Прилеп и Мариово

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.621
Поени од реакции
31.828
Ај да си правиме муабет искрено и без нервози... непристрасно гледано, што е СУПЕР во Прилеп?! Освен можда филингот дека е роден град па најубаво си се чувствуваш меѓу своите. Реално гледано, градот е тиња... тоне во мизерија се’ повеќе и нема со генерации да исплива од мизеријата, бидејќи се’ што е попаметно и поамбициозно е избегано надвор или се труди на секој начин да избега од градот. Остануваат тие што се просечни и потпросечни (’рзаците) или пак тие што немаат амбиција и се плашат да се одвојат од средината, се плашат од пријателите да се одвојат, од мама и тато... Ама ако (ко во песнана :) ) треба и такви да има, иначе човек не ќе остани во градот.
Ако зборуваме искрено, квалитетот на живот во Прилеп е мизерен.
Локална самоуправа имаш слушано предмет? Вие уште живеете во времето на Тито каде се граделе фабриките мајката :). Сега такво нешто се нарекува инвестиции. Се прават напори да се носат, но не идат. Со сила можиш да ги грабниш? Секој инвеститор си сака убава почва, на сигурна земја, обезбедена со стабилна политика/економија. Никој не е будала да фрли пари во бунар без дно. Е сега локалната можи да се финансира ако сака да превзема капитални инвестиции, но кој будала е толку маж да си ја закопа глата в дупка, кога капитални и на централно ниво ние немаме, не па на локално. Што се однесува до инфраструктура, тука е најлесно за напредок. Каков таков и ние можеме да се пофалиме со истиот, целосна промена има на многу работи. Нема основа да споредуваме Прилеп пред 10 години и Прилеп сега. Дали асвалтот бил 1 сантим или 5 како што ги лажат по комитети јас нема да се мешам, нека помини време, нека распука, нека сиби мамата, па и јас да плукам ако е така.
Ако така настапуваш, секој град е тиња (освен моментално 2 на памет ми идат), креатори на мизеријата сме и самите ние. Надвор не ти бегаат само од Прилеп, надвор ти бегаат од секаде, и Скопјани ти бегаат надвор. Секој со визијата и замисленото. И рзаци надвор бегаат чунки овде животот бил досаден, надвор е забавата па ајде успат дури учиме, че се журкаме и таму некаде вкопани. Со реченицата остануваат тие што се просечни и потпросечни навредуваш голема маса на луѓе, свесен си ? :)
Амбиција не значи бегање, секој со судбината и замислата. Пример јас планирам да станам судија или доктор во Македонија, немам амбиција? Е сега колку че успеам и колку истото че ми се исплати, јас да си осетам на моја кожа па да си кажам шо како. Секој човек е приказна за себе. Транзицијата сите не јади, не само нас Прилепчани. Македонија е зацапана и че остани како таква долг период. Скопје лека поплека се преплавува, затуцува, крцнува. Пелагонија че биди центарот за некои си двоцифрен број години. (запамтете го овој муабет, ако сме здрави и живи секако).
 
Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
вие шо мрчите за кружните , дека немало потреба ....кај мене , на спојка на главна улица семафори немаше...кога и да поминеф ...нон стоп се имаше чукнато некој....нон стоп полиција имаше и амбулантна....а сега одамна неам забележано некоја собрачајка...како и да е ...градо заличи на нешто....ама сакам да знам чисто информативно колку пари троши маријан , ако сака да ни кажи ?
 
Kружните се царски убајни. На добри места се поставени каде редовно се летало со огромна брзина, особено во вечерните часови. Сега горе долу сакале несакале мораат да успорат, токму затоа ги оправдувам. А замисли прочитав некаде коментар од типот: Не требаат кружни, луѓето си се научени да си возат со години на тој пат, сега тешко че му било да се одвикнат :pos:
То колку троши не знам да ти одговорам. Мене ако ме прашуваш нека троши, ама да останува и по нешто за нас, другото се видело.
 
