Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Ениса Еминовска
Сведок на убиството на Мартин Нешкоски

5 Јуни! Парламентарни избори во Македонија. Работев во Мисијата на ОДИХР/ОБСЕ за набљудување на изборите во земјата. Некаде околу 23:00 часот се приклучив на Баскерфест на градскиот плоштад во Скопје, не по работна должност. Требаше да останам во центарот на градот бидејки бев на дежурство од 02:00 – 08:00 часот на 6 Јуни. Стоев со пријатели до една од музичките бини на баскерфест. Помалку од стотина метри од местото каде Мартин беше убиен.
Кратко после полноќ, додека стоев со пријателите одеднаш забележав како двајца трчаат. Веднаш сфатив дека едниот бега а другиот го брка. Излегоа со трчање од толпата каде ВМРО-ДПМНЕ ја прославуваше изборната победа. Трчаа во правец кон мене. Ме одминаа во трчање.
Помислив дека од некоја страна ќе се појават другарите на едниот, другарите на другиот и во очекување на таков инцидент му реков на пријателот до мене: “ Да се тргнеме од овде, ќе има гужва”. Немаше време ниту да се тргнеме, ниту да насетиме што ќе се случи. Мартин падна на плочникот. Не верувам дека падна на начин
кој би го чинел живот. Убиецот веќе беше зад него. Серија тупаници во главата и серија клоци по телото додека убиецот сфати дека Мартин не се брани. Моментална паника кај убиецот. Го зеде телото на Мартин и го тресна на металната клупа пред штандот на Форнети. Видов како главата на Мартин неконтролирано отиде наназад. Убиецот зеде шише вода и го посипа телото. Немаше никакви знаци на живот. Се приближи второ лице во цивилна облека. Среден раст, црна коса. Проверуваше дали има пулс или некакви знаци на живот.
Дојдоа униформирани службени лица. Двајца од нив го зедоа телото на Мартин и го одвлечкаа низ тревникот се до камената шахта пред паркингот на МЕПСО. Го одвлечкаа телото во вертикална положба. Верувам за да не создадат паника меѓу очевидците. Додека го преместуваа телото на Мартин, го свртев погледот во обид да го лоцирам убиецот. Забележав како слободно се одалечува од местото и како униформирана полиција му дозволува слободно да си замине. Во тој момент му реков на пријателот: “Како си оди убиецот слободно? Зошто го пуштаат да си замине? Овој не е обичен граѓанин, овој има ли дозвола да убива?!”
Забавата на Баскерфест продолжи, и покрај тоа што сите видовме убиство! Не престана музиката, не престанаа перформансите, не престана веселбата.
Телото во темници лежеше додека гледавме огномет, веројатно поврзан во изборната победа. Прославата на партијата заврши многу набрзо после убиството. Славениците си заминаа многу тивко. Речиси како да немало победа, како да немало прослава...тивко во колони си заминаа.
Додека телото лежеше потпрено на бетонската шахта, се приближив да видам што се случува. Брзата помош доцнеше. Впрочем, дојде половина час после убиството. Не сакавме да веруваме дека момчето не е живо. Брзата помош си замина. Телото на момчето остана, со една разлика – сега беше покриено со црн најлон.
Телото го чуваа 4-5 униформирани полицајци. На паркингот имаше полициско возило. Полициските службеници направија обрач околу телото, не дозволија никој/а од нас да се приближи доволно блиску, ниту да праша што се случува.
01:50 – Службениците во комби. Телото на тревник. Дојде бело, цивилно возило. Излегоа сите службеници од комбито. Се ракуваа со двајца кои излегоа од белото возило. Почнаа да сликаат! Тогаш, и само тогаш моравме да прифатиме дека момчето не преживеало.
--- надополнето: Oct 7, 2011 8:27 AM ---
ЈАВЕН ПРОГЛАС

Сограѓани на Република Македонија,

Како движење против полициска бруталност, револтирани сме од исходот на истрагата и изготвениот обвинителен акт против специјалецот Игор Спасов, теретен за убиство на младиот Мартин Нешкоски.
Обвинителниот акт, со чија содржина сме запознани, сметаме дека не соодветствува со тежината на кривичното дело кое специјалецот го извршил! Протестираме и за начинот со кој не се бара проширување на истрагата и повикување на командна одговорност! Протестираме зашто истражниот судија не ги повикал и сослушал сите сведоци кои сами се пријавиле во полиција и посакале да сведочат. Протестираме зошто обвинителот не ја проширил истрагата и бараме одговори зашто освен Спасов, останатите соучесници се прикриени. Зошто обвинителството не побарало од надлежните органи и МВР да ги прегледа видео снимките од поставените камери на скопскиот плоштад, од кобната вечер.
Ние сме револтирани од целокупниот тек на истрагата, револтирани и гневни кога гледаме дека и во оваа фаза, правдата е селективна и се настојува да се релативизира целиот случај! Ова е уште еден пример во низата недоследности кои го карактеризираат овој случај од самиот почеток, се` со цел да се заштитат одредени учесници и побрзо да се заташка истиот, во кој единствениот посочен виновник е во улога на жртвено јагне.
Гневни, револтирани и со апел за не селективна правда и изнесување на останати детали, денес (петок, 7 октомври) во 13:30 часот пред Основното јавно Обвинителство ќе оддржиме прес конференција, а во 13:30 часот, како резултат на недоследностите и неправдата ќе направиме обрач околу зградата на Јавното обвинителство и на тој начин искажеме нашиот револт.
Ве покануваме на Прес конференцијата на движењето и проследување на акцијата „Обрач околу Обвинителството“ и информирање на целокупната јавност.

Со почит,
Движење против полициската бруталност
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Денес глеам малце сте биле, не можев да ве подржам поради факсов, а и не знаев да ви кажам право тек сеа дознв, така да обавезно да ми пише некој ако има утре пак, а треба да има.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Само храбро и напред со протестите правдата за Нешковски ќе биде задоволена !!!!
 
M

Moon Child

Гостин
Најдов некое сведоштво за убиството на ПлусИнфо. :(

Ениса Еминовска, девојка која вечерта на 5 јуни била сведок на бруталното до смрт претепување на младиот Мартин Нешкоски, денеска на Фејсбук објавува што кажала во судот кога била повикана да сведочи. Официјалното сведоштво е дадено во Основниот Суд I во Скопје. Текстот што таа го објавува не е идентичен со сведоштвото дадено во судот, бидејќи е пишуван подоцна, тврди таа. Го објавуваме нејзиниот напис во целост.

5 Јуни! Парламентарни избори во Македонија. Работев во Мисијата на ОДИХР/ОБСЕ за набљудување на изборите во земјата. Некаде околу 23.00 часот се приклучив на Баскерфест на градскиот плоштад во Скопје, не по работна должност. Требаше да останам во центарот на градот бидејки бев на дежурство од 02.00 – 08.00 часот на 6 Јуни. Стоев со пријатели до една од музичките бини на Баскерфест. Помалку од стотина метри од местото каде Мартин беше убиен.

Кратко после полноќ, додека стоев со пријателите одеднаш забележав како двајца трчаат. Веднаш сфатив дека едниот бега а другиот го брка. Излегоа со трчање од толпата каде ВМРО-ДПМНЕ ја прославуваше изборната победа. Трчаа во правец кон мене. Ме одминаа во трчање.

Помислив дека од некоја страна ќе се појават другарите на едниот, другарите на другиот и во очекување на таков инцидент му реков на пријателот до мене: “ Да се тргнеме од овде, ќе има гужва”. Немаше време ниту да се тргнеме, ниту да насетиме што ќе се случи. Мартин падна на плочникот. Не верувам дека падна на начин кој би го чинел живот. Убиецот веќе беше зад него. Серија тупаници во главата и серија клоци по телото додека убиецот сфати дека Мартин не се брани. Моментална паника кај убиецот. Го зеде телото на Мартин и го тресна на металната клупа пред штандот на Форнети. Видов како главата на Мартин неконтролирано отиде наназад. Убиецот зеде шише вода и го посипа телото. Немаше никакви знаци на живот. Се приближи второ лице во цивилна облека. Среден раст, црна коса. Проверуваше дали има пулс или некакви знаци на живот.

„Дојдоа униформирани службени лица. Двајца од нив го зедоа телото на Мартин и го одвлечкаа низ тревникот се до камената шахта пред паркингот на МЕПСО. Го одвлечкаа телото во вертикална положба. Верувам за да не создадат паника меѓу очевидците. Додека го преместуваа телото на Мартин, го свртев погледот во обид да го лоцирам убиецот. Забележав како слободно се одалечува од местото и како униформирана полиција му дозволува слободно да си замине. Во тој момент му реков на пријателот: “Како си оди убиецот слободно?

Зошто го пуштаат да си замине? Овој не е обичен граѓанин, овој има ли дозвола да убива?!”

Забавата на Баскерфест продолжи, и покрај тоа што сите видовме убиство! Не престана музиката, не престанаа перформансите, не престана веселбата.

Телото во темници лежеше додека гледавме огномет, веројатно поврзан во изборната победа. Прославата на партијата заврши многу набрзо после убиството. Славениците си заминаа многу тивко. Речиси како да немало победа, како да немало прослава...тивко во колони си заминаа.

Додека телото лежеше потпрено на бетонската шахта, се приближив да видам што се случува. Брзата помош доцнеше. Впрочем, дојде половина час после убиството. Не сакавме да веруваме дека момчето не е живо. Брзата помош си замина. Телото на момчето остана, со една разлика – сега беше покриено со црн најлон.

Телото го чуваа 4-5 униформирани полицајци. На паркингот имаше полициско возило. Полициските службеници направија обрач околу телото, не дозволија никој/а од нас да се приближи доволно блиску, ниту да праша што се случува.

01:50 – Службениците во комби. Телото на тревник. Дојде бело, цивилно возило. Излегоа сите службеници од комбито. Се ракуваа со двајца кои излегоа од белото возило. Почнаа да сликаат! Тогаш, и само тогаш моравме да прифатиме дека момчето не преживеало.“

.....
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Па Ениса де, таа шо беше и гостинка кај Биљана Секулоска, само не знам зошто тек сеа сведоштвово искача, коа одамна оа го слушав, па и од неа лично.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
И после ова не знам како имаа некои лице на темава да го бранат гадов аууу, само за на Сибир да ги пратиш ваквиве.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Случајот Мартин Нешкоски во извештајот на Мисијата на ОДИХР/ОБСЕ за набљудување на изборите

On election night, during the official VMRO-DPMNE celebration in the centre of Skopje a young man was killed, with a member of a special police unit suspected of being responsible for the death. For two days, the MoIA denied that a crime had been committed before, ultimately, acknowledging the death and the responsibility of the member of the special police unit. In the aftermath there were a series of daily protests against the MoIA and police brutality in general. At the time of writing, the case was still under investigation.

Страна 19 од извештајот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
А како е оваа министерка кога ништо не видела и ништо не чула? Како може министерката од една страна да вели дека не знае ништо за овој случај а од друга страна да се избацува со изјави како имал трауми имал ова и она?

Гледам погоре зборувате за морална одговорност, тоа во нашава држава е на рамниште со sci fi филмовите.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Македонија

Јанкуловска: За Нешковски се е во рацете на судот

недела, 09 октомври 2011, 15:59

Министерката Јанкуловска остава на судско - обвинителската власт да оцени дали полицајците кои го преместувале телото на Мартин Нешкоски и го оставиле Игор Спасов да го напушти местото на инцидентот и да оди да го заштитува премиерот, се соучесници. Тие според обвинителниот акт се сведоци, иако семејството Нешковски и младите кои протестираат низ скопските улици повикуваат и тие, како и претпоставените на Спасов да бидат дел од обвинетите за смртта на Мартин.​
„Да оставиме судот да донесе одлука, а потоа ако некој е незадоволен нека покрене законска постапка“ - изјави Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи.​

Клучно за адвокатите на Спасов останува во судница да докажат дека тој дејствувал во период кога се уште бил ангажиран како обезбедување на премиерот. Јанкуловска тврдеше дека налогот му бил до полноќ, неговите колеги во истрага изјавиле дека биле обезбедувачи до 23.30, но Спасов тврдел дека останал и по полноќ затоа што се уште траела прославата на плоштадот за изборната победа и не можел да го напушти плоштадот пред да заминат високите гости.
„За мене налогот е релевантен“- изјави Гордана Јанкуловска.​
Алфа: Но самиот Спасов вели дека морал да остане подолго затоа што премиерот останал подолго?​
Јанкуловска: Не би можела да ја коментирам изјавата која не сум ја прочитала.​
Зошто не се проверени сите камери поставени на плоштадот, како што тврдат родителите на Мартин и младите од протестите, туку само е прашан МЕПСО, од каде, како што стои во обвинението, изјавиле дека не им функционирал рекордерот, министерката одговори дека за тоа надлежен е обвинителот, иако полицијата во фаза на подготвување на кривичната пријава можела да ги провери снимките. Семејството Нешковски најави дека ќе поднесе пријави против претпоставените на Спасов,но и поднесок до обвинителството за проширување на списокот одговорни за смртта на Мартин.​

Полицајците кои го преместувале телото на Мартин се СВЕДОЦИ ЕЕЕЕЈЈј!!!​

Игор Спасов во официјалната изјава рекол дека останал после 23:30 ,а госпожата министерка (кукла на жици) негират.Нормално ,дури им бил потребен е ок ,а во гомната го оставија сам за да не заглават и тие.Ама таа му е претпоставен!​

Зошто не се проверени сите камери на плоштадот?​
Зошто единствено камерата на МЕПСО е меродавна пошто нели МЕПСО е ДРЖАВНА компанија уште.А случајно нивната камера била расипана.​

ГНАСИ :sick:
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Со покренувањето на Обвинителниот акт за случајот Нешкоски, по којзнае кој пат се потврдува неспособноста на државните органи за спроведување на кривични истраги според словото на законот. Разочарани и револтирани од одлуката на Јавното обвинителството, се собравме во петокот (07.10.2011) да упатиме протест до обвинителката која одлучила да гони само едно лице, односно „тигарот“ Игор Спасов.

Според сите изјави на очевидците, во целиот овој случај инволвираните полицајци имале активна улога. Со тоа што дозволиле обвинетиот да го напушти местото на злосторството тие во најмала рака треба да одговараат за Непријавување на кривично дело или сторител. Дело кое е казниво според нашиот Кривичен законик.

Освен пропусти во врска со одговорните, Обвинителката имала крајно пасивна улога за време на истрагата. Иако на сите нам ни е познато дека на плоштадот постојат камери поставени од фирмите „Македонски телеком“ и „Телекабел“, Обвинителката свесно не побарала од истите да бидат доставени снимки, кои ќе беа од неизмерна важност за понатамошната постапка. Понатаму, веќе подолго време укажуваме на тоа дека постојат очевидци кои и покрај тоа што уредно го пријавиле случајот во полиција, никогаш не биле повикани да дадат изјава.

Поради ваквите сериозни пропусти, Движењето „Стоп на полициската бруталност“ ќе поднесе претставки до:
- Скопскиот јавен обвинител
- Вишото обвинителство – Скопје и
- Републичкиот јавен обвинител
од кои ќе се бара да поведат постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на обвинителката пред Советот на јавни обвинители. За случајот ќе биде известен и Народниот правобранител.

Бидејќи како граѓани на оваа држава сме беспомошни и огорчени и се повеќе губиме (немаме) доверба во нашите институции и функционирањето на демократскиот систем, претставки ќе бидат поднесени и до меѓународните фактори како што се:
- Делегацијата на ЕУ во Скопје,
- Комитетот против тортура при Советот на Европа,
- ОБСЕ и
- Сите странски амбасади и дипломатскиот кор во Р.Македонија.

И за крај ги повикуваме обвинителката и судот да обрнат посебно внимание на изјавите од сведоците кои своите искази ги дале по исказот на Игор Спасов како и изјавите на сведоци кои се вработени во МВР.

=====================================================================
Замислете, двајца сведоци од одбраната се пријавиле за сведочење на 24.09.2011 :tapp: Пошто ние нафта на регуларна база си мааме, место утринско кафе.
Инаку, од страна на движењето е поднесена кривична пријава против „непознати“ сторители, односно за полицајците кои му овозможиле на обвинетиот да си отиде од местото на злосторството.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Во сета калакурница и сплетки добра работа е што изгледа увиде тигарот дека сам ќе го јаде, па почна да збори. Уште да каже јавно под чија команда дејствувал и ќе заврши доволно работа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom