Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    726

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.650
Поени од реакции
33.815
Има многу работи што Русија сака од САД. Како главен приоритет е гаранција дека Украина нема да стане дел од Нато и дека нема да биде вооружувана со софистицирано западно оружје. Второ, олабавување на санкциите, трето, давање на согласност за Северен тек, итн.
Но само ги повторуваш површински видливите (и потенцираните) моменти. Суштината е дека ова е специјална војна (не конвенционална) која САД ја води против Русија. Нема да има значаен договор затоа што за компромис се потребни две работи, прво Русија делумно да отстапи од сегашните позиции за кои јасно кажаа дека им се црвени линии и дека нема да отстапат (Крим, Украина во НАТО, итн), и второ, САД делимно да отстапи од агресивната позиција и политика што не е за очекување - тие го почнаа судирот со организирањето обоена револуција и државен удар во Украина, и претходно со ширењето на НАТО и покрај ветувањата дека нема да го направат тоа.

Предвидливо е дека ќе има само вакви маневрирања, Русија ќе се прави дека се спрема за инвазија исто како што САД преку НАТО трупаат војска и оружје покрај границите на Русија. Русија нема да ја чини ништо да се „откажат“ од воена интервенција во Украина за возврат за некои писмени гаранции од САД (кои во старт им е јасно дека нема да бидат почитувани, ама може ќе се најдат за нешто во иднина, во некои идни расправи/дискусии во меѓународните институции.

Во случајов власта во Украина е таа што се поти со размислувања „што ако“ и гледање на филмови за еднодневната војна на Русија со Грузија.
Автоматски споено мислење:


 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Украина во нато и ракетите(за кои имаше најава, но не знам дали се испорачани) и руска војска од друга страна се според мене џокери во ракав за стекнување левериџ односно предност во преговорите, не очекувам вооружен конфликт. Жалосно е за украинскиот народ, што беше изигран и сега се игра шах на нивна земја. Тргнаа во офанзива пак америте , ја дрмаат Украина, ја дрмаат и Србија, Босна итн. Си викам што ако Русија организира една заедничка воена вежба со Куба и најави дека ќе им достави ракети Зиркон или нешто слично, тоа реално би било адекватен одговор, но мислам сеуште не се толку силни :)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.826
Поени од реакции
36.860
Некаде 50% од населението се руси и тие се стабилно проруско население. Останатите варираат, дел се про руси дел се про-сад. Во најоптимистички случај се не повеќе од 50% анти-руски расположени. И што е најважно територијално се компактни Русите.


Ако гледаш на долги стази... САД фрли на оружје 85 милијарди долари во Авганистан, за да ги наоружа по се изгледа Талибаните. Овие тука барем фрлаат на своите. А за проценката објаснив во претходниот пост. Не ја гледајте Украина во минатото како компактна со Русија, за да си мислите дека Русија нешто изгубила. Состојбата е ваква повеќе од 100 години.

А тоа што Путин прави потези, нормално.. зарем треба да седи со скрстени раце, додека му носат војска пред врата. Путин само кажува дека нема да седи мирен. А како тоа ќе го направи останува да видиме.

Но, bottom line, додека е статус кво, Украина нема да влезе во НАТО, а Русија нема да мрдне да смени нешто. Ти реков за да влезат во НАТО имаат 2 опции:
1. Да се откажат од Крим и Донбас.
2. Да си ги повратат териториите.

Па нека повелат :)

А 5-6 години ќе поминат многу брзо и неосетно. Па ќе го напраиме пак муабетот, како што го праиме сега после 7 години од Мајдан.

50% од популацијата во Украина се руси? да не си грешка нешто? Види ги анкетите, пред иназијата на Крим мнозинството се против членство во Нато, сега големо мнозинство се За членство во Нато.

За членство не постојат такви услови за откажување на Крим или Донбас или да треба да си ги повратат териториите. Нато е сојуз со лабави правила, утре ако САД притисне, на една виртуелна конференција може да изгласаат прием во Нато за Украина. Моментално нема да се случи за да не се антагонизира Русија и само ќе креира проблеми, ама тоа цело време ќе им виси на глава како можно сценарио кое може да се случи во секој момент. Затоа и Русите бараат гаранции.

Ќе видиме кај ќе бидат за 5-6 години, ама овој притисок на Русија кажува дека не им се чека толку време.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.650
Поени од реакции
33.815
Чии анкети?
Ако сакаш (и ако можеш да платиш) уште утре може да добиеш „анкети“ дека мнозинството се чуствуваат како Марсовци и дека под итно сакаат да се репатрираат на Марс. :)


Си викам што ако Русија организира една заедничка воена вежба со Куба и најави дека ќе им достави ракети Зиркон или нешто слично, тоа реално би било адекватен одговор, но мислам сеуште не се толку силни :)
Зошто не Мексико? :)
Подобра аналогија е (копнена граница и потенцијално нерешени територијални спорови, Тексас, Калифорнија, итн).

Инаку немаат некоја поента интерконтинентални балистички проектили од блиска локација/држава. Циркон си се таман за од Русија, да не знаат од каде ќе ги испалат ни од каде ќе дојдат (на пример од север преку Канада, или од североисточен Атлантик.
Ама краткодометни проектили имаат поента, низок лет и тешки (спори) за детекција... Не дека Америте со нивната географска положба воопшто имаат системи за детекција на краткодометни проектили. :)

Но тоа се MAD сценарија, скраја да се. Само ненормална особа може да навива за такво нешто. Настрана од тоа најголем удар за Пакс Американа секако е удар по статусот на доларот како петровалута. Токму тоа е центарот на моќта на империјата и сите военоматеријални предности што ги имаат се благодарение на наметнувањето на доларот како петровалута и како меѓународна валута за државни резерви, па потоа следствено преку инфлација и „принтање“ на нови долари целиот свет ја финансира и секојдневно ѝ плаќа данок на Пакс Американа. Практично сите ние останатите плаќаме за нивните носачи на авиони, и за бомбите со кои не тероризираат и не прават нивни клиент држави.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.826
Поени од реакции
36.860
Чии анкети?
Ако сакаш (и ако можеш да платиш) уште утре може да добиеш „анкети“ дека мнозинството се чуствуваат како Марсовци и дека под итно сакаат да се репатрираат на Марс. :)
Не ми е верно дека мнозинството Украинци се проруски настроени после три и пол илјади убиени украински војници, анексијата во Крим и граѓанската војна во Донбас :D
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.635
Поени од реакции
42.169
Зависи каде, бандерашите обично се на запад и они се антируски расположени, истокот не е толку антируски.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.650
Поени од реакции
33.815
И на запад исто како на исток, нормалните секојдневни луѓе последното нешто што го сакаат е конфликт и војна со светска велесила. Посебно не заради интересите на друга светска велесила. Тоа само фринџ елементи може да го посакуваат, како неонацистите кои им беа главната алатка на Америте во државниот удар во Украина.

Не ми е верно дека мнозинството Украинци се проруски настроени после три и пол илјади убиени украински војници, анексијата во Крим и граѓанската војна во Донбас :D
Колку што овде луѓево се антиамерикански расположени после децениско користење на Шошоните како примарна алатка (имаат и други алатки) за divide at impera, и општо работење против нашите национални интереси.

Не е баш најдобрата паралела, ама горе долу тука некаде се работите. Не е дека овде ќе најдеш значаен процент на луѓе што би сакале конфликт со САД заради сите бељи што ни ги направија. Исто ни во Украина нема да најдеш значаен процент на луѓе што би сакале конфликт со Русија. Работите се какви што се, од друга страна имаш пропаганда и правење филмови и на крај работата е секому неговото. :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.425
Реално ако имаат намера Русите т.е. Путин да ја нападна Украина и Кинезите, Тајван, ова е најдобриот момент.

Прво САД се во големи внатрешни проблеми, второ ова е една од најнеспособните влади што ги имала САД.

Така да подобар момент за ограничен конфликт нема.

Ова е само моја логичка обсервација, иначе целосно ги поддржувам Украина и Тајван.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.650
Поени од реакции
33.815

Kaко да е нивно (на америте) да дадат да се користи северен поток 2, и како да не би го забраниле со декрет ако веќе располагаат со толкава контрола. ;)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.826
Поени од реакции
36.860
Не дека е нивно, ама ако ја нападнат Украина тешко дека ќе проработи тој гасовод. Во Германија ќе биде тешко да помине таа приказна.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.650
Поени од реакции
33.815
Зошто тогаш Германија не го кажува тоа, туку Блинкен? :)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.826
Поени од реакции
36.860
Зошто тогаш Германија не го кажува тоа, туку Блинкен? :)
Сеа не знам зошто го кажува, може го прашале. Ама добро знаеме дека ако се случи таква инвазија, Германија ќе нема друга опција освен да го замрзне пуштањето на северен тек.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Инвазија може само јуесеј да направи, на Донбас. Е која приказна ќе ја продаваат не знам, ама имаат шаблони од секаков вид, веќе видено.
 
M

Macedon1um

Гостин
Под напад ќе го подразбираат Руското бранење на Донбас и Крим. Може гасоводот ќе се замрзне ама Путин нема да крене раце од Украина, а секако Украинците најдебело ќе го окркаат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom