Џамијата беше во план да се обнови во центар, али тогаш градоначалникот, излезе јавно и на тв кажа дека прилеп нема муслиманско население, и нема потреба да се гради џамија. Тогаш се собраа да клањаат муслимани од околните села во центар, али сепак беа избркани како кучиња од страна на полицијата, што никогаш истото не се случило на рисјаните кога се крстат на црквите што ги има на 2 метри. Друга прилика исто кога потпишуваа петиција, им беше одбијана, дека џамијата била културно-историски споменик и не можела да се чепка и требало да остани како што е. Пак остана незаштитена од закон за историски споменик, и вршеа нужда во истата локалните недоносени тиквари. Изгледаше на една јавна депонија, за после тоа да се ургира пак, и да се стави налепница: ЗАБРАНЕТО ВРШЕЊЕ НУЖДА, на толку недовидно место што и да беше на видно место, тешко дека истата ќе ја почитуваше некој. Сега,откако стапи на сила законот за вршење нужда на јавни места малку е понамалено, али градот сеуште нема и јавно веце.
На ромите во тризла , им беше понудено да се гради џамија но не прифатија, заради што сеуште немаат ни добра канализација, проодни патишта, а џамијата сакаа да биде реставрирана, оти претходни и си беше во функкција. Е сега, им се пружа можност да имаат џамија, али старата, пак не се обновува, затоа што политичка игра е во прашање, ако се обнови, ќе им “смета“ на останатите што не се муслимани а ако се изгради џамија, валјда се очекуваат и гласови. Без разлика, доколку процентот на муслиманско население добива задоволителна бројка и потребно е да им се овозможи верски објект. Претходно, муслиманите одеа во куќа импровизирана, во населба тризла.