Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    728
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.830
Поени од реакции
36.862
Моментално Русија користи околу една третина а можеби и помалку воени сили од сите сили што ги распореди околу границата со Украина.

Очигледна е намерата да се стигне до Киев со што е можно помалку жртви и да се принуди Зеленски на брз политички договор. Колку повеќе ова трае и колку повеќе жртви има толку поголем ќе биде револтот во Русија и Украина и толку потешко ќе биде да се дојде до договор.
 
Член од
30 октомври 2021
Мислења
1.630
Поени од реакции
3.784
Мое аматерско мислење од тоа што читам, може ќе погрешам се, може ќе погодам делумно а може па и целосно точно.

- Ситуацијата во Киев е очигледна, во наредните денови ќе биде опколен а веројатно и заземен.

- Источната офанзива се чини дека е целосно насочена кон Харков.

- Офанзивата преку Донбас се чини дека е мешавина од обезбедување на областите под контрола на Украина за новите републики и задржување на украинската армија (и Националната гарда) кои се свртени кон таа линија.

- Се чини дека јужната офанзива е најголем успех (со тоа што Русите се префрлија во внатрешноста на Украина доволно брзо што ги оставија концентрациите на украинската војска во задниот дел на нивниот вангард, поради што тој мост кај Керсон постојано се менуваше). Другите руски сили од Крим се чини дека се пробиваат на запад и исток за да ги заземат Одеса и Мариупол (каде, наводно, помалата од двете десантни сили на поморската пешадија конечно влегла во борба).

Ако Русите не заебат, изгледа наскоро, иако поголемиот дел од територијата на Украина нема да види руски војник земјата практично ќе биде онеспособена (ако не и де факто освоена). Главниот град заземен, крајбрежјето исто, големите елитни и мобилни сили заробени на исток (соочени со руската војска на која едноставно не можат да ѝ свртат грб за да маневрираат), а земјата ќе се преполови долж Днепар. Има недопрени трупи и градови на запад, вклучително и она што е готов резервен главен град (Лвов), заедно со сигурна материјална (и монетарна) поддршка од преку границата на НАТО но не мислам дека тоа ќе биде доволно за да се продолжи борбата (особено ако повисоките командни ешалони на воената и цивилната команда би паднале со Киев).

Потполно непотребна војна според мене, не им требаше ова на Русите. Инаку Украинциве се скапаа од лажење (духот од Киев, змиски остров, возилоно што прегази кола, 2 авиони кои ги срушија синоќа итн). Уште ова, неверојатна глупост што дадоа оружје на кој стигне и ширеа вести за руски инфилтратори, десетици цивили загинаа од пријателски оган.
Русите влегоа во Киев и мислам дека сепак ќе имаат проблеми.
Само во Киев на локалното население им беа поделени 18.000 калашникови.
Секој руски војник на улица е веќе цел. Кога ќе почнат да им фрлаат гранати или молотови коктели од балконите, окупаторите друга песна ќе пеат .
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.165
Поени од реакции
22.745
Русите влегоа во Киев и мислам дека сепак ќе имаат проблеми.
Само во Киев на локалното население им беа поделени 18.000 калашникови.
Секој руски војник на улица е веќе цел. Кога ќе почнат да им фрлаат гранати или молотови коктели од балконите, окупаторите друга песна ќе пеат .
Не влегоа, Спецназ и ВДВ го зазедоа северниот и западниот излез, синоќа беа probing напади те гледаа кај се слаби Украинците, за колку време реагираат, од каде доаѓаат итн. Оклопните и механизираните единици на Русите се уште не се дојдени до Киев.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806
Админи што е работава,
од Донецк имам интернет насекаде освен до форумов?
Да не е проблемот во Кале?
ukraine-neo-nazi-2.jpg
Путин им праќа 10 000 брадосани доктори да ги лечат од нацизам!


Строги но праведни. Ги заградија да неможе да одат на запад, да прават бељи во Киев, Кадиров им кажа војни заробеници од нацисите да нема.
 
Член од
23 јуни 2015
Мислења
200
Поени од реакции
362
Јас пратам од Twiter, и не ви е чудно шо само украински вести има како убиле Руски војници, уништиле Руски авиони итн? Тешка пропаганда се воде, некој од тиа информации се точни можеби, ама мислам дека не а отсликува вистинската слика дека до сега ретко да видов Руско видео некое.
Од државен врв на Русија , забрането им е на Руската војска да снима.
Украинциве ги растураат Русиве, али на Твитер додека реална ситуација на теренот е потполно различна од тоа што се пласира во про-западни медиуми.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.165
Поени од реакции
22.745
Доколку нема слики/видео па и тогаш, не треба да се верува на се што се збори по нет. Да потсетам, сите ние тука се сеќаваме за време на Нагорно Карабах Ерменците прогласуваа победа по победа за да на крај излезе дека лажеле нонстоп.
 
Последно уредено:
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Од една страна ситуацијата ми оди ко Нагорно-Карабах во однос на медиумска покриеност каде Ерменците газееа па испадна дека го изеле убаво. Од друга страна Русите пак знаат да пратат на фронт војници кои се моментално на служење на воениот рок и да гинат во големи бројки. Некако ептен влетаа на јуриш Русите. Инаку Т-90 користеа во Сирија, Азерите користеа во Нагорно-Караба. Така да муабетите дека дали имаат 50 Т-90 не се некако издржани

Украинските политичари треба да се обесат, стави таму пермамента неутралност издоговори се со запад и Русите и пробај да цицаш од двете страни. Но тоа е кога имаш марионети на власт и ги насанкаа додека Бајденци си млатеа пари на нив. САД им одговара ова што подолго да трае и да се цедат Русите додека ЕУ ќе се префрли на нивниот ЛНГ и ќе мора да им го дудлаат за да ги заштити од Русија.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.649
Поени од реакции
42.204
Додека не пратат артилерија русите ќе немаат напредок. А украинциве ќе продужат да ги користат цивилите како штит.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.830
Поени од реакции
36.862
Рускава воена кампања до сега мене ми личи дека е со мешани резултати. Not great, not terrible. Ако отпорот е интензивен и тешко им оди или Зеленски не се предава, ќе користат повеќе борбени баталјони и тешко оружје а со тоа бројот на цивилни жртви ќе расте. Мислам дека ќе чекаат со таква опција освен ако стварно не е потребна.
Автоматски споено мислење:

Од една страна ситуацијата ми оди ко Нагорно-Карабах во однос на медиумска покриеност каде Ерменците газееа па испадна дека го изеле убаво. Од друга страна Русите пак знаат да пратат на фронт војници кои се моментално на служење на воениот рок и да гинат во големи бројки. Некако ептен влетаа на јуриш Русите. Инаку Т-90 користеа во Сирија, Азерите користеа во Нагорно-Караба. Така да муабетите дека дали имаат 50 Т-90 не се некако издржани

Украинските политичари треба да се обесат, стави таму пермамента неутралност издоговори се со запад и Русите и пробај да цицаш од двете страни. Но тоа е кога имаш марионети на власт и ги насанкаа додека Бајденци си млатеа пари на нив. САД им одговара ова што подолго да трае и да се цедат Русите додека ЕУ ќе се префрли на нивниот ЛНГ и ќе мора да им го дудлаат за да ги заштити од Русија.
Касно му текна на Зеленски со изјавата вчера “не оставија сами на себе”. Го тапшаа по рамо и оружје му даваа а сега кога почнаа да летаат бомбите и да гинат украински синови осветлуваат згради со улраинското знаме и глумст дека се многу загрижени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom