Z
Види, детали не можеме да знаеме - ниту јас можам да тврдам дека Котевски стварно не знаел, ниту пак можем со сигурност да кажам Јохан што правел. Ама функцијата на портпаролот е да го пренесе на народот она што му е дадено како извештај.Сфаќам, офтопик мал ама ова тогаш го прави и Јохан автоматски невин, само слушал наредби и тој а сепак уште скапува во Шевенинген
Syn, многу е можно да немал. Многу е можно ковер-апот да завршува со полицајците кои го одвлечкаа телото и извештајот од судска медицина. Никој од нас не може да знае каква информација добил Иво, сосема е можно да добил информација за „пронајдено починато момче без траги од насилство“. Значи се ова што го правиме последниве страни на темава е гола шпекулација, може да е и вака, може да е и онака.И учествува во кривично дело ...
Информациите кои потпаролот ги пренесува се официјален став на Министерството за Внатрешни Работи, истите треба добро да бидат проверени па потоа да станат достапни до јавноста, а они цел ден заташкуваа, како тоа за саат време он знае Се и дава инфо од прва рака за нивните спектакуларни акции а '' незнае ништо '' за убиство извршено во главен град на Македонија и тоа у самото срце на истиот, и тоа пази, '' незнае ништо '' цел ебан ден откако тоа се случило.
Потоа стигнаа низа деманти, дека имало членови на МВР кај што била вршена обдукцијата, дека знаеле дека имало мртво дете на Плоштадот таа вечер што е и нормално, они први вршат увид тука, ама не, они не оставија нас да шпекулираме дур заташкуваа од страна, па откако веќе стана јасно дека имало тело на плоштадот, они пак излегоа со инфо дека немало модринки што не е точно, што и официјално не било точно во 1 часот попладне во Понеделникот ! .
Иво е еден од учесниците при ова заташкување на убиството што всушност претставува и кривично дело, тоа што е потпарол не значи дека истиот е имун и на законот. Не значи дека ако на некој надлежен негов му прднало да каже утре не напаѓаат вонземјани, Иво да е приморан тоа да и го пренесе на јавноста.
п.с. Дури и да немал пристап до обдуцискиот извештај, он дефакто лажеше дека НЕМАЛ ИНФОРМАЦИЈА за она што се случило во Неделата вечер, 16 часа по убиството он наводно немал инфо за такво нешто. Па добро бе, до кога ќе дозволувате некој да ви ја вреѓа интелигенцијата ?!
Не велам дека не е можно да учествувал во прикривање, но не верувам дека постојат докази за такво нешто.Кривичен закон - Член 365
Како и да е, некој од МВР треба да одговара. Ако не стигале информациите до него, значи и таа со брковите треба да сноси одговорност и уште некој друг ако имало... пошто стварно не ја знам како иде процедурата.Односи со јавност - функција далеку поразлична од онаа која ја имаат луѓето што го вршеле увидот. Ако извештајот е дека немало никакви знаци на насилство, Котевски тоа и ќе го каже. Типот не врши увид на телото за да може да каже што и како е стварно. Котевски само презентира заклучок на надлежните во јавност.
Тигарот е обучуван, има поише осет од нормален човек, он знае колку пати и како треба да мавне некој за да го усмрти.Ај да прашам јас нешто.. а што бара припадник на елитна спицијална единица на обезбедување прослава или митинг? Кој ја заборави намената на спцијалците - Тигрите?
Тој ќе си го одлежи заслуженото, но никогаш нема да си прости себеси тоа што го сторил, гарант било несреќен случај, но што е тука е, немал кочница, не се сопрел себе си, сега осем затворска казна го чека и онаа потсвстната грижата на совеста, ако било работата да го убие момчето ќе го свирнел со метак, немал да го мава, но што е тука е, се додека најспремните луѓе во државава кои што секој ден се спремни на готовс за секаква ситуација се користат во предизборни и пост изборни славења ќе се случуваат вакви работи, малку ли се полицајци на терен за вршење јавен ред и мир, кога некој го обучуваш за да се справува со терористички ситуации и ред сродни на нив, неможеш да го пуштиш во толпа народ да обезбедува ред, прво треба тренинг за работа со луѓе во урбана средина, па после да се челичат со нив... за двете страни страшно и жално, едните никогаш нема да си го повратат назад изгубеното чедо, а другава страна односно специјалецот пост трауматално може да заврши со самоубиство или со тешка психичка состојба.
Кога некој го учиш само да тепа и да пука, што очекуваш од него да добиеш?Тигарот е обучуван, има поише осет од нормален човек, он знае колку пати и како треба да мавне некој за да го усмрти.
Два пати мери еднаш овај мава.Тигарот е обучуван, има поише осет од нормален човек, он знае колку пати и како треба да мавне некој за да го усмрти.
Иосоно, потпарол на Министерство за Внатрешни Работи НЕ СМЕЕ да шпекулира, дали ме разбираш. Тоа министерство сноси и те како огромен товар на одговорност па поради тоа не смеат да се стават во улога на медиум кој стандард изнесува шпекулации во етерот и не им чуе за тоа.Syn, многу е можно да немал. Многу е можно ковер-апот да завршува со полицајците кои го одвлечкаа телото и извештајот од судска медицина. Никој од нас не може да знае каква информација добил Иво, сосема е можно да добил информација за „пронајдено починато момче без траги од насилство“. Значи се ова што го правиме последниве страни на темава е гола шпекулација, може да е и вака, може да е и онака.
Но во секој случај, и тоа е една од работите на која треба да се одговори.
Никој не треба да биде амнестиран, но останува прашањето зошто специјалци кој се обучени за други намени се користат за редари или за обезбедување, истиот тој кој е обучен да реши заложничка криза, да скине терористи налепени со динаминт и ред други интересни ситуации, се деградира и употребува во секојденвни манифестации.. апсурд.Има многу луѓе со психички пореметувања но тоа не ги амнестира од нивните дела и однесувања.
Најголемата трагедија е во фактот што убива тој што е платен да брани!
Ова ми е пандан на педофили во образованието... Девијантност во дефиницијата за самоопределба.
Искрено, им се дивев на родителите и на нивната доблест никого да не обвинат и да се задржат на сопствената тага. Мислам дека кај сите нас адреналинската реакција беше многу поинаква но предизвикана од зачестени насилија.
Факт е дека се „семоќни“, дека нивната сила дури застрашува и одамна ја има изгубено својата намена.
Јас сум бев било какво двоумење дека бидејќи има низа на пропусти во самите специјални единици и премногу пријави и поплаки од граѓаните на оваа земја едноставно да престанат да постојат.
Пратете ги на крстосници!
Не шпекулира тој, ние шпекулирамеИосоно, потпарол на Министерство за Внатрешни Работи НЕ СМЕЕ да шпекулира, дали ме разбираш. Тоа министерство сноси и те како огромен товар на одговорност па поради тоа не смеат да се стават во улога на медиум кој стандард изнесува шпекулации во етерот и не им чуе за тоа.
Ете, таа нивна шпекулација го уби Даниел од Ѓорче, таа нивна шпекулација го отргна семеството на Мартин од помислата дека станува збор за нивниот син, ова е изјава од нив.
Тоа доволно говори за функционирањето на ова министерство, полицајците од местото на злосторот да, можат да го прикријат ова, но ова останува видено од низа очевидци, ова е видено и од оние лица кои дошле со амбулантното возило и констатирале смрт, ова е видено и од оние кои вршеле обдукција.
МВР како министерство тие наоди од обдукцијата не е изводливо да не ги добие веднаш, не е изводливо цел еден ден они да лажат а во 1 часот попладне и официјално детето да умрело од крварење во мозокот предизвикано од удар.
Е сега бар тебе те знам многу добро, зар веруваш дека овие информации не стигнале до Иво, човек кој знае Се 10 минути по спектакуларна акција на полиција, и тоа до најситен детал. Проблемот е многу очигледен тука за нив, им штети, и те како им штети, не за џабе го купувале и молкот на ожалостеното семејство.