Причината за посетата беа прескоците (аритмијата)кои ги чуствував или поточно екстрасистолите кои во 24 часа беа околу 915 на холтер. Што се однесва на пулсот 138 ми беше при физичка работа на моето работно место. Меѓутоа на извештајот беше забележано дека во текот на денот сум имал тахикардија со траење од 23 минути. (нешто што не ми го објаснаа). Иако докторот ми кажа дека до 3% од отчукувањата се дозволени екстрасистоли (кај мене беа 1%) сепак непријатното е бидејќи повеќето ги чуствувам што дополнително кајмене предизвикува страв. Она што најмногу ме интересира е причината за нивната појава за што дополнително ќе правам испитувања. Инаку "нервот" секојдневно ми е активиран и можеби тие се последица на стрес, анксиозност или сл. ама едноставно кажано сакам ако има проблем дали поради некоја срцева аномалија или причинаа е нервниот систем, да примам соодветна терапија која ќе ме врати во некоја нормала. Инаку фала на исцрпниот одговорпрескок се мисли аритмија, или се мисли брзи прескоци тахикардија? кога 115000 отчукувања се смета за една минута во тие 24ч излегува како одличен просек од 79 удари во минута, односно не се кажува САМО колку се отчукувањата туку треба да се каже што се прави во тој момент кога тој ЕКГ холтер регистрира... ете убаво кажа дека во длабок сон си имал 47 отчукувања во минута што значи телото „мирува“ а со тоа и пумпата (срцето)!
... ама не кажуваш кога се ги имал тие максимални 138 отчукувања? ако на пример ја видам мојата симпатија како поминува покрај мене, а во тој момент се уклучува мерењето биди сигурен дека 138 отчукувања се дури нормални ...нели, возбуденост, реагира адреналинот кој повлекува и крвниот притисок и отчукувањата на срцето, дури и ако лежам мирно и читам книга, ако помислам на нешто што ќе ме вознемири во моментот адреналинот, кортизолот ќе „се истури“ во крвта и нормална приправност на телото со одбранбена реакција е со адреналин- да се покачи и крвниот притисок и срцевото отчукување...
НО, тука е важно да истото веднаш или за кратко време да „се смири“ и врати во нормала кога ќе помислам за содржината на книгата и телото ќе се смири и со тоа ќе спадне и крвниот притисок и пулсот , ... би требало секогаш да се даде „извештај“ што се прави во тие моменти кога има турбуленција и колку трае сето тоа дали ТИ воопшто си запишувал нешто во текот на денот што си правел додека тој ЕКГ холтер мерел? посебно дали си запишал кога си имал некои од овие симптоми како „гушење“, „омалаксаност“, „градна болка“? а?
сигурна сум дека си бил ТОП при носење на холтерот само си имал психички страв и ништо друго! затоа со твоите години се сомневам дека нешто имаш загрижувачки, освен ако имаме некои вродени срцеви заболувања или сме уживатели на опојни дроги или слични супстанции кои несоодветно даваат вакви реакции на срцето!
и уште нешто, дали ти се објасни пред да ти го монтираат ЕКГ холтер апарат, дека се можни пречки од други електромагнетни бранови што може да пречи на самиот апарат како електрокардиографско регистрирање давајќи погрешен резултат? близина на микровална, близина на некој висок напон што знам некој столб со висок напон и најважно разговор на мобилен телефон?
... најчесто промените доколку некој ги има најчесто се видливи во ноќните часови кога носителот на холтерот спие, телото мирува и тогаш доаѓа до регистрација на некоја срцева аномалија која се регистрира...а вака ТИ онака „свесен“ како си вознемирен со тој холтер денски да мери, ма добро што „не дигна“ до 180 отчукувања во минута!
...добро е да се грижиме за нашето здравје и на време да реагираме, ама често претеруваме и од толку што многу знаеме од нештото што ништо не знаеме, само правиме лошо да добиеме фобија воопшто мислејќи цело време еве сега чука срцето брзо...еве сега ќе прескочи...еве сега ќе застане и ќе се умре и што е малку загрижувачки секогаш своето тело и ум му го даваме на докторот во целост, без малку и ние да размислиме сами за себе и да одлучиме за некои работи за себе, доктор ДА, но не безусловно!
Последно уредено: