Не, овој пат ги фативме дека сакаат да скријат, па затоа се дигна фама. Ама не смееме да се помириме дека нема да биде последен случај.
Мене ми е жал за полицајците колку се злоупотребувани од секоја власт. Што мислиш, зошто опозицијата не поднесе предлог закон за надворешна контрола на полицијата? Па не им одговора за некогаш они ко ќе бидат на власт...
Не би рекла дека прв пат се ,,фатени,, за нешто. Би рекла дека сето тоа се случи во момент кога чувствата беа и те како поделени. Без оглед од која ,страна, беше граѓанинот, зошто факт е дека во Македонија е неопределен само оној кој воопшто не е заинтересиран за случувањата. Убиството се случи на денот на победата на сегашната владеачка партија, на самата прослава.
Алудирав на нешто друго. Во светот се случуваат и полоши и пострашни (без ни малку да имам грижа на совест) работи, од намерното или ненамерното убиство на 22 годишен младич, познат (не по добро) на полицијата. Индивидуално, ми е жал, но гледајќи ја целата слика, не би рекла дека неговите акции биле во ред, ниту дека да бил при себе ќе одел онаму кај што не треба. Ако го гледаме светот во целина, оние кон кои се насочуваме, се погнасни од нас, кај нас е младич, кај нив се деца, повеќе од едно. Нема потреба да се споредуваме со Северна Кореа или Кина, само европските демократии се далеку ,полоши, од нас. И искрено, не би ја сменила министерката заради овој случај. Од кога е таа на власт, јас можам сама да си одам во 2 сабајле дома, алфи има на секој чекор. Бесчувствително или не, еден младич и еден забеган џандар нема да ме натераат да се мавам од земја. Не се први, ни последни.