Локална самоуправа имаш слушано предмет? Вие уште живеете во времето на Тито каде се граделе фабриките мајката

. Сега такво нешто се нарекува инвестиции. Се прават напори да се носат, но не идат. Со сила можиш да ги грабниш? Секој инвеститор си сака убава почва, на сигурна земја, обезбедена со стабилна политика/економија. Никој не е будала да фрли пари во бунар без дно. Е сега локалната можи да се финансира ако сака да превзема капитални инвестиции, но кој будала е толку маж да си ја закопа глата в дупка, кога капитални и на централно ниво ние немаме, не па на локално. Што се однесува до инфраструктура, тука е најлесно за напредок. Каков таков и ние можеме да се пофалиме со истиот, целосна промена има на многу работи. Нема основа да споредуваме Прилеп пред 10 години и Прилеп сега. Дали асвалтот бил 1 сантим или 5 како што ги лажат по комитети јас нема да се мешам, нека помини време, нека распука, нека сиби мамата, па и јас да плукам ако е така.
Ако така настапуваш, секој град е тиња (освен моментално 2 на памет ми идат), креатори на мизеријата сме и самите ние. Надвор не ти бегаат само од Прилеп, надвор ти бегаат од секаде, и Скопјани ти бегаат надвор. Секој со визијата и замисленото. И рзаци надвор бегаат чунки овде животот бил досаден, надвор е забавата па ајде успат дури учиме, че се журкаме и таму некаде вкопани. Со реченицата остануваат тие што се просечни и потпросечни навредуваш голема маса на луѓе, свесен си ?

Амбиција
не значи бегање, секој со судбината и замислата. Пример јас планирам да станам судија или доктор во Македонија, немам амбиција? Е сега колку че успеам и колку истото че ми се исплати, јас да си осетам на моја кожа па да си кажам шо како. Секој човек е приказна за себе. Транзицијата сите не јади, не само нас Прилепчани. Македонија е зацапана и че остани како таква долг период. Скопје лека поплека се преплавува, затуцува, крцнува. Пелагонија че биди центарот за некои си двоцифрен број години. (запамтете го овој муабет, ако сме здрави и живи секако).
Гледам дека не ме сфати шо сакав да кажам. Не ми беше муабетот за инвестиции и фабрики. Квалитетот на живот не зависи само од тоа. Се разбира дека една од најбитните работи е да заработуваш доволно, ама има многумина во Прилеп што имаат пари и заработуваат, ама нема кај да ги трошиш. Прво и основно, ниедна институција не функционира како што треба. Кај и да појдиш ќе се соочиш со бавна, неедуцирана, мрзоволна, накурчена администрација. Појди во внатрешни лична карта или пасош да вадиш па ќе видиш што е. Појди во фондот за здравство да извадиш здравствено осигурување па види како. Најтрагично е во заводот за вработување... таква неписменост и кретенизам никаде до сега не сум сретнал. Да ме стават само еден ден одговорен, се’ живо ќе испобркам од работа.
Понатаму, џабе ти е да имаш скапа кола ако ја возиш по мизерни улици, преполни со дупки (за пример повози накај солидност, кружното и на рид горе), нефункционален сообраќај, сообраќајно неписмен и некултурен народ, неорганизирани паркинзи, нефункционална пајак-служба, недостаток на сигнализација. Истото важи и за пешаците и велосипедисти... немање тротоари и обележани патеки, раскопани, калливи.
Трето, да сакаш да одиш на кино, театар, опера, џез-свирка, блуз-свирка, балет немаш избор. Настрана муабетот што голем дел од населението ќе те гледа како ненормален: „шо му е сине на овој, ми се прај кураципол, опера ќе ми гледа... ненормален еден“.
Недај боже да се поболиш и да треба по здравствениве установи (државни) да одиш. Или пак некој те чукни на паркинг и да треба полиција да викниш за увид. Ништо не функционира како што треба да функционира.
Гледам локалнава самоуправа ја спомнуваш. Правеле демек нешто... да прават, ама како го прават?! Со кружноно кај поштана мислеа дека ќе го решат сообраќајот, а само го доблокираа. Јас најмногу се надевав на тоа, оти нонстоп поминувам од тука и ко видов шо срање испадна, само ме разбеснија дополнително. Оваа ЛС моментално е крајно неписмена и арогантна. Проблемот е што нема алтернатива, некој што би им контрирал, попаметен од нив... па затоа голем дел и од тие неопределени што се, ко ќе гласаат ги одбираат нив „од немајкаде“... без да размислат.
Во секој еден проект што го направиле (и по мое што сметам дека треба да го прават) имаат катастрофални грешки и пропусти кои намерно ги премижуваат. На пример, одземање на површина од тротоар на сметка на улица, па дислоцирањето на пожарната преку железничка пруга, дислоцирањето на автобуската станица на периферија на градот.... итн.
Не е работава, видете ме сите кој ербап сум, ќе ви направам кружен тек... или пирамида. Работава, гордејте се сељаци. Муабетот е КАКО сето тоа ќе биди направено. А како, гледам како... како трите ленти на плетвар, со 2 милиметри слој асфалт па сега е бразди сето... или цела лента што ја снема со лизгање на земјиштето. Вчера ги гледам зеле дупките пред клисурите да ги крпат, ама како... со лопата тураат асфалт во дупките, ни валјак да ги помини, ни битумен да измачкаат, ништо... оставен асфалтов сам колите да го натапкаат. Е тоа е таа мизерија што сакам да ја кажам... во умот мизерија. Финансиската мизерија во градот можи преку ноќ да се исправи, ама онаа умствената нема ни за генерации да се залечи.