Прескокнување на срце (екстрасистоли)

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
- Зашто?
...затоа што храната богата со протеини ( вклучувајќи ги млеко, јајце, спанаќ, сирење, мисирка, риба) и богата со јагленихидрати (вклучувајќи ги и ориз, бел леб, тестенини, колачи, крофни) ако ги има во нашиот оброк и тоа во поголема количина тие се богати со аминокиселина triptofan која кога е застапена во поголема количина делува на создавање на поголеми количества на серотонин и на хормонот на спиење мелатонин од каде иде причината за поспаност, мрзоволност после таков оброк!
Аха, ок. А ако им дадеме на деца од 15 на години од истата храна, ќе им се приспие ли на нив?

Друго, ако јадеш портокали, или јаболки и ти се приспие, од што е тогаш?

Престанете да рационализирате, храната служи како извор на енергија, било каков чест замор/омалаксаност после оброци (ако е во континуитет) е сигнал за проблем, кој треба и мора да се провери, се друго ви се само претпоставки. Повеќе инфо тука.
 
Член од
30 август 2017
Мислења
997
Поени од реакции
1.433
Пред 2 недели точно купив од овие SENDO ADVANCE 3 за мерење притисок дома, нешто на работа ми се случуваше да ми е покачен па се решив сам да контролирам крвен притисок и дали имам стварно проблем со крвниот притисок... мерев сабајле 30 минути после станување после работа и 1 саат пред да спијам обично крвниот притисок беше ок супер некогаш малку покачен кога мерев после работа ама тоа е нормално после упорен ден на работа на граници 130 со 85-90 сабајле и навечер 99% нормален притисок. Сега видов дека после секое мерење некој симбол се вклучуваше симбол на срце дека срцето ти вибрира за време на мерење и прочитав во упатсвото тоа да ти било дека ова нова технологија мери и неправилности на срцев ритам и после 7 мерење ти дава анализа колку е ризикот на твојата аритмија на 4 нивоа. Мене ми се случуваше скоро на секое мерење да имам неправилности на срцев ритам и кога видов тој апарат го анализира мојот срцев нарушување на многу опасен односно 3 ниво :eek: и ако постојано и крвниот притисок и пулсот ме беше нормално односно 120 со 80 или пулс 60-80 максимум но повеќете од случаите ми беше 60-70 а апаратот ми покажува и со тие параметри дека имам многу опасна аритмија и итно да одам на лекар :eek: WHAT A FUCK? Сакав да те прашам на мислење дали стварно да и верувам на ваков апарат кој кошта само 4300 денари (другар ми вика абе човече како можеш да се базираш на нешто што кошта толку пари а да се сомневаш на лекари кои имат софтицирана технологија, искуство и знаење да се надеваме) зошто веќе глупаво ми е да одам на лекар и да ми кажат одново ништо немаш.... имам напревено лани факинг холтер, ехо, стрес тест, екг милион пати (од холтер испадна дека имам тахикардија но не и присуство на аритмија од ехо кажа органот како орган е ок ништо сомнително, од стрес тест 11 минути траеше исто не најдоа нешто сомнително) се чуствувам глупаво пак да одам веќе ми здосади со одење на лекар за на крај да те сметат ко не нормален.
 
Последно уредено:
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.087
Поени од реакции
15.931

Ти си анксиозен и си се уплеткал у сопствената стапица. Јас би нашол добар кардиолог, би напраил испитувања и после би бил раат. Ти глеам веќе еден период верглаш за една те иста работа.
 
Тоа кажав и јас на мојот коментар знам дека пак ако одам ке ми кажат ништо немаш и само ке се нервирам дека лекарите не се во состојба да ми најдат мана... кај го купив тој глуп апарат што само двоумења ми ствари пак..
 
