Нешто чајче за висок крвен притисок како суплимент покрај редовната терапија што ја примам?
Засега пијам пилули од лук.
Претпоставувам веќе знаеш дека мораш да го смениш начинот на живот ако сакаш да го решиш проблемот. Тоа значи да намалиш со сол, мрсната храна да ти биде реткост (џабе ти е ако пиеш таблети и чајчиња, а јадеш секој ден месо), помалку стрес итн. Голем плус ти е тоа што спортуваш. Јас на твое место би јадела главица-две лук на ден, отколку да се клукам со таблети, али ти си знаеш.
Доколку имаш голем проблем со миризбата, можеш да го пробаш овој бабин лек: во една чаша јогурт ставаш околу две големи лажици рендан корен од целер (целерот ти е многу полезен против високиот притисок, така да гледај да го употребуваш во супи), три-четири истолчени чениња лук, две лажици таан и две лажици пченкарно брашно. Го оставаш да стои два-три саата и го јадеш секоја вечер наместо вечера во период од два месеца.
Ако пиеш било каков чај за намалување на притисокот, мораш да бидеш упорен и да го пиеш во поголеми количини. Погоре ти пишаа да пиеш чај од магдонос. Можеш да го спремаш одвечер и да го пиеш ладен, со лимон (гледај да не биде засладен, а ако веќе мораш, нека биде со мед). Почнуваш со една чаша на гладно срце и го пиеш во текот на денот, да речеме околу литар и пол (Не се плаши што ќе внесуваш многу течност, затоа што и ќе ја исфрлаш истата) . Ова е исто полезно и за лошиот холестерол. Исто така полезен е и чајот од ајдучка трева. На ден пиеш од две до три шолји. Овие чаеви делуваат како диуретици, така да очекувај да се отепуваш од мокрење.
Доколку ти се качува притисокот на нервна база, можам да ти препорачам чај од лаванда, камилица, кантарион, маточина, валеријана... Има и специјални чаеви против стрес со мешавина на некои од овие билки, но овие чаеви делуваат како седативи (со исклучок на камилицата и кантарионот) и веројатно ќе бидеш поспан.
Избегнувај зелен чај, затоа што содржи кофеин.
Јасно е дека никој не е бессмртен, меѓутоа квалитетот на животот ќе ти се подобри доколку практикуваш здрав начин на живот. Па сега ти бирај дали остатокот од животот ќе го поминеш будејќи се на сабајле со главоболка, вртоглавица, чувство кое те тера на повраќање, чувтсвувајќи се лошо само заради хедонистичките цели, или ќе се разбудиш одморен и полн со енергија.