Приоритет ми е животот. Едноставно најбитен ми е животот......, да го изживеам онака како што јас сакам и покрај мене да ги имам сите оние работи кои ќе ми го разубавуваат животот и ќе ме прават здрав, среќен и исполнет, а тука спаѓаат семејството, исполнувањето на целите и уште неколку други работи. Кога бев помал приоритети во животот ми беа образованието, пријателите, добрата и примерна појава во очите на другите............., но како растев и имав/м се повеќе искуство во животот, најголемиот приоритет ми е животот. Крај краева без разлика на сите околности секој се раѓа сам, се бори за подобро утре, а и еднаш се живее. Ако не го изживееш животот онака како што ти сакаш се е џабе. Животот е најбитен, покрај него образованието, пријателите, тоа што ќе речат другите.........., застануваат на некое последно место.