Кој и да биде претседател во овие важни времиња на Македонија најдобро е за сите нас тој да има максимална согласност и компатибилност со политиката на владата по клучните прашања за надворешната политика. Знаеме дека ингеренциите на претседателот во таа сфера не се во истата тежина како со ингеренциите на владата. Затоа не ни се потребни тие сценарија од пред неколку месеци кога целата светска јавност ни се смееше кога Груевски направил едно, а Црвенкоски сосема друго, па имавме двајца преговарачи, па мораше еден да елиминираме.
Значи зборувам за доброто на сите граѓани без обзир на политичката припадност важно е конечно повторно ДА СЕ УСОГЛАСАТ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ПРЕМИЕРОТ
Таква усогласеност имаме веќе видено од левицата, зошто да не видиме и од десницата? Не велам дека тие од десницата ќе ја преродат ситуацијата и веднаш ќе протече мед и млеко, но зошто да не си дадеме шанса да го видиме и тоа сценарио, ( за мене е тоа играње на последна карта) па подоцна ќе судиме дали тоа е добро или не,
А ние овде предвреме да ги осудуваме на пропаст пред воопшто да видиме како ќе функционира сето тоа