Се зачленив во форумот пошто ме иритираа некои постови..Албанка сум по националснот и сакав од се срце да им ја честитам победата на Македонија и на македонските кошаркари..Иако не сум следедела многу спорт, а уште помалку кошарка, последните натпревари на македонскта репрезентација сум ги гледала со посебни емоции, сум се радувала на секоја нивна победа, а сум била и многу напната и под стрес во оние натпревари кога во последните секунди требаше да се реши кој ќе продолжи понатаму..Не би сакала меѓу македонците да се развие такво мислење дека албанците не се израдувале за ваквата победа, која е победа на сите граѓани на Република Македониа..Токму ова сакав ди ви го докажам, дека јас, целто мое семејсто, роднини и пријатели сме навивале за тие играчи кои играа со се срце и вложија толкав напор и труд за да стигнат до оваа место..Сакам да изградиме соживот за кои треба да се залагаме сите а тоа сметам дека најдобро ќе го постигнеме ако се обединиме и заедно се радуваме и славиме за вакви настани..Дечките играа феноменално и го заслужија вчерашниот пречек што им се направи..Јас посебно навивав за Илиевски, ептен ми е фин и скромен дечкото а и супер ја организираше целата игра..Се надвам до година и во наредното ЕП сите да бидат пискусни и ова да биде поттик за нив и да ни дојдат со некој медал, зошто да не
Иначе прочитав некои интерсни факти во дневниот весник Капитал па сакав да ги споделам со вас:
ФАКТИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО МАКЕДОНИЈА-ШПАНИЈА
Никој на европското првенство не успеа да води на полувреме против Шпанија. Резултатот на полувремето на натпреварот Македонија-Шпанија 45:44
Македонската репрезентација е единствената на турнирот која на Шпанија успеа да и даде 27 поени за една четвртина, а најблиску до ова беа Полјаците (26) и Турците (25).
Македонија е единствената селекција на турнирот која во натпреварот со Шпанија успеа да и се спротистави на кошаркарската велесила во меч во кој двајца наши кошаркари, Владо Илиевски и Перо Антиќ, беа присутни на паркетот сите 40 минути. Најблиску до нив се Германците, Дирк Новицки и Хajко Шафарцик, двајцата по 36 минути.