мене шо не ми се бендисува , оти го фајча кичерајо на Грујовското уредување , кружните не , во ред се ,на времето ко беше Пиргано немавме ни семафори на главна улица :facepalm:ама она кај марко цепенков шо сакаше ко Холивуд да го напрај со звездине :facepalm: па и со кој ум ги клал клупите од мермер која будала че седи на нив , ако сака после три дена пролиф да има...или нарочно му се местени за тие со хемороиди да си ги лада на ниф...и аман Сдс го отекоја со Хари , уште од септември , и сега де сака де нејча на локални ...и шо , и тој ко Марјан че биди партиско пиунче , че прај ко шо му рекле од партија....цел град и цел пат до прилеп е ишаран со пароли...
Ако гледате спектар на канал визија од 5 прилози на 4 мора да ви се појави Маријан...И да нејчиш пак че се занимаваш со политика...оти нон стоп ти се сервира...
Како и да е ...мене Прилеп ми е стопати посреден од Битола , Битола ми е еден голем крш кој е потежок за одржавање.....Бајрон никош нема да го среда...
Онде кај патон за Прилепец вријаше џубре, баш забележаф дека го исчистија , по две недели пак се појави депонија, е сега кој е крив , или должен е некој џубрето на таквите идиоти да му го собира...Шо е до мене , не мора да има кизне какви споменици , доволно е да е чисто и да не е стопати крпен асвалто , дупки чунки сите боледуваме од камен на бубрези ...Абе се е лековито кај нас...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Локална самоуправа имаш слушано предмет? Вие уште живеете во времето на Тито каде се граделе фабриките мајката :). Сега такво нешто се нарекува инвестиции. Се прават напори да се носат, но не идат. Со сила можиш да ги грабниш? Секој инвеститор си сака убава почва, на сигурна земја, обезбедена со стабилна политика/економија. Никој не е будала да фрли пари во бунар без дно. Е сега локалната можи да се финансира ако сака да превзема капитални инвестиции, но кој будала е толку маж да си ја закопа глата в дупка, кога капитални и на централно ниво ние немаме, не па на локално. Што се однесува до инфраструктура, тука е најлесно за напредок. Каков таков и ние можеме да се пофалиме со истиот, целосна промена има на многу работи. Нема основа да споредуваме Прилеп пред 10 години и Прилеп сега. Дали асвалтот бил 1 сантим или 5 како што ги лажат по комитети јас нема да се мешам, нека помини време, нека распука, нека сиби мамата, па и јас да плукам ако е така.
Ако така настапуваш, секој град е тиња (освен моментално 2 на памет ми идат), креатори на мизеријата сме и самите ние. Надвор не ти бегаат само од Прилеп, надвор ти бегаат од секаде, и Скопјани ти бегаат надвор. Секој со визијата и замисленото. И рзаци надвор бегаат чунки овде животот бил досаден, надвор е забавата па ајде успат дури учиме, че се журкаме и таму некаде вкопани. Со реченицата остануваат тие што се просечни и потпросечни навредуваш голема маса на луѓе, свесен си ? :)
Амбиција не значи бегање, секој со судбината и замислата. Пример јас планирам да станам судија или доктор во Македонија, немам амбиција? Е сега колку че успеам и колку истото че ми се исплати, јас да си осетам на моја кожа па да си кажам шо како. Секој човек е приказна за себе. Транзицијата сите не јади, не само нас Прилепчани. Македонија е зацапана и че остани како таква долг период. Скопје лека поплека се преплавува, затуцува, крцнува. Пелагонија че биди центарот за некои си двоцифрен број години. (запамтете го овој муабет, ако сме здрави и живи секако).
Гледам дека не ме сфати шо сакав да кажам. Не ми беше муабетот за инвестиции и фабрики. Квалитетот на живот не зависи само од тоа. Се разбира дека една од најбитните работи е да заработуваш доволно, ама има многумина во Прилеп што имаат пари и заработуваат, ама нема кај да ги трошиш. Прво и основно, ниедна институција не функционира како што треба. Кај и да појдиш ќе се соочиш со бавна, неедуцирана, мрзоволна, накурчена администрација. Појди во внатрешни лична карта или пасош да вадиш па ќе видиш што е. Појди во фондот за здравство да извадиш здравствено осигурување па види како. Најтрагично е во заводот за вработување... таква неписменост и кретенизам никаде до сега не сум сретнал. Да ме стават само еден ден одговорен, се’ живо ќе испобркам од работа.
Понатаму, џабе ти е да имаш скапа кола ако ја возиш по мизерни улици, преполни со дупки (за пример повози накај солидност, кружното и на рид горе), нефункционален сообраќај, сообраќајно неписмен и некултурен народ, неорганизирани паркинзи, нефункционална пајак-служба, недостаток на сигнализација. Истото важи и за пешаците и велосипедисти... немање тротоари и обележани патеки, раскопани, калливи.
Трето, да сакаш да одиш на кино, театар, опера, џез-свирка, блуз-свирка, балет немаш избор. Настрана муабетот што голем дел од населението ќе те гледа како ненормален: „шо му е сине на овој, ми се прај кураципол, опера ќе ми гледа... ненормален еден“.
Недај боже да се поболиш и да треба по здравствениве установи (државни) да одиш. Или пак некој те чукни на паркинг и да треба полиција да викниш за увид. Ништо не функционира како што треба да функционира.

Гледам локалнава самоуправа ја спомнуваш. Правеле демек нешто... да прават, ама како го прават?! Со кружноно кај поштана мислеа дека ќе го решат сообраќајот, а само го доблокираа. Јас најмногу се надевав на тоа, оти нонстоп поминувам од тука и ко видов шо срање испадна, само ме разбеснија дополнително. Оваа ЛС моментално е крајно неписмена и арогантна. Проблемот е што нема алтернатива, некој што би им контрирал, попаметен од нив... па затоа голем дел и од тие неопределени што се, ко ќе гласаат ги одбираат нив „од немајкаде“... без да размислат.
Во секој еден проект што го направиле (и по мое што сметам дека треба да го прават) имаат катастрофални грешки и пропусти кои намерно ги премижуваат. На пример, одземање на површина од тротоар на сметка на улица, па дислоцирањето на пожарната преку железничка пруга, дислоцирањето на автобуската станица на периферија на градот.... итн.

Не е работава, видете ме сите кој ербап сум, ќе ви направам кружен тек... или пирамида. Работава, гордејте се сељаци. Муабетот е КАКО сето тоа ќе биди направено. А како, гледам како... како трите ленти на плетвар, со 2 милиметри слој асфалт па сега е бразди сето... или цела лента што ја снема со лизгање на земјиштето. Вчера ги гледам зеле дупките пред клисурите да ги крпат, ама како... со лопата тураат асфалт во дупките, ни валјак да ги помини, ни битумен да измачкаат, ништо... оставен асфалтов сам колите да го натапкаат. Е тоа е таа мизерија што сакам да ја кажам... во умот мизерија. Финансиската мизерија во градот можи преку ноќ да се исправи, ама онаа умствената нема ни за генерации да се залечи.
 
Tи маваш на целокупниот менталитет значи, погрешно сме се разбрале, макар шо целокупниот македонски менталитет ти е таков како што го опиша, не само прилепскиот. Еве пример за добар настан јас че ти опишам. Имаше џез фестивалче, 3 дена траеше, во Марко Цепеков летово. Знајш колку души беа? Од 50 присутни, 45 стари (над 40ка макар шо не е мн) и 5 млади, меѓу кои јас и девојката и уште 3 загубени души. Ти носат музичари кои растураа, а присуствово срамотилаци. Не знаеме ние да почитуваме култура, јас и еден текст напишав околу таа тематика на Генус-блогот кој го хејташе :D . Но не е битно тоа, менталитетот си е таков да секој викенд се користи како марш на модни писти во исти места со иста музика со исти луѓе, демек шемата ти текнува. Се шо скрснува од нормалата или автоматски не го бива, или не ги интересира. Целата ситуација и низ Македонија е никаква, од здравство до полиција. Прилеп моментално растура со дрога, хепатит Ц од наркоманите е на второ место во Македонија после Скопје, шо е загрижувачки податок. За попаметни има попаметни само се истиснуваат од тие понепаметните, но и тоа не е новина, споилс и мерит систем се обидуваат да ги урамнотежат, но едниов страшно доминира од било која партија која иди на власт, ги шиба нивните. Едните се добрите, другите мрштат како не ја бива оти тие не се првите, и така сето тоа ти е желба и борба за замена на позиции, ја имало, ја има и че ја има. Контролата потекнува од центар, било од здравствто да тргниме па до администрација, центарот мора да си стегни, колку и да има локалната пренесени надлежности и свои извори на приходи, сепак тие се ограничени и се се чека од центарот или некоја добра душа да фрли донација. Се оди по линија на помал отпор, шо е многу нормално. Кој и да дојди на власт со овој менталитет, само површно че си работи, без да му ја мисли многу многу. Сите сакаме најубо, но пари немаме, то е голем проблем. Инаку финансиската состојба верувај преку вечер нема да се напрај, та е првиот проблем од каде баздат сите лајненици и незадоволства. И така секоја новина не е вметната како што треба до крај оти не кочи ограниченоста, но обидите се тука, ефективни-неефективни. Рибата од глата смрди....
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.531
Поени од реакции
2.402
нема врска .. сето ова пропаѓање на Прилеп треба да има се припишува на централната власт во Скопје, главниот проблем е тоа што власта си има зацртано Скопје индустрија се останато земјоделие и сточарство, а впрочем и во тоа се инвестира најмногу. Инвестициите во субвенциите се баш за останатиот дел на македонија да се развива. цела македонија трипи од Скопје. Еве со ред: Охрид живурка од туризмот демек, Битола нема перспектива, Струмица раноградинарсво, Куманово печалбарите од Авганистан, а Прилеп живурка ради тутунарите. Да тибам градо ако во него е поперспективно е да бидиш земјоделец него електро инжинер. Ете видиш тоа мене ме фрустрира. turvior точно е дека локалната неможе да прави фабрики. Но место да се труди да привлечи инеститори, тие уште толку ги набркуваат. Што е Кавадарци подобро од Прилеп па таму да се гради фабрика за ретровизори чинам? или пак Штип па таму да гради фабрика за автомобилски седишта? Ете рекоја демеек ќе се гасифицира македонија, зошто ги уриваат оранжериите? Зошто не направат гратски превоз? (а на друга страна пак во Скопје купија 300 автобуси и сега и трамвај че градат)
А за менталитетот на Прилепчани.... па неможеш да очекуваш луѓе што прекуден се занимаале со земјоделство да очекуваш вечер да излезат да одат на џез.
Ни треба паметна младина (не мислам образована), а таква младина не се прави со инвестиции со субвенции во земјоделство и сточарство. Тогаш секој кој би се родил во ПП со повисок коеф на интелигенција од останатите ќе сака да замини од ПП, а зошто и да не кога во ПП само ќе стагнира. Ќе се носи секоја вечер по кафани, па после во Вип и следниот ден да чека да го вработат во администрација/училиште.
Па уште има и луѓе што го бранат Маријан. Прилеп со него уште ќе тоне, сите го знаеме тоа. Зошто еве да не се смени Маријан?
 
Нека се смени бе другарче, јас не велам не, но како? Со циркузанти ли че го менуваме, не одат некои работи, мора сериозност да се покажи. Еве кога гледам и читам новини, кај нас се се сведува на обиди, неуспешни обиди за инвестиции. Иди инвеститорот, си гледа услови, почва, му одговара не му одговора и ако е тро дарежлив можи да се смилува да фрли некоја лопатка, кај нас не му фајча окцето. Мариово е неискористен извор на богатство. Пелагонија е рај за да сака некој да ја разработи и истражи салам. Ти алудираш на модернизација, но не можеме истата да ја форсираме кога знаеме како преживувале претците, или кои дејности биле закопани во сржта на македончето, поточно прилепчанчето. На крајот на краиштата сега народот од селата верувај ми дека ужива, дејноста кога ќе ја оплодат тие се оние кои полесно обезбедуваат егзистенција. Од гратските некои си замислиле дека од старт треба да седнат на директорски места, други не фатиле да учат факултет па потценување им е да одат аргати оти тоа не било работа, некои работи не одат заедно. Дури и имаат на располагање да земат кредит од 500 000 милиони евра, тој кредит можат да го насочат во фабрика, но кој е тој маж што би превзел ваков потег. Секој гледа со лесно да си ја нареди и ако му се загреши да му ја поднареди на другиот. Кај нас естетскиот изглед му е примат, оти е полесно истиот да се онади. А полесно е оти министерот е од градов, замисли ти да си друг град од ,,обратните" можат блокада да ти акнат и несоработка максимална, па ни тоа нема да го имаш.
Секој обид за културна преродба во наводници, кај нас не го бива. Така е зациментирана една матрица длабоко, што секој обид за нејзино поткопување е автоматски дебакл.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.271
Поени од реакции
3.628
Во Прилеп мајмун не игра :D

Otkriena e tajnata za prilepskata saat-kula,pri neodamnesnata rekonstrukcija reparacija so potporniot zid izvrseno e laboratorisko ispituvanje na sostavot od materijalot pri sto se pronajdeni supstancii od specijalna materija sto ja korist...at proizvoditelite na medikamenti potocno stanuva zbor za VIJAGRA FORTE izveduvacot potvrduva kako i lokalnata samouprava garantira koga stanuva zbor za stari objekti ,potfatot vo 95% e efikasen ne samo sto ke dojde do podobruvanje na vertikalata tuku mozno e da se zgolemi visinata za 10%
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.677
кој сака кладба дека брегович че го тупи со калашников на пивофест ??
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.986
Поени од реакции
12.547
Дечки,ме интересира како се стигнува до манастирот Трескавец, слушнав дека само со џип или пешки е можно,точно е ова?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom