Од инцидентот на плоштадот само СДСМ сака да има ќар
ВМРО-ДПМНЕ очекува од СДСМ како партија и поединечно и од нејзините функционери Владимир Милчин, Јован Деспотовски и Ѓунер Исмаил, шеф на изборниот штаб на претседателскииот кандидат на социјалдемократите, Љубомир Фрчковски да преземат одговорност за инцидентот. Медиумите го регистрираа присуството на дел од нив на плоштадот за време на протестот во саботата
Нова лидерска средба, денеска, во Клубот на пратениците во обид да се смират тензиите и да се надминат разликите во пресрет на вториот круг од Претседателските и локалните избори в недела.Сепак лидерот на ДПА Мендух Тачи нема да одговори на поканата од Премиерот и Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и нема да се појави на средбата. Од ДПА и вчера повторно со истото образложение како она по претходната средба на лидерите на четирите најголеми партии пред првиот круг од изборите. Велат дека од првата средба која Тачи демонстративно ја напушти до денеска ништо не е променето во однос на судските постапки кои се водат против предизвикувачите на инциденти од парламентарните избори минатата година. Тачи смета дека против членовите и симпатизерите на ДПА се донесуваат експресни судски пресуди, за сметка на оние процеси во кои се инволвирани функционери на ДУИ кои се одолговлекуваат и не е изречена ниту една казна.
Една од темите за кои и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе отворат дискусија неофицијално ќе биде и инцидентот кој се случи во саботата на плоштадот Македонија во Скопје меѓу поддржувачите на идејата за изградба на црква и оние кои протестираа против изградбата. ВМРО-ДПМНЕ очекува од СДСМ како партија и поединечно и од нејзините функционери Владимир Милчин, Јован Деспотовски и Ѓунер Исмаил, шеф на изборниот штаб на претседателскииот кандидат на социјалдемократите, Љубомир Фрчковски да преземат одговорност за инцидентот. Медиумите го регистрираа присуството на дел од нив на плоштадот за време на протестот. Владејачката партија веќе ја прозва ќерката на Исмаил како организатор. Груевски исто така посочи дека протестот бил инициран од архитектот Мирослав Грчев, поранешен градоначалник на Центар од редовите на СДСМ кој секогаш се спротивставувал на проектите на Владата. Евентуалните учесници од нивните редови, како што најавија од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги исклучат од партијата.
Од СДСМ велат дека најпрвин ќе сочекаат за да слушнат што има Груевски да каже како организатор на средбата, а дури потоа ќе му ги соопштат нивните ставови. Од "Бихаќка" велат дека имаат многу работи кои сакаат да му ги кажат, а една од нив најверојатно ќе биде МВР да ги пронајде и казни учесниците во инцидентот на плоштадот.
Од ДУИ пак велат дека на средбата одат без намера да отвораат дополнителни теми покрај онаа за фер и демократски избори во вториот изборен круг. Од партијата велат дека и пред и по средбата со в.д.лидерот на СДСМ Зоран Заев во петокот, Груевски и Али Ахмети се во постојана комуникација.
- Нашите коалициски партнери знаеја за средбата Ахмети-Заев. Ахмети и Груевски се во постојана комуникација. Од петокот до денеска тие не се сретнаа. Ахмети веќе изјави дека следните парламентарни избори ќе се одржат во 2012 година. За нас е најважно и вториот круг да мине во добра атмосфера, како и првиот. Тоа ќе го потенцираме и на лидерската средба, вели Џеват Адеми од ДУИ.
Во писмото до Заев, Ахмети и Тачи, Груевски вели дека првиот круг минал во мирна атмосфера и дека истото треба да се случи и на 5 април за да се осигура на евро-атлантската иднина на нашата држава Македонија.
Некој од врата на врата, Петрески од гроб на гроб
Кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и актуелен прв човек на Општината,Александар Петрески,во трката за освојување на што повеќе гласови во вториот изборен круг од локалните избори ги преминал сите граници.
Имено како што дознаваме Петрески деновиве отишол на погреб кај Охридска фамилија со која нема никаква врска и им дал 500 евра за да им се најдат во тешките моменти.
Исто така Петрески иако непоканет се појавил на роденден кај ќерка на истакнат функционер на партија чиј кандидат не влезе во вториот круг од локалните избори.На овој начин,Петрески се обидел да ги изглади односите и да го придобие на своја страна,а гостите се нашле затечени
Инаку Петрески во вториот круг ќе се бори со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Трендафилов-Нанче.По првиот круг кандидатот на СДСМ освои околу 800 гласови попвеќе.
http://vecer.com.mk/?ItemID=BC0AFEEA3514744A8CA42F78A07A84F9