Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    748

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.289
Поени од реакции
8.481
Паметна е Меркел, зошто и нова Грција во на унијата.Кај и да се свртат украинците газот црвен. До душа јас мислам и дека пресечено е за ситуацијава со Украјна само чекаме мерење преку интернет на муабетот за русите или за американците си?
Во секој случај повеќе во ситацијава ми е лешперскиот потег на НАТО да се докопа толку блиску до Русија. Што мајка бараат на здраво да прават рчки.... и на крај друг го сноси за тие рчки.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.479
Поени од реакции
5.176
Украина никогаш нема да влезе во ЕУ и НАТО. Не затоа што Русија ќе им забрани, туку затоа што самите ЕУ и НАТО нема да ја примат.
Едноставно, се работи за огромна држава со бројно население, која ако влезе во ЕУ и НАТО, ќе има огромно влијание внатре во сојузите, нешто што ниту ЕУ, ниту НАТО го сака.

Украина добар дел од независноста па наваму беше проевропски настроена. Влезе во НАТО, ЕУ?

И уште нешто, ако Русија "губи" од ситуацијава, тогаш што мислите, зошто седи мирно?
 
M

Mario Gómez

Гостин
Гледам сите сте оптоварени со имотот на Јанукович.
Еве ви една статија во Комсомољскаја Правда за имотите на водачите од Евромајдан.
Така да, тешко на народите на Украина.
Кличко разбирам, боксер, заработувал пари.

Текстот е на руски јазик.

Оваа ако нема кој ќе има, Заев? Од шо и се парите, сигурно природен гас не произведува од задникот. Абе, стрижи го народот! Тоа се политичарите у екс-социјалистичките републики. Над 100 луѓе погинаа за оваа да испадне од затвор и да си ја прчи сеа у вилите. Украина е чист пример за колку можеш лесно да изманипулираш сиромашен народ.
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.834
Поени од реакции
12.290
Украина никогаш нема да влезе во ЕУ и НАТО. Не затоа што Русија ќе им забрани, туку затоа што самите ЕУ и НАТО нема да ја примат.
Едноставно, се работи за огромна држава со бројно население, која ако влезе во ЕУ и НАТО, ќе има огромно влијание внатре во сојузите, нешто што ниту ЕУ, ниту НАТО го сака.

Украина добар дел од независноста па наваму беше проевропски настроена. Влезе во НАТО, ЕУ?

И уште нешто, ако Русија "губи" од ситуацијава, тогаш што мислите, зошто седи мирно?
Во ЕУ не, ама во НАТО можи. Ќе си стават една база америте таму, башка Украина ќе мора да си праќа војници и сама да ги плаќа за да гинат во Либија, Сирија итн итн односно каде што ќе им текни на америте да се тепаат. А дури и во НАТО да не влезат ќе бараат начин некако америве база да постават таму, да заобиколат некои протоколи и слично. Барем јас така мислам.
E сега за Русија, не значи дека вака и ќе остани ситуацијата. Ќе дојди и време за реагирање
 
Последно уредено:
M

Mario Gómez

Гостин
Украина никогаш нема да влезе во ЕУ и НАТО. Не затоа што Русија ќе им забрани, туку затоа што самите ЕУ и НАТО нема да ја примат.
Едноставно, се работи за огромна држава со бројно население, која ако влезе во ЕУ и НАТО, ќе има огромно влијание внатре во сојузите, нешто што ниту ЕУ, ниту НАТО го сака.

Украина добар дел од независноста па наваму беше проевропски настроена. Влезе во НАТО, ЕУ?

И уште нешто, ако Русија "губи" од ситуацијава, тогаш што мислите, зошто седи мирно?
Зашто мислиш дека седи мирно? Треба ли да објават какви мерки ќе превземат? Или треба војна да започнат?

Цел свет збори за некоја воена интервенција, но која би била целта на таа воена интервенција? Мислиш сакаат да анексираат дел од Украина кон Русија, како да веќе немаат доволно територии кои се потенцијални жаришта, па им треба уште дел од Украина во кој живеаат и Украинци, и Руси и Татари и што не.

Они сакаат чисто да ги ебат Украинците, да им продаваат гас и нафта и куп други работи, и да нема НАТО бази у Украина, и тоа може да го направат на куп други начини а не преку војување.

Секакви филмови се праат на кајгана, ни Русија и Украина ќе влезат у директна војна, ни САД и Русија. Ако начекаат некаде ресурси недопрени ќе направат компромис и така ќе си играат.[DOUBLEPOST=1393546473][/DOUBLEPOST]
Во ЕУ не, ама во НАТО можи. Ќе си стават една база америте таму, башка Украина ќе мора да си праќа војници и сама да ги плаќа за да гинат во Либија, Сирија итн итн односно каде што ќе им текни на америте да се тепаат. А дури и во НАТО да не влезат ќе бараат начин некако америве база да постават таму, да заобиколат некои протоколи и слично. Барем јас така мислам
А зашо база да направат у Украина бе? Демек неможат да направат у Естонија, Литванија, Романија? Или мора да се поблиску до Русија пошо пешадија ќе пуштаат да ја освојат Москва. :rolleyes: Абе да ја има таа долго озборувана војна ни база ќе остане, ни градче, се ќе е пепел. На кој му одговара тоа?
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Еве како се дели народ. Снимка од Харков денес: градоначалникот де обидува да и објасни на рајата дека Харков е во Украина и дека работат по украински закони, па потоа се обиде да го тргне руското знаме на општо недогување на насобраните.

https://www.youtube.com/watch?v=RXWGYvbUD4s&feature=youtube_gdata_player
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.834
Поени од реакции
12.290
А зашо база да направат у Украина бе? Демек неможат да направат у Естонија, Литванија, Романија? Или мора да се поблиску до Русија пошо пешадија ќе пуштаат да ја освојат Москва. :rolleyes: Абе да ја има таа долго озборувана војна ни база ќе остане, ни градче, се ќе е пепел. На кој му одговара тоа?
А зошто да не напраат? Ќе бидат блиску до Русија. Војна засега нема да има ама за во иднина никој не можи да знај. ВО секој случај западот сака да си ја стави под контрола Украина и ќе им тропаат на врата на русите
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Еве да бидам реален по твој терк. Викаш дека САД не ги напуштила своите сојузници никогаш. Еве да направиме тука една линија и да се сложиме и да ја следиме твојата логика.

Логиката налага дека САД им беше сојузник на Грците во граѓанската војна и директно учествуваше во воените акции против Македонците, и тоа морам да кажам многу брутално. Е сега пошто САД никад не ги напушта своите пријатели (се покажа и докажа нели у Букурешт 2008), тоа значи дека САД никад нема да биде наш пријател. И сега јас не гледам зошто ја глорифицираш САД и тераш намерно или ненамерно пропаганда дека треба да се наклонети кон САД, а со тоа и да ствараш непотребен раздор знаејќи дека САД никад нема да ни биде пријател, пошто според тебе никад не ги напушта сојузниците.

А да не го спомнувам сојузништвото со Албанците и Вулгарите....

Но сепак мораш да признаеш дека ситуацијата не е таква каква што тврдиш дека е. Генерално сојузите и непријателствата се од идеолошки аспект пред се. Ако било така како што викаш САД и денеска ќе беше пријател со Иран нели.
Да,ама за тоа што САД никогаш нема да биде наш пријател се криви МАКЕДОНЦИТЕ а не АМЕРИКАНЦИТЕ. Само да те потсетам од историјата,САД 5 пати на разни историски настани има барано автономија за Македонија,и ден денеска во Вашингтон мислам дека се чува писмото кое САД го праќа на Султанот на Отоманската империја од кои бараат автономија за Македонија.Јас веќе имам пишувано за ова,значи 5 пати има барано низ историјата,има на Париската мировна конференција,на конференцијата во Јалта од Сталин и така натаму (побарај ги моите мислења ќе најдеш не ми текнува каде пишував за тоа),што значи хипотетички,не дека Америка нешто умира за Македонија,но мора да бидеме реални,они барале за нас автономија додека ние НЕ ГИ РЕЦКАФМЕ ТОГАШ и се колневме во Комунизмот,од друга страна,ја имаме мајка Русија која е директен креатор на Сан Стефанска Бугарија,земја која на онаа конференција во Букурешт сме распарчени рекле дека МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА ПОСТОИ ПО НИКОЈА ЦЕНА,НЕЈЗИНАТА ТЕРИТОРИЈА ДА БИДЕ ПОДЕЛЕНА НА ТРИ ВИЛАЕТИ.. епа брате,никој нема цел живот да те чека,ние додека бевме во Социјализам убаво ни беше нели ? ДРУЖЕ ТИТО МИ ТИ СЕ КУНЕМО.. и мислевме дека тоа вечно ќе трае,и сега кога тоа све се распадна,КРИВА Е АМЕРИКА ЗОШТО НИЕ ИМ ГО ПИКНАВМЕ И ИМ ГО ПИКАМЕ СО ВЕКОВИ НАНАЗАД.. А ОНИ СЕ ДОЛЖНИ СПРЕМА НАС СТАЛНО ДА НЕ МОЛАТ ДА БИДЕМЕ ВО НЕКОЕ СОЈУЗНИШТВО СО НИВ... да криви се.. треба да не молат до крај на светот...

Јас не ги бранам,ни малку,но не смееме да ги обвиниме нив за нашата ретардираност,да бевме паметни МАКЕДОНСКИ ТЕРОРИСТИ ќе беа на 5км од Тирана и ќе направеа војна таму а не АЛБАНСКИ ТЕРОРИСТИ да бидат на 5км од Скопје и војна да направат.Да од идеолошки аспект се сојузништвата и непријателствата,но Америка не го прави тоа што го прави Русија,они викаат ,,ИМАЈТЕ АВТОНОМИЈА,ДРЖАВА,АМА НИЕ ЌЕ ГО ВЛАДЕЕМЕ СВЕТОТ'' додека Русија вика ,,ИМАЈТЕ АВТОНОМИЈА,ДРЖАВА,ЗА УТРЕ НИЕ ДА МОЖЕМЕ ДА ОТЦЕПИМЕ НЕКОГО ДА БИДЕМЕ НИЕ ПОГОЛЕМИ''.. слично ама не и исто,може да не ти се допаѓа ова но ова е факт,сакал или нејкел..
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
По административните згради го преземаа и аеродормот, а Украинциве не знаат што да прават, да преземат нешто ќе испровоцираат Руски одговор.
Кога ви викам отиде Крим, само не го знаеме сценариото, референдум за осамостојување е распишан.
Вооружени војници на аеродромот во Севастопол
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Да,ама за тоа што САД никогаш нема да биде наш пријател се криви МАКЕДОНЦИТЕ а не АМЕРИКАНЦИТЕ. Само да те потсетам од историјата,САД 5 пати на разни историски настани има барано автономија за Македонија,и ден денеска во Вашингтон мислам дека се чува писмото кое САД го праќа на Султанот на Отоманската империја од кои бараат автономија за Македонија.Јас веќе имам пишувано за ова,значи 5 пати има барано низ историјата,има на Париската мировна конференција,на конференцијата во Јалта од Сталин и така натаму (побарај ги моите мислења ќе најдеш не ми текнува каде пишував за тоа),што значи хипотетички,не дека Америка нешто умира за Македонија,но мора да бидеме реални,они барале за нас автономија додека ние НЕ ГИ РЕЦКАФМЕ ТОГАШ и се колневме во Комунизмот,од друга страна,ја имаме мајка Русија која е директен креатор на Сан Стефанска Бугарија,земја која на онаа конференција во Букурешт сме распарчени рекле дека МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА ПОСТОИ ПО НИКОЈА ЦЕНА,НЕЈЗИНАТА ТЕРИТОРИЈА ДА БИДЕ ПОДЕЛЕНА НА ТРИ ВИЛАЕТИ.. епа брате,никој нема цел живот да те чека,ние додека бевме во Социјализам убаво ни беше нели ? ДРУЖЕ ТИТО МИ ТИ СЕ КУНЕМО.. и мислевме дека тоа вечно ќе трае,и сега кога тоа све се распадна,КРИВА Е АМЕРИКА ЗОШТО НИЕ ИМ ГО ПИКНАВМЕ И ИМ ГО ПИКАМЕ СО ВЕКОВИ НАНАЗАД.. А ОНИ СЕ ДОЛЖНИ СПРЕМА НАС СТАЛНО ДА НЕ МОЛАТ ДА БИДЕМЕ ВО НЕКОЕ СОЈУЗНИШТВО СО НИВ... да криви се.. треба да не молат до крај на светот...

Јас не ги бранам,ни малку,но не смееме да ги обвиниме нив за нашата ретардираност,да бевме паметни МАКЕДОНСКИ ТЕРОРИСТИ ќе беа на 5км од Тирана и ќе направеа војна таму а не АЛБАНСКИ ТЕРОРИСТИ да бидат на 5км од Скопје и војна да направат.Да од идеолошки аспект се сојузништвата и непријателствата,но Америка не го прави тоа што го прави Русија,они викаат ,,ИМАЈТЕ АВТОНОМИЈА,ДРЖАВА,АМА НИЕ ЌЕ ГО ВЛАДЕЕМЕ СВЕТОТ'' додека Русија вика ,,ИМАЈТЕ АВТОНОМИЈА,ДРЖАВА,ЗА УТРЕ НИЕ ДА МОЖЕМЕ ДА ОТЦЕПИМЕ НЕКОГО ДА БИДЕМЕ НИЕ ПОГОЛЕМИ''.. слично ама не и исто,може да не ти се допаѓа ова но ова е факт,сакал или нејкел..
Абе братко, војните се водат ради ресурси или територија углавно да се има некој интерес, САД има од 45` па наваму незнам колку војни почнато и сите биле ради некаков интерес, а не затоа што се толку добри као што ги опишуваш и бараат демократија за сите народи во светот, ако е така зашто не влезат во војна со Кореа или Иран затоа што знаат дека нивните сојузници можат да наебат од кои тие имаат невидена финансиска корист (Јужна Кореа и Израел), а не затоа што им се пријатели и не ги оставаат, нека ја сменат политиката Израел према САД, да видиш како одма ке застанат на страна на Палестина, додека Русија исто така се води од своите интереси, но за разлика од САД истите се многу побогата земја и немаат некој математика да ратуваат кај што ке стигнат за ресурси и углавно војуваат за заштита на својата безбедност, својот народ и заштита на своите огромни бизнис зделки. Остани ми поздравен.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Американциве едвај чекат да ги избркаат Русиве и они да влезат во Украина, како што беше со Афганистан и сличниве. А Русиве ќе си го повратат Крим. И ќе го направат многу брзо.[DOUBLEPOST=1393582196][/DOUBLEPOST]
Русија нема да интервенира воено во Украина,само така ќе шетат со тенковите и толку, така беше и во Косово..
Биди сигурен ти. Нека влезе некој на Крим.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Абе братко, војните се водат ради ресурси или територија углавно да се има некој интерес, САД има од 45` па наваму незнам колку војни почнато и сите биле ради некаков интерес, а не затоа што се толку добри као што ги опишуваш и бараат демократија за сите народи во светот, ако е така зашто не влезат во војна со Кореа или Иран затоа што знаат дека нивните сојузници можат да наебат од кои тие имаат невидена финансиска корист (Јужна Кореа и Израел), а не затоа што им се пријатели и не ги оставаат, нека ја сменат политиката Израел према САД, да видиш како одма ке застанат на страна на Палестина, додека Русија исто така се води од своите интереси, но за разлика од САД истите се многу побогата земја и немаат некој математика да ратуваат кај што ке стигнат за ресурси и углавно војуваат за заштита на својата безбедност, својот народ и заштита на своите огромни бизнис зделки. Остани ми поздравен.
Израел ќе наебел од Иран и Јужна Кореја ќе наебела од Северна Кореја? :pos::pos:
Ти ги имаш помешано брзините.
48-ма цела Арабија плус Египет со професионални војски ги нападнале евреите кои со лопати и ножеви се бранеле и пак изгубија, се посрамотија и територии свои изгубија, не па сега кога Израел има помодерна армија од Америка.
И дали тоа рече дека Русија е многу побогата од САД?
 
Епа по коју логику толко многоо се плашив од Иран и Северну Кореју, ако немасва исти моќ до сга ке бесва срамнети како Ирак, Србија, Либија и шта ти ја знам, иначе кажав дека Русија е далеку побогата од САД во однос на природни ресурси, како нафта, злато, шума, јаглен... и немаат проблем за истите да војуваат по блискиот исток, северна африка исто така имаат огромна територија која им е од стратешко значење и главниот град Москва е доволно далеку за да неможе да го погоди ниту една ракета, додека САД ако не војува за нафта и за стратешка позиција економски ке им биде далеку потешко.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Абе братко, војните се водат ради ресурси или територија углавно да се има некој интерес, САД има од 45` па наваму незнам колку војни почнато и сите биле ради некаков интерес, а не затоа што се толку добри као што ги опишуваш и бараат демократија за сите народи во светот, ако е така зашто не влезат во војна со Кореа или Иран затоа што знаат дека нивните сојузници можат да наебат од кои тие имаат невидена финансиска корист (Јужна Кореа и Израел), а не затоа што им се пријатели и не ги оставаат, нека ја сменат политиката Израел према САД, да видиш како одма ке застанат на страна на Палестина, додека Русија исто така се води од своите интереси, но за разлика од САД истите се многу побогата земја и немаат некој математика да ратуваат кај што ке стигнат за ресурси и углавно војуваат за заштита на својата безбедност, својот народ и заштита на своите огромни бизнис зделки. Остани ми поздравен.
За интереси да,но за територија не,Русија целата своја историја војувала за да се прошири и се проширувала,патем империја не станала преку ноќ,додека САД никогаш не биле империја и никогаш не се ширеле надвор од своите граници,поготово не во 21ви век како Русија со Грузија и сега Украина.Извини но мене ми е глупаво твоето размислување од типот ЗАШТО НЕ ВЛЕЗАТ ВО КОРЕА ИЛИ ИРАН.. и што ако влезат и што ако ги победат ? ете просто прашање ? ќе добијат БЕСМРНОСТ,ЌЕ ИМ РАСТАТ ПАРИ ВО АМЕРИКА НА ДРВАТА... што ? ништо.. јас ти гарантирам,значи со својот живот потпишувам дека ако не беше инвзијата врз Ирак и Афганистан ќе беше врз Иран а МОЖЕБИ и Кореа.Кореа не ја чепкаат затоа што имаат нуклеарно оружје,и не се плаши САД од тоа туку Јужна Кореја,само да те потсетам малце бидејќи сите овде зборите некои тези и теории а никогаш не гледате ни малце во историјата.Америка во Јапонија има 50.000 војници,во Јужна Кореја околу 5,10.000,географски гледано ракетите на С.Кореја би можеле да ја погодат Јапонија (мада чисто сумјам) но ајде да речем ГИ ПОГОДУВААТ... умираат ете сите до еден 50.000 американски војници.. а при тоа го знаеме фактот дека во Втората Светска војна Јапонија со нападот на Перл Харбор убива 3.000 американски војници,како одмазда Америка праќа илјадници бомбардери врз Токио и во една ноќ загинуваат 200.000 + атомските бомби каде уште плус толку умираат.. и сега те прашувам,што би им се случило на С.Кореја ако убие 50.000 американски војници притоа Јапонија за 3.000 платила со животи на скоро милион луѓе,значи 3.000 за 1.000.000,а 50.000 ???? затоа јас тебе и овие други русофили кои не ја разбираат геополитиката би ви препорачал НЕ ГО ПОТЦЕНУВАЈТЕ ЃАВОЛОТ.... :)

патем се извинувам што забегав за Америка толку многу но ме нервира нечива неиформираност и неможност за проценка на состојбата,за ова се паѓа на Воена Академија,да му кажеш на професорот НЕКА ВЛЕЗЕ АМЕРИКА ВО КОРЕА АКО СМЕЕ.. и во Русија да студираш и ова да го кажеш нема никогаш да те пројдат...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom