Мацедониа
Член од
21 март 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
9
Годинава бев матурант, и знам дека ФОН во Струмица организираше еден ден посета на универзитетот во Струмица и можност за следење на наставата тој ден, така да, ако си четврта и ако има ФОН во твојот град би требало да има вакво нешто и кај тебе, ама распрашај се пак, или уште подобро, напиши по еден мејл на маркетинг менаџерите на приватните факултети, сигурно ќе ти одговорат поточно отколку јас :)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
За другите факултети незнам, али на ФОН има да си закажеш посета. Е сега, пошто кај нив на сајтот во формуларот нема опција за избор на град во кој што сакаш да ги посетиш, изгледа ти самиот си бираш дали кај тебе (ако има ФОН студии и во твојот град) или во Скопје. Незнам точно да ти кажам, али еве ти линк па контактирај ги: http://fon.edu.mk/zakazuvanje.aspx
Исто можеш и на FB страницата да им пишеш или на Twitter.
 

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Абе тоа е fuck-the-wind присуство. Одиш ти глумат лудило 3 саати и си заминуваш полн со импресии. Истото е ако дојде директорот на предавање и асистентката или професорката се мочка од задоволство колку таа е заинтересирана да држи настава.

Реално се интересирам. Да одам еден месец да речеме на настава.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
4
Поени од реакции
0
Neznam kolku e ostvarlivo, no ideava e ok eden mesec poseta na nastava nemoze da glumi i da prodava topla voda. Dokolku ima moznost za nesto vakvo i jas sum zainteresirana.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Абе тоа е fuck-the-wind присуство. Одиш ти глумат лудило 3 саати и си заминуваш полн со импресии. Истото е ако дојде директорот на предавање и асистентката или професорката се мочка од задоволство колку таа е заинтересирана да држи настава.

Реално се интересирам. Да одам еден месец да речеме на настава.
Ретко кој можи да ти овозможи такво нешто. Овие од ФОН сигурен сум дека се ќе биде фасада. Ако не беше така ќе дозволеа 1 месец да можеш да одиш.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.093
Поени од реакции
5.737
Еве моја дешавка. Кога бев матурант (пред година ипол), професорката по програмски јазици не однесе така поголемка група од 30 души на предавање по ООП на ФЕИТ. Тоа беше околу 3-4 саат (евентуално 5, не ми текнува добро). Guess what? Идеме таму, гледаме дека ние сме повеќе луѓе од студенти. Седнуваме кај што сакаме, и си почињаме муабет, нормално. Најдов едни дечки од Скопје, па прво што ни рекоа како пречек беше: "Абе што барате овде, не ми е јасно...". Нас сето тоа ни изгледа смешно, али вака-така дојде професорот и почна со предавање. Предавањето - НЕВЕРОЈАТНО ДОСАДНО. Малку по малку почнав да ги разберам луѓево зошто не седат на предавања...
Од лани и јас сум студент на ФЕИТ. И морам да кажам - стварно е досадно на предавања. Ама сепак не го мењам факултето за никој приватен во Македонија. Зошто? Затоа што овдека професорите имаат преку 20 години искуство во тоа што го работат, стручни се и одлично си ја вршат работата. Еве споредба: имав еден другар на ФОН на смер информатика. Се видовме негде пред прв колоквиум и нормално муабет како е-што е. Јас му викам дека за прв колоквиум имам да научам 80 страни математика, 60тина физика, ОЕТ неколку десетици страници, а за програмирање немам материјали, па мора да се снаоѓам како знам. Овој ме гледа и ми се чуди... "Брат, ја за цел колоквиум имам само 15 страни за учење... Требаше да дојде колоквиум за да ми текне дека сум на факултет. По цел ден само на лаптопите седиме (тие што им ги даваа при упишување) и пиеме кафе...".
No further comments...
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Можеби ќе доволат да присуствуваш на едно предавање, две, три, но месец тешко и недела дена да е пак тешко дека ќе дозволат. Сепак зависи и од професорот или асистентот колку се расположени за такво нешто, на некои не би им сметало и цел семестар да присуствуваш, но некои не би ти дозволиле ни 5 минути.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Што бара човек подобро на риби покрај езерце скарата пивото, на крај краева тоа ќе се памти останататото како образование опшествен статус сето тоа е само губење на време.
 

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Бре бре коментариве!

Значи целта е да се види што е толку добро на приватните. Да видиме разлика.

Плус тоа, професорот не ја диктира политиката за присуство. Факултетот тоа го прави.

И зошто цело време за репер го земаме ФОН, дајте некој друг факс! Не е ФОН само синоним за приватни факултети/универзитети. Искуства од други факултети кажете.

Со тоа „Другар ми на ФОН, другарка ми на ФОН“ преку глава ми дојде. Плус според мое мислење 90% од примерите што се дадени се измислени, ама ок, не е тоа тема за муабет.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Можеби ќе доволат да присуствуваш на едно предавање, две, три, но месец тешко и недела дена да е пак тешко дека ќе дозволат. Сепак зависи и од професорот или асистентот колку се расположени за такво нешто, на некои не би им сметало и цел семестар да присуствуваш, но некои не би ти дозволиле ни 5 минути.
Ако знаат дека имаат да покажат нешто квалитетно, особено во наставата, не гледам зошто не би дозволиле да присуствуваш. Со тоа нема да им го изарчиш професорот, нели.

БАС има слична политика за привлекување на студенти од другите факултети (приватни и државни) која досега (две години) се покажа успешна. Дозволува следење на настава за гости во текот на целиот прв семестар. Значи, не ден-два, недела или месец. Цел прв семестар. Гостите не плаќаат ништо, но ниту им се валоризира ништо од тоа што го слушале. Доколку, во текот на семестарот одлучат дека ваквата настава и пристап повеќе им одговара на нивниот личен стил на учење и на нивните очекувања од една високообразовна установа, можат да се префрлат на БАС, со тоа што средствата кои ги уплатиле на матичниот факултет БАС им ги смета како платени. Се прави трансфер од претходниот факултет и тие продолжуваат да студираат на БАС.

Ако има што да покажеш, нема што да се стискаш или што да криеш. Знаењето е единствената работа која не се троши кога се споделува! Затоа немаме никаков зијан од гостите кои гостуваат - напротив, добиваме, чат-пат, по некој нов студент со трансфер, а тоа се вообичаено дечки и девојки кои, поучени од претходното искуство, знаат да ја ценат разликата во пристап и третман.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Океј јас не генерализирав овој факултет или оној. Има професори на кои им смета присуство на оние кои не се студенти, но на приватните професорот не се прашува. Браво за БАС што го овозможува тоа, нека го следат и другите приватни примерот ваш, а и државните.
 
Член од
12 јануари 2008
Мислења
29
Поени од реакции
1
Како што можам да заклучам споредувајќи ги приватните факултети...БАС го прави тоа, а не се фали, а другите се фалат ама не го прават. На некои и рекламите им се со * :)
Сепак ова е смел потег и огроооооооооооомна шанса за правилен избор на својата идна професија. БРАВО!
 

Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Зборувате за приватните OK, за државните јас мислам дека се зависи од одреден професор ке отиде еден матурант со својот другар кај професорот, извинете ке бидете ли љубезни да не пуштите на вашиот час да присуствуваме, не верувам дека доколку нее гужва дека некој професор нема да дозволи, на крајот има многу и државни факултети кои молат за студенти така да секој интерес на матуранти за нив е добредојден, а може и група од матуранти да го посети деканот на некој факултет и тој ке им организира мислам без проблем, но јас мислам дека тоа треба да се направи во помали групи и со директно прашување на професорот не за друго ама така ке ја доловиш вистинската слика на предавањата, а и можеш почесто да одиш на различни предавања од различни професори!
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Кај нас во Битола на Технички, имаше едни дечки од средно техничко дојдени за да присуствуваат на час.
Беа измарширани од страна на професорката, со зборовите „Ко ќе си платите тогаш ќе идите на предавања!“.

Мизерија!

А не знам за вас, ама јас коа би бил сеа матурант ите како ќе барам присуство на настава, наставен материјал и сл. ствари!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom