Тотално дефокусирање на веста.Иванов ќе го прегази Фрчковски во вториот круг
Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов ќе извојува убедлива победа во вториот круг од Претседателските избори во однос на противкандидатот Љубомир Фрчковски поддржан од СДСМ и НСДП.Ова го покажува последната телефонска анкета на Институтот за Демократија спроведена викендов.
Според податоците од анкетата за Иванов во вториот круг ќе гласаат 25,4 проценти од граѓаните,а за Фрчковски речиси двојно помалку или 13,8 одсто од гласачите.
Од 1112 испитаници во анкетата,509 или 45,8 проценти изјавиле дека воопшто нема да гласаат,а 15 одсто од нив или 167 сеуште немаат одлучено за кого да го дадат својот глас.
Од Институтот за Демократија наведуваат дека при анкетата била запазена демографската структура на испитаниците,полот,старосните групи,степенот на образование и етничката припадност,а биле анкетирани испитаници од сите изборни региони.Резултатите од анкетата на Институтот се со можна статистичка грешка од + - 3 проценти.
Според овие резултати разликата меѓу Иванов и Фрчковски во однос на првиот круг се зголемува.На 22 Март за Иванов се изјаснија 343 374 или 35,06 проценти од граѓаните кои излегоа на избори,додека за кандидатот на опозицијата гласот го дадоа 200 316 избирачи,или тој доби поддршка од 25,04 проценти.
Во меѓувреме двајцата кандидати ја продолжуваат кампањата за вториот круг.Фрчковски вчера се сретна со жителите на неколку Кумановски населби,а Иванов присуствуваше на хепенингот во Градскиот парк"Младите за Скопје,младите за Македонија во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E2A494BB76A59A47A3CA76D24C5ED5FD
Еве што е веста тука...
секој нормален медиум напиша:Скоро половина од граѓаните нема да гласаат
Од 1112 испитаници во анкетата,509 или 45,8 проценти изјавиле дека воопшто нема да гласаат,а 15 одсто од нив или 167 сеуште немаат одлучено за кого да го дадат својот глас.