Знам за то, само не знам колку е опфатено кај нас (Скопје сигурно, надвор од то не верувам). Не знам кој би ја прошетал или фрлил толку пари до Рим или Солун на прв дејт. Искрено на кафе на булвер доста е, кој нескафе, кој макијато или еспресо. А за поскромни жени кај нас тро потешко, не дека нема ама, оди барај ги од врата на врата.
Ако некогаш Диоген барал чоек со фенер среде бел ден, денеска среде бел ден со фенер „барам жена“ че биди.
Како шо кажав сè си има влијание, од отстранување на стариот систем на вредности до социјалните мрежи кои го поремтија денешното население, особено жените.
Кај жените создадоја комплекс на супериронст, подуено его, сите ме сакаат, емотивно манипулирање на ниво (немам видено жена која не е на телефон 24/7, и после биле „зафатени“).
Кај мажите создадоја несигурност, песимизам, самоомраза, инфериорност, несаканост, односно не можиш ништо да направиш.
Или пак ова можам да го објаснам на друг начин (ми текна рандом),
Ѓаолот ѝ вели на жената „сите те сакаат, најпосакувани си, не ти треба сериозна врска, имаш полно опции, не брзај, животот е пред тебе, ти можиш многу, можиш сè“.
А на мажот ѓаолот му вели „не те бива, откажи се, немаш ништо, да беше богат че ја имаше секоја, да беше поубав че можеше мнгоу, глеј ги нив, види се ти, откажи се скроз, не вреди“.
Можи не е најдобриот пример ама ех, така ми дојде на ум.
И на шо води сето ова? Не можење да се воспостави врска, едноставно луѓето не можат да стапат во нормална врска, намелен број на склопување на бракови, намален наталитет. Поарно че бидам сам/а него ли со некој (Cope infinite).