Стварно не знам како да ти објаснам дека во разјарена толпа не се бира кого се мава, него се МАВА. Кажи ми како се одвиваа протестите? Прво се собра народ нели, па потоа почнаа со јајца, компири, домати и остали зеленчуци да маваат по Владата. Океј тоа, подоцна почнаа и со камења, шишиња, лименки, шипки и немаше никаква реакција од полицијата освен што нели стоеја како одбранбен штит за да не се влезе во Владата. Затоа ти викам дека доста трпеа, зашто ако реагираа според прописите уште на првото мавање со камења и шишиња одма ќе требаше ќотек да падне и уште пожестоко ќе беше. Ама дојде ситуацијата до момент кој не може да се трпи и затоа мораше да интервенираат. Почнаа да им ги кршат штитовите, доста од полицајците и беа повредени и мораше да се интервенира.
За кои посрани пари се продаваат? Многу од овие полицајци се бореа за ова шугаво парче земја во 2001, ранат фамилии од тоа што го работат. Ти рецимо работиш фризерка (тропам на памет ова), за кој кур се продаваш за пари? (глупа е споредбата ама да ти доловам чисто)
Да не се разбереме погрешно, не дека нема лоши полицајци, не дека се сите поштени, ама во ситуацијава не си/сте во право околу нив. Ти објаснив и прееска, тоа што одреден полицаец го убил Мартин Нешкоски не значи дека сите останати се лоши и дека треба да умрат. Исто како што ако одреден протестант е криминалец не значи дека и останатите се криминалци и имаат задни намери на протестите.