Член од
8 февруари 2016
Мислења
3
Поени од реакции
0

Брат, иста мака имам. 28 години без никакви здравствени проблеми, сем настинки и повреди што сам поради работата си ги имам направено, и од еднаш оп, аритмии. Опседнат биднав од мерење пулс и притисок, посетив 100 000 доктори, од кои и Чадловски, кој ме праша дали имам апетит и му одговорив негативно, што беше пресудно да ми стави дијагноза ф32 и да ми даде лекови за шизофренија и психоза... Страшно..
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.534
Поени од реакции
34.686
Аха, ок. А ако им дадеме на деца од 15 на години од истата храна, ќе им се приспие ли на нив?
...апсолутно ДА! ќе им се спие доколку оброкот е обилен и богат со протеини и јагленихидрати кои содржи аминокиселина триптофан која го зголемува лачењето на серотонин и на хормонот за спиење мелатонин!
- може прашање ?
- зошто е добро пред спиење да се напиеме чаша млеко?
Друго, ако јадеш портокали, или јаболки и ти се приспие, од што е тогаш?
...може е од предходна непреспиен ноќ? од немирен сон неквалитетно одмарање, тоа што сакаш да го насочиш кој нетолеранција на храна може само АКО СЕКОГАШ НИ СЕ СПИЕ после оброк со овошје и зеленчук !
Престанете да рационализирате, храната служи како извор на енергија, било каков чест замор/омалаксаност после оброци (ако е во континуитет) е сигнал за проблем, кој треба и мора да се провери, се друго ви се само претпоставки. Повеќе инфо тука.
... и пак ќе кажам и да е во континуитет поспаност после оброкот секогаш преобилноста на оброкот и содржината на триптофанот е прв причинител на поспаноста, секундарно можеби како знак за нетолеранција на храна не знам зашто толку насочуваш на ова млада популација на форумов кон инсулинска резистенција? кажи еден тука што ете има таква ситуација, само без веза ги плашиш :)
... али ОК секој си го кажува своето мислење, форум е !(y)
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Брат, иста мака имам. 28 години без никакви здравствени проблеми, сем настинки и повреди што сам поради работата си ги имам направено, и од еднаш оп, аритмии. Опседнат биднав од мерење пулс и притисок, посетив 100 000 доктори, од кои и Чадловски, кој ме праша дали имам апетит и му одговорив негативно, што беше пресудно да ми стави дијагноза ф32 и да ми даде лекови за шизофренија и психоза... Страшно..
Абе баталите доктори и дијагнози и не придавајте значај на аритмија. Денеска е најнормално да имаш аритмија из простог разлога шо живееме у ногу стресно време. Јас имам двајца пријатели станати жртви со F фијагноза кои секојдневно се кљукаат со бомбони такозвани "терапија". И ти друже @Taxi_Driver фрли тај апарат и не се замарај веке со притисок. Најди си некоја забава, гледај да лачеш адреналин.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.534
Поени од реакции
34.686
Брат, иста мака имам. 28 години без никакви здравствени проблеми, сем настинки и повреди што сам поради работата си ги имам направено, и од еднаш оп, аритмии. Опседнат биднав од мерење пулс и притисок, посетив 100 000 доктори, од кои и Чадловски, кој ме праша дали имам апетит и му одговорив негативно, што беше пресудно да ми стави дијагноза ф32 и да ми даде лекови за шизофренија и психоза... Страшно..
Денеска е најнормално да имаш аритмија из простог разлога шо живееме у ногу стресно време.
... точно така, во текот на денот може да имаме аритмија - екстрасистоли кои немаат поврзаност со болести на срцето туку како последица од прејадување, гастритис, инфекции, повишен крв.притисок, потечено грло, анемија, тироидеа, па стресна ситуација, нервоза, психолошка состојба тага и среќа... и што уште не, а срцето здраво како дрен!
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
...апсолутно ДА! ќе им се спие доколку оброкот е обилен и богат со протеини и јагленихидрати кои содржи аминокиселина триптофан која го зголемува лачењето на серотонин и на хормонот за спиење мелатонин!
- може прашање ?
- зошто е добро пред спиење да се напиеме чаша млеко?

...може е од предходна непреспиен ноќ? од немирен сон неквалитетно одмарање, тоа што сакаш да го насочиш кој нетолеранција на храна може само АКО СЕКОГАШ НИ СЕ СПИЕ после оброк со овошје и зеленчук !

... и пак ќе кажам и да е во континуитет поспаност после оброкот секогаш преобилноста на оброкот и содржината на триптофанот е прв причинител на поспаноста, секундарно можеби како знак за нетолеранција на храна не знам зашто толку насочуваш на ова млада популација на форумов кон инсулинска резистенција? кажи еден тука што ете има таква ситуација, само без веза ги плашиш :)
... али ОК секој си го кажува своето мислење, форум е !(y)
Триптофанот е скоро непостоечки во овошјата кои ги спомнав.Јас не знам зошто пробувам со тебе дискусија да имам, кога јас бев тинејџер, цело време го поминував во спортување/движење, идев на ручек и око не ми се склопуваше после супер тешки оброци - исто на сите другари од моја околина, во средно, основно и секаде каде што сум бил, ова се анегдоти и се далеку од некој доверлив доказ - ама да тврдиш дека секогаш после оброци треба да ни се приспие и смешно, земи изеди 150г ореви, (голема количина калории) и една салата и кажи ми дали ќе ти се приспие.

И не ме цитирај веќе не ми се врти у кругови, всушност ти не си ни свесна дека за се што не е медикамент се користат изрази како may, could, potentially и заради тоа што пишувало more research is needed, успеа магично да игнорираш 3 рандомизирани двојнo слепи студии, кои го потврдија ефектот на Ашваганда, иако за се што не е стандарден третман/медикамент го пишува истото - more research is needed yada yada.

А коментарот за чаша млеко ти е комедија, млекото не треба да се пие нит пред спиење, нит во било која ситуација, се вративме во 1970 :icon_mrgr:
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.534
Поени од реакции
34.686
Триптофанот е скоро непостоечки во овошјата кои ги спомнав.Јас не знам зошто пробувам со тебе дискусија да имам, кога јас бев тинејџер, цело време го поминував во спортување/движење, идев на ручек и око не ми се склопуваше после супер тешки оброци - исто на сите другари од моја околина, во средно, основно и секаде каде што сум бил, ова се анегдоти и се далеку од некој доверлив доказ - ама да тврдиш дека секогаш после оброци треба да ни се приспие и смешно, земи изеди 150г ореви, (голема количина калории) и една салата и кажи ми дали ќе ти се приспие.И не ме цитирај веќе не ми се врти у кругови, всушност ти не си ни свесна дека за се што не е медикамент се користат изрази како may, could, potentially и заради тоа што пишувало more research is needed, успеа магично да игнорираш 3 рандомизирани двојнo слепи студии, кои го потврдија ефектот на Ашваганда, иако за се што не е стандарден третман/медикамент го пишува истото - more research is needed yada yada.А коментарот за чаша млеко ти е комедија, млекото не треба да се пие нит пред спиење, нит во било која ситуација, се вративме во 1970 :icon_mrgr:

... јас реков обилен оброк богат со протеини и јагленихидрати и улогата на присуство на триптофанот, за овошјето и зеленчук реков дека може да му се спие после таков оброк доколку имал непроспиена ноќ, неквалитетен сон или нешто слично....ама ти некако ги превртуваш работите, богами имаш талент за политичар...пробај !
П.С.
инаку околу млекото
...новордените кои се хранат со мајчино млеко кое содржи триптофан и придонесува за синтетизирање на хормонот на спиење мелатонин и спијат многу подобро за разлика од новородените кои се на адаптирано млеко кое нема таква аминокиселина триптофан! тука!

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.534
Поени од реакции
34.686
Пред 2 недели точно купив од овие SENDO ADVANCE 3 за мерење притисок дома, нешто на работа ми се случуваше да ми е покачен па се решив сам да контролирам крвен притисок и дали имам стварно проблем со крвниот притисок... мерев сабајле 30 минути после станување после работа и 1 саат пред да спијам обично крвниот притисок беше ок супер некогаш малку покачен кога мерев после работа ама тоа е нормално после упорен ден на работа на граници 130 со 85-90 сабајле и навечер 99% нормален притисок. Сега видов дека после секое мерење некој симбол се вклучуваше симбол на срце дека срцето ти вибрира за време на мерење и прочитав во упатсвото тоа да ти било дека ова нова технологија мери и неправилности на срцев ритам и после 7 мерење ти дава анализа колку е ризикот на твојата аритмија на 4 нивоа. Мене ми се случуваше скоро на секое мерење да имам неправилности на срцев ритам и кога видов тој апарат го анализира мојот срцев нарушување на многу опасен односно 3 ниво :eek: и ако постојано и крвниот притисок и пулсот ме беше нормално односно 120 со 80 или пулс 60-80 максимум но повеќете од случаите ми беше 60-70 а апаратот ми покажува и со тие параметри дека имам многу опасна аритмија и итно да одам на лекар :eek: WHAT A FUCK? Сакав да те прашам на мислење дали стварно да и верувам на ваков апарат кој кошта само 4300 денари (другар ми вика абе човече како можеш да се базираш на нешто што кошта толку пари а да се сомневаш на лекари кои имат софтицирана технологија, искуство и знаење да се надеваме) зошто веќе глупаво ми е да одам на лекар и да ми кажат одново ништо немаш.... имам напревено лани факинг холтер, ехо, стрес тест, екг милион пати (од холтер испадна дека имам тахикардија но не и присуство на аритмија од ехо кажа органот како орган е ок ништо сомнително, од стрес тест 11 минути траеше исто не најдоа нешто сомнително) се чуствувам глупаво пак да одам веќе ми здосади со одење на лекар за на крај да те сметат ко не нормален.
SENDO ADVANCE 3 за мерење на крвен притисок дома !
https://sendo.info/mk/#lesen-za-upotreba
... кај возрасните, нормално е околу 72 отчукувања во минута, пулсот за жените се смета за 70-80 отчукувања во минута, а за мажите - само 60-70 удари... а со стареењето, нејзината фреквенција е намалена до 65 отчукувања во минута...а спортистите секогаш имаат ниски вредности на отчукување 59...60..65 !

... неопходно е да се побара медицинска помош, ако фреквенцијата е поголемо од 100 отчукувања во минута, во отсуство на физичкиот напор, и емоционалната состојба, ако пулсот станува нормално во рок од пет минути по престанокот на вежбање, ако фреквенцијата е помалку од педесет отчукувања во минута со слаб пулс тоа може да се укаже на срцева слабост, пулс кога ударите се јавуваат во различни интервали!

...со еден збор секој може да си го почувствува забрзаното работење чукање на срцето - забивтан или кога има успорена работа на срцето тогаш чувствува млитавост слаб откуцај ...или ако ако има прескоци како аритмија со прескоци секогаш доаѓа до малку гушење до грло некоја кнедла и незгодно чувство дека срцето не чукна еднаш т.е. како да застана во едниот удар...

.... ете тие се тие ситуации кои секој човек ги чувствува ЛИЧНО без да мери со апарат, а да знае колку удари има во минута на природен начин со два или три прста на вената на над дланката и тоа секогаш не дава исти вредности ако се мери на лева или десна рака!

....пулсот никогаш не се мери веднаш после оброк, по тешка физичка работа, бањање, масажа, секс, во студена просторија и после несоница секогаш тие вредности се погрешни и не преставува реалниот пулс на таа индивидуа!

ееееее сега одиме директно на твоето прашање, велиш се појави знак на апаратот кој означува дека во текот на повеќе мерења ти се регистрира неправилна работа на срце т.е. регистрирано како аритмија и тебе те фати паника после тој знак на апаратот!
прашање, дали ТИ си почуствувал нешто што го опишав погоре кога има прескок срцето? сигурна сум дека НЕ, туку едноставно се базираш на тоа што покажа апаратот!

...дали имаш идеја како работа апаратот т.е. како се врши мерењето?
си има сензори, мембрана која регистрира тој пулс на твоја вена удар ТИК - ТАК - ТИК - ТАК- ТИК и го регистрира, доколку НЕМА удар не се регистрира еден ТИК... но тоа не значи дека НЕМА УДАР туку може ударот Е ПОСЛАБ „ тик“ и апаратот не го регистрира како удар туку како пауза и тоа го регистрира како аритмија... тоа може да биде поради разни ситуации пример...прелабава ставена манжета на надлактица, поради неправилно центрирање на стетоскопот што е во манжета на местото на вената да го фати директно ударот т.е. подигање на вената и спуштање, поради неправилна дигната рака при мерење !
....така да нема простор за паника АКО ТИ САМ НЕ ПОЧУВСТВУВА ДЕКА ИМАШ ПРЕСКОК , а не апаратот што ќе каже, ако при мерење на крвен притисок ќе покаже 230 со 120 ќе се онесвестиш? а ти си добар и немаш ништо? ете апаратот поради Х причини така измери може треба да се сменат батериите, може не се намести добро и ете така измери??? и?? ти што ќе правиш? ќе поседиш неколку минути и ќе мериш повторно ќе внимаваш да бидеш мирен и правилно да се постави све како пишува...и ете добиваш веднаш точно мерење!

.... некогаш апаратите знаат да реагираат на гласна музика т.е. тон ако ти е пуштен ТВ може да „ фати звучен бран“ и да го меморира како почеток на откуцај а тоа не е наш удар на крвта туку звучен удар... дали тоа си го знаел?
така да уживај во животот, ти навистина ќе умреш ама не сега, најмалку после 60 години! ;)
 
Фала @bijons ти треба нобелова награда за трпение
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.716
Пред 2 недели точно купив од овие SENDO ADVANCE 3 за мерење притисок дома, нешто на работа ми се случуваше да ми е покачен па се решив сам да контролирам крвен притисок и дали имам стварно проблем со крвниот притисок... мерев сабајле 30 минути после станување после работа и 1 саат пред да спијам обично крвниот притисок беше ок супер некогаш малку покачен кога мерев после работа ама тоа е нормално после упорен ден на работа на граници 130 со 85-90 сабајле и навечер 99% нормален притисок. Сега видов дека после секое мерење некој симбол се вклучуваше симбол на срце дека срцето ти вибрира за време на мерење и прочитав во упатсвото тоа да ти било дека ова нова технологија мери и неправилности на срцев ритам и после 7 мерење ти дава анализа колку е ризикот на твојата аритмија на 4 нивоа. Мене ми се случуваше скоро на секое мерење да имам неправилности на срцев ритам и кога видов тој апарат го анализира мојот срцев нарушување на многу опасен односно 3 ниво :eek: и ако постојано и крвниот притисок и пулсот ме беше нормално односно 120 со 80 или пулс 60-80 максимум но повеќете од случаите ми беше 60-70 а апаратот ми покажува и со тие параметри дека имам многу опасна аритмија и итно да одам на лекар :eek: WHAT A FUCK? Сакав да те прашам на мислење дали стварно да и верувам на ваков апарат кој кошта само 4300 денари (другар ми вика абе човече како можеш да се базираш на нешто што кошта толку пари а да се сомневаш на лекари кои имат софтицирана технологија, искуство и знаење да се надеваме) зошто веќе глупаво ми е да одам на лекар и да ми кажат одново ништо немаш.... имам напревено лани факинг холтер, ехо, стрес тест, екг милион пати (од холтер испадна дека имам тахикардија но не и присуство на аритмија од ехо кажа органот како орган е ок ништо сомнително, од стрес тест 11 минути траеше исто не најдоа нешто сомнително) се чуствувам глупаво пак да одам веќе ми здосади со одење на лекар за на крај да те сметат ко не нормален.
за аритмија и тахикардија има повеќе методи, но што се однесува за екстрасистолис , мојот матичен доктор, пред 20 години, кажуваше : екстрасистолисот се открива само со стетоскоп..
инаку на времето, мислам пред 15-на години , една докторка во приватна клиники на Партизанска, нудеше преглед на срце со некој најнов компјутер, од 200000ус$ .. е сега што стана со тој компјутер, дали се продаде некаде или дислоцира, не знам...
 
Член од
30 јули 2017
Мислења
18
Поени од реакции
1
Здраво на сите. Претходниот месец носев ЕКГ холтер поради моите прескоци кои и те како ми создаваат нелагодно чуство. Резултатите беа следни. 115000 отчукувања во 24 часа. Пулс мин. 47 удари во длабок сон, макс. 138. И регистрирсни 917 ВЕС удари.
Е овие ВЕС удари ме исплашија иако двајца доктори ми кажаа дека не мора да се како последица на срцево заболување и дека треба да си ги приберам нервите :) Бидејќи од претходно пијам пропранолол од 40 мг, ми беше кажано како постепено во рок од две недели да ги прекинам по што уште еднаш ќе носам ЕКГ Холтер и ќе направиме стрес тест бидејќи докторот сметаше дека нема потреба да се пијат доколку причината за екстрасистолите не е поради срцево заболување. На ехо сум бил неколку пати но досега не се пронајдени никакви аномалии. Друг проблем ми е дишењето, односно честите кашлици особено наутро и исфрлање шлајм како да сум пушач па затоа ми дадоа препорака да направам преглед кај пулмолог. Дали има некој од вас со слично искуство и дали сте го нашле лекот?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.534
Поени од реакции
34.686
Претходниот месец носев ЕКГ холтер поради моите прескоци кои и те како ми создаваат нелагодно чуство. Резултатите беа следни. 115000 отчукувања во 24 часа. Пулс мин. 47 удари во длабок сон, макс. 138. И регистрирсни 917 ВЕС удари.
прескок се мисли аритмија, или се мисли брзи прескоци тахикардија? кога 115000 отчукувања се смета за една минута во тие 24ч излегува како одличен просек од 79 удари во минута, односно не се кажува САМО колку се отчукувањата туку треба да се каже што се прави во тој момент кога тој ЕКГ холтер регистрира... ете убаво кажа дека во длабок сон си имал 47 отчукувања во минута што значи телото „мирува“ а со тоа и пумпата (срцето)!

... ама не кажуваш кога се ги имал тие максимални 138 отчукувања? ако на пример ја видам мојата симпатија како поминува покрај мене, а во тој момент се уклучува мерењето биди сигурен дека 138 отчукувања се дури нормални ...нели, возбуденост, реагира адреналинот кој повлекува и крвниот притисок и отчукувањата на срцето, дури и ако лежам мирно и читам книга, ако помислам на нешто што ќе ме вознемири во моментот адреналинот, кортизолот ќе „се истури“ во крвта и нормална приправност на телото со одбранбена реакција е со адреналин- да се покачи и крвниот притисок и срцевото отчукување...

НО, тука е важно да истото веднаш или за кратко време да „се смири“ и врати во нормала кога ќе помислам за содржината на книгата и телото ќе се смири и со тоа ќе спадне и крвниот притисок и пулсот , ... би требало секогаш да се даде „извештај“ што се прави во тие моменти кога има турбуленција и колку трае сето тоа дали ТИ воопшто си запишувал нешто во текот на денот што си правел додека тој ЕКГ холтер мерел? посебно дали си запишал кога си имал некои од овие симптоми како „гушење“, „омалаксаност“, „градна болка“? а?

сигурна сум дека си бил ТОП при носење на холтерот само си имал психички страв и ништо друго! затоа со твоите години се сомневам дека нешто имаш загрижувачки, освен ако имаме некои вродени срцеви заболувања или сме уживатели на опојни дроги или слични супстанции кои несоодветно даваат вакви реакции на срцето!
и уште нешто, дали ти се објасни пред да ти го монтираат ЕКГ холтер апарат, дека се можни пречки од други електромагнетни бранови што може да пречи на самиот апарат како електрокардиографско регистрирање давајќи погрешен резултат? близина на микровална, близина на некој висок напон што знам некој столб со висок напон и најважно разговор на мобилен телефон?

... најчесто промените доколку некој ги има најчесто се видливи во ноќните часови кога носителот на холтерот спие, телото мирува и тогаш доаѓа до регистрација на некоја срцева аномалија која се регистрира...а вака ТИ онака „свесен“ како си вознемирен со тој холтер денски да мери, ма добро што „не дигна“ до 180 отчукувања во минута!

...добро е да се грижиме за нашето здравје и на време да реагираме, ама често претеруваме и од толку што многу знаеме од нештото што ништо не знаеме, само правиме лошо да добиеме фобија воопшто мислејќи цело време еве сега чука срцето брзо...еве сега ќе прескочи...еве сега ќе застане и ќе се умре и што е малку загрижувачки секогаш своето тело и ум му го даваме на докторот во целост, без малку и ние да размислиме сами за себе и да одлучиме за некои работи за себе, доктор ДА, но не безусловно!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom