Природна медицина

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.700
Поени од реакции
19.736
Кажувај подетално за ова :)
Значи детево мое прво има страшен проблем со алергија на се што е зелено и цвета...
пробавме се живо и диво, од инхалатори морски води, со дексаметазон и сл комбинации со алое вера ништо не помагаше..
Хомеопатијава е лечење на природна база, се прават капки, топчиња и сирупи од природни препарати кои не предизвикуваат алергиски реакции него ги смируваат истите... е сега чекам да ми ги допреведат тоа упатствата па да ви споделам подетален состав, ако е некој заинтересиран имам едно шишенце со куглици можам да ви го дадам да пробате :)
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Има некој испробан чај за висок притисок кој би можел да го пијам паралелно со пилулите за висок притисок што ги пијам на дневна однова?
Да споменам дека пијам екстракт лук апчиња покрај Лориста Ха пилулите како најдобра превентива, но сепак не можам да го средам притисокот.
Наутро од будење при редовната контрола кога телото е најодморено знае да биде 150/100.
 
gata salvaje

matufa
Член од
2 декември 2011
Мислења
6.882
Поени од реакции
10.438
Има некој испробан чај за висок притисок кој би можел да го пијам паралелно со пилулите за висок притисок што ги пијам на дневна однова?
Да споменам дека пијам екстракт лук апчиња покрај Лориста Ха пилулите како најдобра превентива, но сепак не можам да го средам притисокот.
Наутро од будење при редовната контрола кога телото е најодморено знае да биде 150/100.
Imas Imelglog od good nature na Alkaloid, dobar ti e za namaluvanje na krvniot pritisok, mesavina na Imela i glog , pomaga kako dopolnitelno sredstvo pokraj lekovite sto gi zemas .
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Acupressure points for the hands... very interesting

Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Од Алтернативна медицина ЕДИНСТВЕНО признавам само лечење по Dongei Bogam - тоа е најголемата кинеска книга со огромен број на рецепти од корења, мешавина на тревки кои измешани и во комбинации даваат ефикасни лекови кои денес ги имаме во готова фабрички обработена форма - апчиња и ампули.Све друго е бабини деветини..
Инаку авторот на таа книга бил Лекар - И ден денес се истражува таа огромна книга и најголемите научници денес веруваат дека во таа книга лежи клучот за пронаоѓање лек за многу опасни болести меѓу кои и ракот.
До ден денес не сум успеал да најдам копија барем на англиски од таа книга. Ако некој знае каде да ја најдам би бил благодарен.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Нешто чајче за висок крвен притисок како суплимент покрај редовната терапија што ја примам?
Засега пијам пилули од лук.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Нешто чајче за висок крвен притисок како суплимент покрај редовната терапија што ја примам?
Засега пијам пилули од лук.
Чај од магданос тера на мокрење.
Инаку секоја течност го зголемува крвниот притисок.
Исто така крвен притисок намалува кечап, патлиџан или домашно припремен кечап т.е. се што содржи патлиџан.
 
Знам за газираните сокови и алкохол дека се непрепорачливи исто како и се што содржи содиум, но за вода и останати течности не сум прочитал никаде. :unsure:
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Знам за газираните сокови и алкохол дека се непрепорачливи исто како и се што содржи содиум, но за вода и останати течности не сум прочитал никаде. :unsure:
Ако го пишат тоа би престанале и вода да пиеме.:) Нормално е секоја внесена количина на течност да го зголемува притисокот.
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Знам за газираните сокови и алкохол дека се непрепорачливи исто како и се што содржи содиум, но за вода и останати течности не сум прочитал никаде. :unsure:
Удри на содиуми, содомиуми и газирани пијалаци и ич гајле да немаш. Иако притисокот ќе ти биде нешто повисок 10% од времето, шансите да добиеш здравствени компликации ти се исти како и да си ги избегнувал. Мислам дека Џуди Денч еднаш му рече на Џемс Бонд дека имал џентлменски однос кон смртта. Не дека сум Џуди, ама и ја ова го пропагирам.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Удри на содиуми, содомиуми и газирани пијалаци и ич гајле да немаш. Иако притисокот ќе ти биде нешто повисок 10% од времето, шансите да добиеш здравствени компликации ти се исти како и да си ги избегнувал. Мислам дека Џуди Денч еднаш му рече на Џемс Бонд дека имал џентлменски однос кон смртта. Не дека сум Џуди, ама и ја ова го пропагирам.
Во времето кај мене во селово се кажуваше една анегдота слична на тоа, уште пред Флеминг да го напише Бонд било ова.
Седеле пред кооперација двајца пријатели и по мртвоечко сокаче го изнесуваат некој.
Едниов го прашал другиот од што умрел и овој му кажал А бе пијаничиште, немаше исаф на ништо, вино, ракија, море секој ден камен пијан по скари и по курви го искина животот.
Другиов се загрижил и наредниот ден порачува само кафе без ракија и го изнесуваат некој друг по мртвоечко сокаче.
И го запрашал пак пријателот, и овој некоe пијаничиште, а?
Не бе човек, домаќин невиден капка ракија не клаваше во уста и се пазеше многу. Да се чудиш.

И свикал овој ...Еден ден е разликата стопане да ебам....Келнер носи ракија.
 
A

AnFem

Гостин
Нешто чајче за висок крвен притисок како суплимент покрај редовната терапија што ја примам?
Засега пијам пилули од лук.
Претпоставувам веќе знаеш дека мораш да го смениш начинот на живот ако сакаш да го решиш проблемот. Тоа значи да намалиш со сол, мрсната храна да ти биде реткост (џабе ти е ако пиеш таблети и чајчиња, а јадеш секој ден месо), помалку стрес итн. Голем плус ти е тоа што спортуваш. Јас на твое место би јадела главица-две лук на ден, отколку да се клукам со таблети, али ти си знаеш.
Доколку имаш голем проблем со миризбата, можеш да го пробаш овој бабин лек: во една чаша јогурт ставаш околу две големи лажици рендан корен од целер (целерот ти е многу полезен против високиот притисок, така да гледај да го употребуваш во супи), три-четири истолчени чениња лук, две лажици таан и две лажици пченкарно брашно. Го оставаш да стои два-три саата и го јадеш секоја вечер наместо вечера во период од два месеца.

Ако пиеш било каков чај за намалување на притисокот, мораш да бидеш упорен и да го пиеш во поголеми количини. Погоре ти пишаа да пиеш чај од магдонос. Можеш да го спремаш одвечер и да го пиеш ладен, со лимон (гледај да не биде засладен, а ако веќе мораш, нека биде со мед). Почнуваш со една чаша на гладно срце и го пиеш во текот на денот, да речеме околу литар и пол (Не се плаши што ќе внесуваш многу течност, затоа што и ќе ја исфрлаш истата) . Ова е исто полезно и за лошиот холестерол. Исто така полезен е и чајот од ајдучка трева. На ден пиеш од две до три шолји. Овие чаеви делуваат како диуретици, така да очекувај да се отепуваш од мокрење.

Доколку ти се качува притисокот на нервна база, можам да ти препорачам чај од лаванда, камилица, кантарион, маточина, валеријана... Има и специјални чаеви против стрес со мешавина на некои од овие билки, но овие чаеви делуваат како седативи (со исклучок на камилицата и кантарионот) и веројатно ќе бидеш поспан.

Избегнувај зелен чај, затоа што содржи кофеин.

Јасно е дека никој не е бессмртен, меѓутоа квалитетот на животот ќе ти се подобри доколку практикуваш здрав начин на живот. Па сега ти бирај дали остатокот од животот ќе го поминеш будејќи се на сабајле со главоболка, вртоглавица, чувство кое те тера на повраќање, чувтсвувајќи се лошо само заради хедонистичките цели, или ќе се разбудиш одморен и полн со енергија.
 
M

Muranyi

Гостин
Само би надополнил дека високиот крвен притисок се регулира со внесување на доволни количества вода,да не биде под 2 литра дневно.Од лично искуство знам дека во случаеви кога сум имал главоболка,еден литар вода во краток рок и веднаш ја снемува болката-ова се однесува на личности со хронично благо покачен крвен притисок.Водата прави чуда,во секој случај.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom