Семејството.-Не можам да живеам без моето семејство-најголемото богатсво што го имам и секој ден сум се' поблагодарна што го имам моето семејство и знам дека сум опкружена со љубов.
Здравјето.- Многу ми е битно.Исклучително го ценам моето здравје и се трудам да го чувам.
Љубовта. -Без љубов се чувствувам некомплетна.Се чувстувам како да фали некој дел во мене,како да имам некоја празнина.Не би можела да се замислам себе си без љубов,не би можела да не сакам.Љубовта е секогаш присутна во мојот живот,без разлика дали ми е возвратена или не.
Дружењето. -Се разбира дека дружењето е едно од моите највисоки приоритети.И дури и да не ми е погоден денот,дури и да сум тажна,моите другари/ки секогаш наоѓаат начин да ме расположат и да ме исполнат со позитивна енергија,па дури некогаш и несвесно...кога не покажувам дека не е нешто во ред,самото нивно присуство ме смирува и ме расположува...
Образованието. - Битно е...се разбира дека е.Но сепак горенаведениве ми се многу поважни во животот.Можам да бидам исклучително успешна во тоа што ќе го студирам,а подоцна во животот ќе го работам,тоа секако би било прекрасно,но сепак ,без горните 4 елементи,мојот живот би бил безмислен,празен и едноставно тажен.