Сталин
Висарионович
- Член од
- 24 декември 2008
- Мислења
- 239
- Поени од реакции
- 11
Си наброила многу различни нешта кои можат да стават крај на врската. Ниту едно од нив не е слично помеѓу себе.Што е она пресудното за што би ставиле точка, крај на врската. Дали само неверството е пресудно или можеби оние лаги неповрзани со неверството (како на пример партнерот ве лаже дека е болен за да не излезете заедно, а всушност ги викнал другарите да гледаат фудбал и сл), монотонијата или пак едноставно физичката оддалеченост.
Според мене она што ја уништува врската пред се е монотонијата, да не правите ништо ново и интересно, ретко да излегувате, да не се трудите да изгледате секси пред партнерот, едноставно да се однесувате како старци
Што е тоа што ве гуши кај партнерот и едноставно не гледате друг избор освен КРАЈ?
Да ти поставам едно прашање на тебе.
Ако не ти е монотона врската и разбереш дека твојот партнер те изневерува дали тоа ќе е крај на врската за тебе или ќе чекаш да дојде монотоно?
Крај на врската може да е и монотоноста без да биде присутно неверството, или пак обратно, да не е монотоно, а сепак да постои неверство, и други причини можат да влијаат за крај на врска, сепак не можеме да зборуваме во глобала бидејќи секоја врска се одвива во различни околности.