Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.686
- Поени од реакции
- 33.854
Не разбираш, за сфери на интерес зборував - не за територијални претензии. Сфера на интерес е нешто, обично држава или територија, која е важна за интересентот.Минато свршено време е тоа, Украина повеќе нема да биде со Русија после сето ова.
Инаку не е точно за Мексико и Канада, тие постојат од време кога се создадени САД, а Мексико и водела војна со САД, одамна.
Украина е создадена многу покасно од Руската империја, била нејзин соствен дел и се одвоила од неа.
Споредбата би била правилна ако да речиме Тексас се одвои од САД, па тогаш можема да правиме муабет за слични сфери на интереси.
Да повторам, Украина е, и секогаш ќе биде, во сфера на интерес на Русија. Исто како што Мексико и Канада, секогаш ќе бидат во сфера на интерес на САД.
Разбираш, Русија секогаш ќе биде заинтересирана да има влијание во Украина. Се додека постои Русија, без разлика во каква економска или воена состојба е, едноставно не е можно да нема интерес во Украина. Но САД, порано или подоцна ќе загубат интерес во Украина, или ќе дојде време кога нема да им биде исплатлива инволвираноста.
За САД истото е со Мексико, или Канада. Да илустрирам, ако Кина и/или Русија се обидат да прават обоена револуција во Мексико (пошто двајца може да ја играат таа игра), САД ќе има и тоа каков интерес да се вклучи во тој нов театар на збиднувања. Исто како што Русија се вклучи во збиднувањата во Украина, неофицијално се разбира.
Компренде пендехо?