(утрински весник) - постар случај
Нов скандал предизвикан од припадници на Министерството за внатрешни работи
Двајца полицајци сексуално малтретирале млада скопјанка
Полицајците по срамниот чин и се заканиле дека ќе ја убијат ако го пријави случајот
ГОРАН НАУМОВСКИ
Двајца полицајци од Полициската станица ?Карпош", пред три дена, околу 3 часот наутро, на Бит-пазар, со вперен службен пиштол во слепоочница, сексуално ја малтретирале и ја злоупотребиле 24-годишната скопјанка Н.Н. Родителите на жртвата го пријавиле случајот во полициската станица во ?Јане Сандански", а во Секторот за крвни деликти сў уште вршат вештачења на собраниот доказен материјал. Од МВР потврдуваат дека е пријавен таков случај, но оттаму информираат дека не станувало збор за силување, туку за орален секс.
Младата скопјанка, вечерта била во ноќниот клуб ?Студио паб", во близина на полициската станица ?Пролет", придружувана од пријател-полицаец. Два часа подоцна, во клубот дошле и полицајците З.Н. и М.Н. од полициската станица ?Карпош", кои се знаеле со полицаецот што ја придружувал Н.Н. Штом се запознале, почнале разговор, кој по кусо време завршил бидејќи двајцата полицајци З.Н. и М.Н. го напуштиле објектот. Триесетина минути подоцна, девојката и нејзиниот пријател излегле од клубот и застанале пред влезната врата за да причекаат такси.
Токму тогаш се појавиле З.Н. и М.Н. со возило и се понудиле да ги префрлат до дома. Сите влегле во возилото, но возачот наместо да вози кон населбата Аеродром, каде што живеела девојката, се упатил кон Бит-пазар. Пред подвозникот застанале за да се симне пријателот на девојката. Потоа тројцата продолжиле кон Бит-пазар со изговор дека ќе ја носат на бурек. Пред едно кафуле кај пазарот еден од нив го извадил службениот пиштол и почнал да го врти со прст, потоа двајцата се префрлиле на задното седиште кај девојката, ја зграпчиле за облеката и за коса и го впериле пиштолот во нејзината глава и почнале сексуално да се изживуваат. Додека ја малтретирале, како што тврдела подоцна жртвата, преку мобилен повикале да дојдат уште неколку нивни другари да им се придружат. Откако ги задоволиле сексуалните страсти, ја однеле дома и пред да ја пуштат да си оди и се заканиле дека ако каже за случајот ќе и го убијат семејството за кое тврделе дека го знаат. Родителите подоцна го пријавиле случајот во полиција која ги пронашла осомничените кои таа веднаш ги идентификувала. Во нивното возило бил пронајден дел од обетка што ја носела девојката, перчиња од коса, кои биле земени како доказен материјал на вештачење.
Од МВР сў уште не можат со сигурност да кажат дали ќе поднесат кривични пријави или дисциплински мерки, бидејќи, наводно, ги чекале резултатите од истрагата.
_____________________________________________________-
ова не се Алфи, Тигри или кои и да е, туку овични џандари од пазете КАРПОШ! Случајов е постар 4 -5 години, ама мислите овие лежеле пола ден или девојките си го барале???
Значи се можам да прифатам дека може да се случи, ама некои постапки на некои лица и професии се едноставно НЕПРИФАТЛИВИ!!! Не смее да биде!