Знам дека темата е баш за "нечурал" протеин без прашоци и слично али мора да си кажам барем каков шејк конзумирав после вежбање додека бев во период на качување маса.Настрана од протеинскиот прашок,глутаминот и креатинот ставав и др. работи да го "зачинам" малце:
-кокосово млеко (1 супена лажица);
-органски немасен путер од кикирики;
-2 јајца од јапонска потполошка(препелица);
-од виталиа имаше еден соја прашок од чоколадо (1 супена лажица) ;
-1 банана;
Ова се го мешав со 200-300 гр млеко со масленост 1.5 во блендер обавезно и со оглед на состојките беше превкусно а за сооднос протеини-јаглехидрати,масти,калории ме мрзи да сметам али од искуство ви кажувам дека со добар тренинг и средена исхрана,шејков помага многу за качување почиста маса.
П.С. Малце е офтопик ама за тие што сакате добар "energy boost" и добро будење на метаболизмот и телото насабајле пробајте со 250 мл зелен чај размешано со малце цимет и исцедено пола цитрон и еден лимон.
И обавезно пијте по 1.5-2 л вода минимум за генерално здравје.