Претседателски избори втор круг: Ѓорѓе Иванов е новиот претседател на Македонија!

Кој ќе биде новиот претседател на Македонија?

  • Ѓорѓе Иванов - ВМРО ДПМНЕ

    Гласови: 207 48,3%
  • Љубомир Фрчковски - СДСМ

    Гласови: 143 33,3%
  • Нема да гласам / сеуште не определен

    Гласови: 40 9,3%
  • Ќе го поништам ливчето, не сакам да гласам за ниту еден од кандидатите.

    Гласови: 39 9,1%

  • Вкупно гласачи
    429
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
3 декември 2008
Мислења
321
Поени од реакции
8
Од инцидентот на плоштадот само СДСМ сака да има ќар
ВМРО-ДПМНЕ очекува од СДСМ како партија и поединечно и од нејзините функционери Владимир Милчин, Јован Деспотовски и Ѓунер Исмаил, шеф на изборниот штаб на претседателскииот кандидат на социјалдемократите, Љубомир Фрчковски да преземат одговорност за инцидентот. Медиумите го регистрираа присуството на дел од нив на плоштадот за време на протестот во саботата

Нова лидерска средба, денеска, во Клубот на пратениците во обид да се смират тензиите и да се надминат разликите во пресрет на вториот круг од Претседателските и локалните избори в недела.Сепак лидерот на ДПА Мендух Тачи нема да одговори на поканата од Премиерот и Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и нема да се појави на средбата. Од ДПА и вчера повторно со истото образложение како она по претходната средба на лидерите на четирите најголеми партии пред првиот круг од изборите. Велат дека од првата средба која Тачи демонстративно ја напушти до денеска ништо не е променето во однос на судските постапки кои се водат против предизвикувачите на инциденти од парламентарните избори минатата година. Тачи смета дека против членовите и симпатизерите на ДПА се донесуваат експресни судски пресуди, за сметка на оние процеси во кои се инволвирани функционери на ДУИ кои се одолговлекуваат и не е изречена ниту една казна.
Една од темите за кои и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе отворат дискусија неофицијално ќе биде и инцидентот кој се случи во саботата на плоштадот Македонија во Скопје меѓу поддржувачите на идејата за изградба на црква и оние кои протестираа против изградбата. ВМРО-ДПМНЕ очекува од СДСМ како партија и поединечно и од нејзините функционери Владимир Милчин, Јован Деспотовски и Ѓунер Исмаил, шеф на изборниот штаб на претседателскииот кандидат на социјалдемократите, Љубомир Фрчковски да преземат одговорност за инцидентот. Медиумите го регистрираа присуството на дел од нив на плоштадот за време на протестот. Владејачката партија веќе ја прозва ќерката на Исмаил како организатор. Груевски исто така посочи дека протестот бил инициран од архитектот Мирослав Грчев, поранешен градоначалник на Центар од редовите на СДСМ кој секогаш се спротивставувал на проектите на Владата. Евентуалните учесници од нивните редови, како што најавија од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги исклучат од партијата.
Од СДСМ велат дека најпрвин ќе сочекаат за да слушнат што има Груевски да каже како организатор на средбата, а дури потоа ќе му ги соопштат нивните ставови. Од "Бихаќка" велат дека имаат многу работи кои сакаат да му ги кажат, а една од нив најверојатно ќе биде МВР да ги пронајде и казни учесниците во инцидентот на плоштадот.
Од ДУИ пак велат дека на средбата одат без намера да отвораат дополнителни теми покрај онаа за фер и демократски избори во вториот изборен круг. Од партијата велат дека и пред и по средбата со в.д.лидерот на СДСМ Зоран Заев во петокот, Груевски и Али Ахмети се во постојана комуникација.
- Нашите коалициски партнери знаеја за средбата Ахмети-Заев. Ахмети и Груевски се во постојана комуникација. Од петокот до денеска тие не се сретнаа. Ахмети веќе изјави дека следните парламентарни избори ќе се одржат во 2012 година. За нас е најважно и вториот круг да мине во добра атмосфера, како и првиот. Тоа ќе го потенцираме и на лидерската средба, вели Џеват Адеми од ДУИ.
Во писмото до Заев, Ахмети и Тачи, Груевски вели дека првиот круг минал во мирна атмосфера и дека истото треба да се случи и на 5 април за да се осигура на евро-атлантската иднина на нашата држава Македонија.
Некој од врата на врата, Петрески од гроб на гроб

Кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и актуелен прв човек на Општината,Александар Петрески,во трката за освојување на што повеќе гласови во вториот изборен круг од локалните избори ги преминал сите граници.

