Природни протеински милкшејкови

Член од
24 ноември 2014
Мислења
49
Поени од реакции
12
Знам дека темата е баш за "нечурал" протеин без прашоци и слично али мора да си кажам барем каков шејк конзумирав после вежбање додека бев во период на качување маса.Настрана од протеинскиот прашок,глутаминот и креатинот ставав и др. работи да го "зачинам" малце:
-кокосово млеко (1 супена лажица);
-органски немасен путер од кикирики;
-2 јајца од јапонска потполошка(препелица);
-од виталиа имаше еден соја прашок од чоколадо (1 супена лажица) ;
-1 банана;
Ова се го мешав со 200-300 гр млеко со масленост 1.5 во блендер обавезно и со оглед на состојките беше превкусно а за сооднос протеини-јаглехидрати,масти,калории ме мрзи да сметам али од искуство ви кажувам дека со добар тренинг и средена исхрана,шејков помага многу за качување почиста маса.
П.С. Малце е офтопик ама за тие што сакате добар "energy boost" и добро будење на метаболизмот и телото насабајле пробајте со 250 мл зелен чај размешано со малце цимет и исцедено пола цитрон и еден лимон.
И обавезно пијте по 1.5-2 л вода минимум за генерално здравје. (y)
 
Член од
18 октомври 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0
Сакам да прашам дали некој знае каде во Скопје, во кои маркети можам да најдам пастеризирани јајца, или пастеризирани белки, ми требаат за шејкови затоа што свеживе не се препорачани..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom