Пресудни услови за крај на врската

пресудни услови за КРАЈ

  • неверството

    Гласови: 39 51,3%
  • лагите (кои не поврзани со неверство)

    Гласови: 12 15,8%
  • монотонијата

    Гласови: 16 21,1%
  • физичката оддалеченост

    Гласови: 4 5,3%
  • нешто друго (ќе наведам што)

    Гласови: 5 6,6%

  • Вкупно гласачи
    76

Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Што е она пресудното за што би ставиле точка, крај на врската. Дали само неверството е пресудно или можеби оние лаги неповрзани со неверството (како на пример партнерот ве лаже дека е болен за да не излезете заедно, а всушност ги викнал другарите да гледаат фудбал и сл), монотонијата или пак едноставно физичката оддалеченост.
Според мене она што ја уништува врската пред се е монотонијата, да не правите ништо ново и интересно, ретко да излегувате, да не се трудите да изгледате секси пред партнерот, едноставно да се однесувате како старци
Што е тоа што ве гуши кај партнерот и едноставно не гледате друг избор освен КРАЈ?
Си наброила многу различни нешта кои можат да стават крај на врската. Ниту едно од нив не е слично помеѓу себе.
Да ти поставам едно прашање на тебе.
Ако не ти е монотона врската и разбереш дека твојот партнер те изневерува дали тоа ќе е крај на врската за тебе или ќе чекаш да дојде монотоно?
Крај на врската може да е и монотоноста без да биде присутно неверството, или пак обратно, да не е монотоно, а сепак да постои неверство, и други причини можат да влијаат за крај на врска, сепак не можеме да зборуваме во глобала бидејќи секоја врска се одвива во различни околности.
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Си наброила многу различни нешта кои можат да стават крај на врската. Ниту едно од нив не е слично помеѓу себе.
Да ти поставам едно прашање на тебе.
Ако не ти е монотона врската и разбереш дека твојот партнер те изневерува дали тоа ќе е крај на врската за тебе или ќе чекаш да дојде монотоно?
Крај на врската може да е и монотоноста без да биде присутно неверството, или пак обратно, да не е монотоно, а сепак да постои неверство, и други причини можат да влијаат за крај на врска, сепак не можеме да зборуваме во глобала бидејќи секоја врска се одвива во различни околности.
ај вака ќе ти одговорам
ако има монотонија следува и изневерување и лаги
Ако ме изневери и ако премногу го сакам, можеби и ќе му простам,и ќе се ставам на ризик да му дадам втора шанса, но прво ќе се запрашам зошто ме изневерил, таквите работи се забележуваат, посебно ако си во долга врска.
ако ме лаже пак ќе размислам заради тежината на лагата дали да му раскинам или не.
физичката оддалеченост ај на некој начин можам да ја поднесам
Но ако осетам дека врската нема надеж, т.е завладеала некоја монотонија, нема друг избор освен раскинување, дека тоа е ништо друго туку тивко умирање.

затоа монотонијата ја ставам на прво место, дека преку сите овие работи може да се помине, но преку монотонијата НИКАКО барем за мене.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
не е наведено горе- сомнеж. Кога доаѓа сомнежот во врската тогаш сфаќаме се, ја согледуваме монотонијата, приметуваме кармини и тел. броеви, незадоволени сексуални желби....
Пред да се создаде сомнежот и да ги има горенаведените причини тие партнерите не ги приметуваат (или едниот партнер не приметува, ако е неверство)
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
17
Поени од реакции
5
Сите горенаведени услови,заедно,водат до крај на врската.Ако ме изневери,со тоа ми докажува дека не е задоволен со мене,тогаш нема зашто да бидеме заедно.А зашто да ме лаже дека е болен за да се види со другарите коа може поштено да ми каже :денес искачам со другарите " јас ќе си искочам со другарки и крај на муабетот..Затоа ги одбирам неверството и лагите како најголеми причини за крај на една врска..Сепак монотонијата може да се поправи,а многу врски опстојуваат и додека се партнерите се физички разделени.
 
Член од
24 април 2011
Мислења
300
Поени од реакции
162
Пресуден и единствен услов е ако почне да не ми дава...или ми дава..ама не ми дава како што ми давала..........
 
Член од
22 септември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
32
Неверство. Дефинитивно.
Не ме интересира дали била пијана, издрогирана или шотијазнам.. Ако стварно и значела врската, ќе си ги контролирала хормоните малку..
Доколку не може да се контролира додека е пијана/издрогирана, нека си го скрати тоа задоволство, за доброто на врската..
Честопати можам да слушнам од девојче дека може да прости неверство.. Ми се темни кога ќе го чујам тоа.. После тоа простување следува бран неверства од нејзина страна, кои според неа се „оправдани“, затоа што партнерот претходно ја изневерил.. И секако, на крај тие се повредените светици кои давале се’ од себе за врската да успее.
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
ako fizicki i psihicki me maltretira....ako premnogu pie ili se drogira toa se pricinite poradi koi vednas bi prekinla vrska
 

Kajgana Shop

На врв Bottom