Имено како што дознаваме Петрески деновиве отишол на погреб кај Охридска фамилија со која нема никаква врска и им дал 500 евра за да им се најдат во тешките моменти.

Исто така Петрески иако непоканет се појавил на роденден кај ќерка на истакнат функционер на партија чиј кандидат не влезе во вториот круг од локалните избори.На овој начин,Петрески се обидел да ги изглади односите и да го придобие на своја страна,а гостите се нашле затечени

Инаку Петрески во вториот круг ќе се бори со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Трендафилов-Нанче.По првиот круг кандидатот на СДСМ освои околу 800 гласови попвеќе.

http://vecer.com.mk/?ItemID=BC0AFEEA3514744A8CA42F78A07A84F9
 
Член од
2 февруари 2009
Мислења
17
Поени од реакции
0
Зошто беше кандидирана Бонева

Јас сеуште не можам да ја разберам одлуката на ВМРО за кандидирање на Бонева. Ај те замолувам да слушнам и твое мислење за хинтот:toe:
Зато што ОК на ВМРО-ДПМНЕ 4 години дума не продума против Заев? Бонева ја кандидатираа затоа што Томе Лазаров и Марјан Бајрактаров на анкетите имаа рејтинг помал отколку што има прсти на една рака. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше катастрофа - 95,5% од одлуките на Заев се донесени со нивен благослов.
А Заев покрај добрите работи правеше и глупости. Само според вкус на Заев може да има хортикултурно уредување во кое стеблата на украсните дрвја се закопани до половина - Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, молчат. Молчеа и кога Заев потроши 10.000 евра за палмите (2.500 набавна цена), а другите 7.500 евра биле за системот за наводнување капка по капка - 1 м црево за капка по капка е 9 (девет) денари. За 300 (триста) метри жардињери со палми нека потрошил 1.000 метри црево за кака по капка (9.000 денари - околу 3.00 евра). Другото било за хумус - кажа Заев? Заев не знае што е хумус (го има најмногу до 5-7% во почвениот тип наречен чернозем - го има само во Русија, македонските почви се многу сиромашни со хумус). Жардињерите се полнети со тресет (најмногу до 10-15% тресет, другото обична земја. Увезениот тресет во бала од 300 литра е помалку од 30 евра).Советниците и ОК на ВМРО-ДПМНЕ молчеа и кога Заев пороши 170.000 евра за да постави фонтани врз канзализација (таква глупост има само во Зајколенд). Заев изгради жардињери од армирани бетонски корита - секаде се прават од монтажни бетонски или мермерни блокови. Со тие пари можеше да го уреди градскиот парк, да стави заштитен ѕид на поројот, ама советниците и Ок на ВМРО-ДПМНЕ пак молчеа. Овие се само најпрости примери на некои од промашувањета на Заев. Каде беше Советничката група и ОК на ВМРО-ДПМНЕ за 4 години барем една критика да кажат за некоја работа што не е добро завршена од Заев?
Еј, пратниците ли требаше да се занимаваат со следењето на работата на Заев?
Бонева ја кандидатираа во момент кога рејтингот на Заев беше 83%, а на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица 30%. Бонева како кандидат за градоначалник статуваше со 13% рејтинг. За две-три седмици кампања Заев победи со 60:40%. Ако Бонева се занимаваше со Заев 4 години, ако особено 2008 година беше поприсутна во Струмица (отсутна од оправдани причини - но тоа не ги интересира гласачите), ако Бонева немаше опструкции од Марјан Бајрактаров, ако Бонева немаше опструкции од Томе Лазаров, ако Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ не беше растурена од Соња Гелова Стојанова, Бонева веројатно на овие избори ќе изгубше со 55:45, а можеби и ќе победеше ако некои претседатели на МК на ВМРО-ДПМНЕ не правеа опструкции против Бонева. Бонева доби 1.312 гласа повеќе отколку кандидатите за Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Томе Лазаров и Марјан Бајрактаров. И тоа после сообрќајка, со имобилизиран врат во текот на целата камања - на тв дуел со силни аналгетици, без имобилозација на вратот (т.е. со болки кои постојано те деконцентрираат) Бонева на Заев го направи ќофте на тв-дуелот.
На кандидат како Зоран Заев немаше кој друг да му се спротистави од ВМРО-ДПМНЕ, освен Бонева која влезе во битката со рејтинг од 13% против Заев со рејтинг од 83%. а завршија со 60:40%
Лавица е Бонева, а не пушач на Заев како Томе Лазаров кој на тв-соочувањето на кандидатите за носители исто како Ристо Пецев му го попуши на Заев.
 
osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
ja u nedela ke spiam ,a posle ke setam

SO GLASANJE ZAVRSIV ODAMNA PRED DVE NEDELI

OD MENE TOLKU,
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4

Ne si vo pravo...postojat glasaci za koi Boneva e selanka...a ZZ gradski...ako e od selo...se izmitari...
ja u nedela ke spiam ,a posle ke setam

SO GLASANJE ZAVRSIV ODAMNA PRED DVE NEDELI

OD MENE TOLKU,
Isto i jas.
 
кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Претседателска криза во Македонија, Иванов и Фрчкоски се откажаа

Претседателските кандидати Ѓорге Иванов и Љубомир Фрчковски се откажаa од претседателската трка. Како што дознава ексклузивно Нетпрес од блиски извори на двајцата кандидати ваквата одлука била договорена на вчерашната лидерска средба кога лидерот на СДСМ, Зоран Заев и премиерот Никола Груевски останаa сами кога и паднал овој договор.
На средбата исто така било договорено следниот кандидат да биде поддржан од двете најголеми политички партии, да биде млад, згоден и да не припаѓа на ниту една од овие две политички опции.
Ова нека го сфати кој како сака, но денеска е денот на шегата.
Априлили!!!
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776

:pos2::pos2:
мислев на нешто слично, ама ме претрка :wink:
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Како изгледа една вемеровца

Идеме во победа со Фрчко
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
ja u nedela ke spiam ,a posle ke setam

SO GLASANJE ZAVRSIV ODAMNA PRED DVE NEDELI

OD MENE TOLKU,
Ne si vo pravo...postojat glasaci za koi Boneva e selanka...a ZZ gradski...ako e od selo...se izmitari...

Isto i jas.
Ептен добра одлука....во моментов единствено вистинска, ако и се мисли добро на МКД...
.....остај што лажат ова преварантиве....за некаква ИСТОРИСКА шанса...забораваат да кажат која по ред.... :)
...редно е еднаш прво да ја видиме ШАНСАТА на рака, па после за рака на гласање...:)
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Куртул!

Пишува: Слободан ЧАШУЛЕ Победивме сите.

Загуби рецидивот од она време, остатокот загадувачи на нашата демократија, иднина и успех: загуби ароганцијата и мангуплакот; до нозе се поразени кодошите, пучистите, атентаторите, осудените криминалци, шверцерите и арамиите што ни го украдоа заедничкиот имот и ни ги посеаја градовите со стечајни работници!

Проектот на безалтернативноста; заговорот против иднината на Македонија израз на нивната глад по власт, тврдењето само СДСМ може да владее, сè друго е пропаст, загуби убедливо, како никогаш досега.
Впрочем, нивниот проект за мафијашка држава, затскриена зад шминката на прислужен протекторат, уште на првите избори го отфрлија граѓаните на нашата држава Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци и сите други.
Кога веќе сакаат споредби, не треба да се оди подалеку, нивната горешта желба вечно да нè тормозат со едноумие е поразена на сите избори досега, освен тие во 2002 г., кога државата се тетеравеше, жртва на пуч што тие го инспирираа, оркестрираа и изведоа!

Предлагам Емилијан Станковиќ да го вратат во основно, да научи аритметика; Љубомир Фрчкоски да го расчинат од докторлакот и од професорлакот и да го вратат назад на студии кај проф. Д-р Светомир Шкариќ да научи што е Устав!
Штета што не можеме да ги вратиме дома за да научат што е пристојност, што е добро воспитание. Но, она што најмногу треба да го научат е да не лажат.

Уште во прво одделение, таму некаде пред 54 години, во Гоце Делчев, покојна Даница Баевска нè учеше и нè научи: баби и жаби не се собираат. Така е Емилијанчо?! Не чуди се. Дури ни современата аритметика, таа на нашите деца, твојата, не ти дава за право, бидејќи ниту теоријата на множества не дозволува да ги мешаш бројките од претседателски со локални избори и да ги собираш!
Не може, не глупирај се!

Ако веќе треба да се изврши политички премер на довербата на граѓаните во власта и опозицијата, а богами со вакви математичарчиња и професорчиња, треба, тогаш единствената мерка се гласовите дадени за советничките листи. Власта убедливо ја бие опозицијата, освојувајќи мнозинство во безмалку сите општини!
Не е тајна, граѓаните сакаат нивните општини да бидат блиску до централната власт, на која на парламентарните избори двапати во две години ì дадоа мандат да управува и сè уште имаат верба во неа!

Синко Емилијан, не учи се од Фрчко. Нему нозете му се одамна куси колку и лагите што постојано ги сее. Не гледај го него, нему уште во првиот круг му ја затворија политичката книга за сите времиња. Најпрвин, тој што го кандидираше, а потоа и граѓаните!
Вториот круг ќе го прати на ропотарница!

Чекам толку време и, еве, ќе се стрпам до вториот круг гласање. Пак ќе прашам: Фрчко, кодошу низаеден, кога ќе им објасниш на граѓаните како мислиш да го решиш грчкиот проблем со нашето историско име?! Престани да лажеш безочно криејќи ја твојата улога во фиромизацијата на Македонија, добро платена со куферчиња долари, ролекси, амфори, пури, пенкала, уметнички слики, реј-бан очила... одбранета со атентат!

Не дај Боже и да победиш, не можеш да ја отстраниш грчката блокада. За да капитулираш и да го смениш нашето историско име, треба да го смениш Уставот (провери кај д-р Шкариќ!). За да го смениш Уставот, ти требаат две третини гласови во Собранието и, евентуално, референдум. Такво мнозинство немаш, а според гласовите што ги имаш на изборите, референдум во твоја полза е мислена именка за тебе!

Ако е така, а така е, тогаш тебе и на сите твои содружници, кодоши, прогонувачи на неистомисленици, атентатори, осуденици, криминалци и аболиранци не ви останува ништо друго, туку да изведете пуч против овој народ и овие граѓани, пред да појде Бучко на робија и да дојде правдата по тебе и својтата! Ни свети Бранко нема да ви помогне, тој не е ништо друго туку водачот на глутницата стрвини што сакаат власт и само власт!

Само така ќе успеете да го осуетите мнозинството, веќе премалени граѓани кои не ве сакаат и катадневно се прашуваат уште колкупати на избори овој народ треба да ви каже марш!

Белки со овие избори конечно ќе куртулиме!

ORATIO NULLI SECUNDUS!

AVE!
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Куртул!

Пишува: Слободан ЧАШУЛЕ Победивме сите.
Хммм.
Чудно.

Чашуле не го пратам редовно , но чинам дека пред Букурешт беше во групата на поборници за компромис со грците.
Поради тоа беше и на оние црни списоци кои се правеа, заедно со Геро Фрчко и остали.

Во секој случај ме изненади со текстов.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Jok, za realno resenie so dvojna formula ili vlez pod referencata, nikako za potkleknuvanje i menuvanje za treti zemji, za cepkanje vo identite,t jazik i tn. ne kako Frch ili negoviot Prch Branko.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom