Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.899
Поени од реакции
11.231
a ste razmislile deka nekoj poinaku razmisluva od vas i deka od vakov tragichen nastan ne bi smeelo da se pravi cirkus ili zavzemanje strana., zatoa bidete:cautious:
Па не сме размислиле туку се приметува по тоа што сме само по 1000 души дека многу размислуваат поинаку. Знаеш зошто е така? Зашто повеќето се полтрони и чекаат тоа што ќе им се сервира да го сркаат без разлика дали тоа ќе бидат г*мна или нешто слично.
Штом благослов имаме добиено од најблиските-фамилијата доволно ни е да продолжиме со мирна совест. Чичко му и брат му кога дојдоа пред 3 дена пред МВР додека протестиравме ни ја предадоа сликата на Мартин со цел тој да не води низ протестиве... али незнаеш веројатно зашто нормално, медиумите не ги пренесуваат важните работи туку само се препукуваат.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033

Периодов е многу лош за сите медиуми. Или газдиве чекаат разврска за пратеничките места или чекаат нови судења... Па на кој медиум можеш да се ослониш?
Можеби на сите им е јасно дека пораката е недвосмислена и дека луѓето немаат намера да се откажат од протести дури и да нема илјадници луге; но, не знаат како да се однесуваат а уште помалку како да реагираат.
Кај нас не постои тренд за морални одговорности камоли оставки... Спонтано се оставаат луѓето да почекаат каков ќе биде пазарот, па ако се отстапи ресорното министерство на партнерот можеби ќе имаме мал театар за оставки и сличн
 
Па затоа нашиот муабет е да дојдат сите медиуми, али кај мајка Тереза, да не видат да снимаат да земат интервјуа а не да викаат во студио па после етикети да ни се лепат. Затоа А1 поштено беше одбиена. Затоа вака кон сите медиуми ќе бидеме еднакви...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.940
Поени од реакции
73.507
Вчера како да имаше најмалку луѓе до сега и загрижувачки е тоа што се истите луѓе ги гледам, како да не доаѓаат нови фаци. Викајте луѓе тие што немаат што да прават, пуштајте покани да не се разводни работава, вчера не ми делуваше многу моќно протестот незнам може и мене не ми беше денот.

За муабетот сите во Скопје да дојдат на масовен не ми делува многу возможен, еве на пр. повратна за до Битола и назад со воз е околу 360 денари, па сите не верувам дека се во состојба да плаќаат по толку пари за неколку саати, а и тие што би дошле сигурно нема да бидат побројни доколку протестот им се дешава во сопствениот град кадешто сите што сакаат можат да учествуваат.
Туку работата е на тој масовен протест што се планира да доаѓаат и возрасни луѓе, родители итн. зашто протестот е отворен за сите. Жалосно е што на митинзи за Грујо и Бранко излегуваат по 50 000 души а на овие протести едвај од 500 до најмасовниот кога имаше 4 - 5000 души.
Тоа е тоа, немој ни да се изненадуваш што и во иднина ќе ги гледаш само истите фаци. Таков народ сме ние, партиските луѓе НЕ СМЕАТ да излезат, другите ич не им е гајле што се случува...
Јас сум дури изненаден што протестов издржува толку долго осо оглед на тоа што наидува на голема репресија кај медиумите....
Инаку јас паузирам веќе 3-4 дена од протестиве ради испити, али од утре повторно се враќам на улица :D
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
a ste razmislile deka nekoj poinaku razmisluva od vas i deka od vakov tragichen nastan ne bi smeelo da se pravi cirkus ili zavzemanje strana., zatoa bidete:cautious:
Лошо е да се завземе страна во ова време, особено ако застанеш на страната на правдата...
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.931
Поени од реакции
12.515

Не треба да се завзема страна ама автоматски нивната позиција нас не прави опозиција па многумина ги бркаат работите и мешаат опозициони партии. Треба јасно да се каже дека ќе се протестира против кој и да е на власт, моменталната власт си поигрува со здравиот разум (тој малку што е останат, што се гледа по излезеноста) и затоа се протестира против моменталната власт, да беше опозиционата најголема партија моментална власт ќе се протестираше против неа итн, итн...мислам дека тоа не им е на повеќето доволно јасно!!! Треба во иднина сериозно да се организираме ние на кои им е преку кур од малтретирање од страна на леви или десни и редовно да бодиме очи за било кој пропуст и сомнителна активност од страна на било кој што ќе владее од сега и засекогаш!!!
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Што се случи со видеото што го направија - Стоп за полициското насилството ( не знам точно како се викаше ама знаете на кое мислам). Го барав, го нема. И него ли го избришаја?
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.961
Поени од реакции
45.197
Не треба да се завзема страна ама автоматски нивната позиција нас не прави опозиција па многумина ги бркаат работите и мешаат опозициони партии. Треба јасно да се каже дека ќе се протестира против кој и да е на власт, моменталната власт си поигрува со здравиот разум (тој малку што е останат, што се гледа по излезеноста) и затоа се протестира против моменталната власт, да беше опозиционата најголема партија моментална власт ќе се протестираше против неа итн, итн...мислам дека тоа не им е на повеќето доволно јасно!!! Треба во иднина сериозно да се организираме ние на кои им е преку кур од малтретирање од страна на леви или десни и редовно да бодиме очи за било кој пропуст и сомнителна активност од страна на било кој што ќе владее од сега и засекогаш!!!
E вака драги мои се создава простор да манипулираат со нас и да не етикетираат.
Да не ме сватиш погрешно, ти намерно не штетиш, тоа го правиш несвесно поради неинформираност и ќе ти објаснам и зошто е тоа така.

Прво и основно, во Македонија во Неделата, 5ти Јуни, се одржаа демократски избори кои поминаа во демократска атмосфера каде народот гласаше и народот кажа во кого има доверба за да ја води оваа држава и во наредните 4 години ( во случај да нема повторно предвремени парламентарни избори ). Тоа како демократски чин ние не го задираме, ниту сме го негирале, ниту го негираме ниту ќе го негираме, напротив, го почитуваме и како луѓе кои протестираат всушност и за демократија само би удриле на тешка контрадикторност доколку ние протестираме против онаа власт која Народот ја одбра пред повеќе од недела дена, односно, би го газеле и плукале она кое го пропагираме а тоа е реков, демократијата.

Значи тоа дека ние протестираме против моменталнава власт е апсолутна невистина и лага и истото претставува огромен простор некој да манипулира со нас и да не етикетира, пример, ти ова да го кажеше јавно на протест, одредени провладини медиуми ќе те тангираа, ќе те пуштеа во етер и ќе рекоа, еве, видете ги ваквиве, онаквиве, подбуцнати од одредена политичка гарнитура и тн и тн.

Ние не протестираме против моменталната власт, не протестираме против одредена политичка гарнитура која владее во оваа држава, смртта на младиот Мартин ( за жал ) не поттикна конечно да излеземе на улица и да кажеме НЕ на полициската бруталност, НЕ на онаа полициска бруталност која не е карактеристична само за време на периодот кога моменталнава политичка опција била на власт, кога велиме полициска бруталност ние опфаќаме СЕ, цели факинг декади тука се во прашање, а во истите поминале повеќе политички гарнитури кои биле на власт, затоа се и апсурдни оние бездушни лаги и манипулации на одредени личности кои нас не етикетираат ко политичка партија иако повеќе од очигледно е дека НИЕ НЕ СМЕ ПАРТИЈА ! .
Протестираме зашто ова убиство беше заташкувано од одредени полициски структури вклучувајќи го и потпаролот на МВР и актуелната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, луѓе од кои се бара понесување на лична одговорност и давање на оставка. Но, ова не значи дека ние ја негираме моменталната политичка власт, дека ние протестираме против истата, НЕ, ние протестираме против ваквиот однос на оваа институција кој е карактеристичен за истата со години ...
Горе пишав '' за жал '' бидејќи ете требаше да се случи ваков настан за да, клучен момент, КОНЕЧНО ние се осудиме да излеземе на улица и да кажеме ДОСТА Е, но таков народ сме, сеуште учиме колкава всушност моќ ние поседуваме и тоа е тоа.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.961
Поени од реакции
45.197
^ И за таквиот однос протестираме ! Каква професионалност човече, права дефиниција за полициско лице ... во Македонија.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Се гледаме утре! Ако останат глуви и неми што ни е следен чекор,блокади?
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394

Е сега то шо не се доизјаснив овде е друга работа, да зборувам јавно ќе биде исклистализирано и прочешлано најнормално. Во кратки црти муабетот беше да не се протестира само за овој настан и се друго да се заборави (зборувам за во иднина). Не треба да чекаме екстремни случаи за да излеземе така непартиски! Непартиски се излегува за повеќе лајна што ќе ги посери било која власт и затоа треба организација. Спонтаноста ретко пали како што е случај сега...

П.С. Ако Најголемите шефови, премиери и претседатели истотака се прават на удрени автоматски и власта превзема дел од вината, сфатете ме како сакате ама таква е вистината колку и да е тажна. Спротивстависе на едни, спротистависе на други третите некако ќе се подзамислат.

П.П.С. повеќето и од младите се членови на некаква политичка партија, можат во секој момент а најлесно во помалите градови да го исполитизираат протестот колку и да се нај искрени и најнеполитички ставовите и намерите на тие со книшки.
--- надополнето: Jun 15, 2011 12:00 AM ---
Се гледаме утре! Ако останат глуви и неми што ни е следен чекор,блокади?
Треба да се размисли за таков чекор. Премногу внимателно и наивно се пристапува на проблемот. Ако министрите не лажат и не прават глупи а премиерот не ги санкционира и не се оградува од ситуацијата значи власта смета дека ние сме ретарди тешки. Проблемот во коренот се сече!

Цело време постои страв да не некој не свател погрешно демек да не мешаме политика, ама ние не мешаме политика политиката не меша нас и ни прави што сака.

Што ми е мене гајле кој како ќе помисли во моментот кога протестирам во име на разумот? И кога најјасно и најгласно сум се изјаснил дека не застапувам партија?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom