Објаснето е многу убаво зашто се бара оставка, основа за тоа има, негледањето на истата и тврдењето упорно дека истата не постои без притоа да се аргументира тоа тврдење е всушност политизирање и фаќање на страна, во случајов партија ...
Не барам ништо од тебе, само да ги погледнеш сите факти пред да излезеш со ставот дека ова е исполитизирана работа поради фактот што се бара Оставка, многу глупо звучи ова за некој кој гледа СЕ, а не она што му одговара само за да оправда одредена гарнитура.
После она што го направија овие два дена, и она и Иво го изгубија цел кредибилитет за да бидат дел од МВР, незнам дали си свесен ама прикривањето на криминално дело се казнува со закон, а Иво во Понеделникот токму тоа го правеше.
Сакаш да живееш во демократска држава, епа горенаведените личности мочаат врз таа демократија која ја бара народот и упорно манипулираат и вреѓаат интелигенција на истиот.
Ја немам ништо против оние кои размислуваат поинакво, ама ајде бре луѓе, аргументирајте си ги вашите ставови, а не само да се истрола на празно, ова е политизиран настан зашто се бара оставка. Ептен лејм обид за да токму вие всушност го исполитизирате сево ова, инаку реков и поназад, сакал некој или не, политички профитери ќе го користат ова али на протестиве ти тврдам дека нивниот број е минорен, да, ги има, неизбежни се, потенцирано е тоа, ама нивниот број е минорен, жалам, но не е можно они целосно да бидат искоренети, од било кој протест, за било која цел.