Природна медицина

EarthSea

Sexy Witch
Член од
28 јануари 2007
Мислења
134
Поени од реакции
1
Народна медицина (има некој рецепти од баба?)

Дали ви паѓа на памет како ве лечеле вас или некој друг без апчиња и лекари? Дали имате можеби некои рецепти за масти, чајчиња, напитоци ?? Што ви правеле за шината нога? Што ако ве боли стомак? Ако ви се појавело сипаници? Црвеница? Температура? Женски болести?Ако ве болело заб? Ишијас на постарите? Реума? Глава? Скршеници? Џмучки? Што имате чуено, како лечат тешки болести но без лекар? Ве носеле ли на баење од уроци, од нави, од клиње? Што правеше бајачката? Можеби некој од вас чул од своите мајка, татако,баба, дедо.. може некој видел..

Ве масирале со ракија? Крпи со бибер? Kромиди, лукови, компири? Ви давале ракиичка:) за грло (ореховача) или стомак (пелинковец)???
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
26
Е ова ќе ви допадни...

Лек за проширени вени/тумор на вени (не знам точно, нешто многу лошо што би требало да ви ја сечат ногата ...скраја да е)

Ќе одите до WC, ќе се посерете во крпа, и тоа така со гомното си ставате на ногата...ќе смрдело ќе копало...ама помагало...исто мислам треба и мокрача...ама се требало сопствена (мада кој е будала нечиј друг измет да става:) )
 

JASMIN

Шехерезада
Член од
10 април 2006
Мислења
481
Поени од реакции
17
Крпа со стоплена ракија и бибер, за грло, или стомак при циклус.
Или крпче со ладна ракија за температура. Јас еднаш џин лупнав, од немајкаде:)
Чорапи потопени во ракија со сецкани компири внатре, исто за температура. Да ти се смачи живот е ова, ама функционира, да му се сневиди.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.454
Поени од реакции
809
Volkswagen напиша:
Е ова ќе ви допадни...

Лек за проширени вени/тумор на вени (не знам точно, нешто многу лошо што би требало да ви ја сечат ногата ...скраја да е)

Ќе одите до WC, ќе се посерете во крпа, и тоа така со гомното си ставате на ногата...ќе смрдело ќе копало...ама помагало...исто мислам треба и мокрача...ама се требало сопствена (мада кој е будала нечиј друг измет да става:) )

а од каде ќе ти знае ногата дали се твојте или туѓи гомна?
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.652
Поени од реакции
1.962
Член од
9 март 2007
Мислења
483
Поени од реакции
6
За џумки- парче леб натопено со бело вино се става на местото и џумка не се јавува!Проверено!(џмучки)
Оцет-спомнат погоре.-многу делотворен кај висока температура
Чај од нане+кантарион-за стомачни болки
Чај од кора од калинка-против проливи
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
167
pearl напиша:
за изгореници од сонце
Традиционален лек е кисело млеко, кое јас неможам да го смислам, па не на мене да го ставам.
Инаку ако се повредите во стилот како засечете или јако се изгребете ако енма средства за дезинфексија, подобро е раната да ја измиета со сопствената урина и тоа по можност директно на раната да се помочате, отколку да барате рекичка сп вда , бидејќи таквата вода е полан со бактерии а урината е стерилна. Инаку ова е народен лек кој има научна основа.
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.652
Поени од реакции
1.962

Fluffy

Hellraiser
Член од
6 мај 2007
Мислења
1.373
Поени од реакции
16
pearl напиша:
Јас поинаку го правам. Чорапи натопени во оцет, ама да се мокри целосно. Оцетот ја зема топлината преку стапалата и за некои 15 мин. чорапите се веќе суви, а температурата почнува да олабавува.
За да не се сушат чорапите толку брзо,може да се стави брашно за палента натопено во киселина.

Исто така,за спаѓање на температура,мозе да се здроби 1 аспирин и да се помеша со помада (Нивеа или такво нешто),и да се измасира грбот и градниот кош со мешавината.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
26
ramada напиша:
За џумки- парче леб натопено со бело вино се става на местото и џумка не се јавува!Проверено!(џмучки)
Каде не се јавува? На телефон? Значи да се намачкам целиот со леб и бело вино и на никој нема да му се јавам :) (drum roll)

Друг иљач шо знам од старите ееее

Ако сте анемични, семе од корпива и мед! ДЕФИНИТВНО функционира!

Еднаш само сум бил...и никогаш повеќе...сеа под 20 железото не ми е!
 
Член од
9 март 2007
Мислења
483
Поени од реакции
6
Volkswagen напиша:
Каде не се јавува? На телефон? Значи да се намачкам целиот со леб и бело вино и на никој нема да му се јавам :) (drum roll)
Ти џумки од телефон си правиш?Па тогаш подобро не се јавувај,или користи мобилен со него нема толку да си наштетиш!Скапо е виното!:vozbud:
Настрана шала,ова е делотворен лек ако се примени на време!:smir::smir::smir::smir:
 

duffy_f

денес те сакам повеќе од вчера
Член од
29 јануари 2007
Мислења
353
Поени од реакции
12
За бронхит или друго воспаление на долните дишни патишта парче весник намачкано со свинска маст и посипано со сода бикарбона ставете го на градите.Ептен функционира мене како мала само така ме лечеа.Исто слушнав дека кајгана добро испржена се става на гради заради истава болест(тоа немам пробано).
За афти во уста само сода бикарбона -ова малку боли и пече ама ефикасно е.
За исекотини и отворени рани-кантарионово масло.Маслото го има во аптеки, а исто може и дома да се направи со тоа што ставаш во едно шишенце масло и неколку гранчиња кантарион и тоа добро се затвора и се става да отстои 40 дена на темно и ладно место.Исто ова масло е делотворно и за изгореници и од сонце.
Ако имате пролив јадете леблебии,пијте кока-кола веднаш помагаат.
За менструални болки добро е да се чуваат облоги на стомакот од потопла вода во термофор или пластично шише.Ова навистина делува заради тоа што мускулатурата се опушта и болките се намалуваат само што заради топлината и ширењето на крвните садови менструацијата е пообилна.

П.С толку а ако ми текне уште нешто ви пишувам зашто знам еден куп вакви:zver:
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
112
За синуси нешто да не знаете? Облоги, за инхалирање и сл. :)
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
227
За синуси инхалирање жешка сол. Мене тоа ми беше доволно, заедно со 5те пакети со палома пакетчиња.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
26
Ова не е баш „лекот на баба” ама една чаша Mg(Magnesium) многу смирува! Мислам на оние...шумечките таблети...

Лимон после обилна храна...works WONDERS и плус ги упива маснотиите ergo за слабеење!
 
На врв Bottom