Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    747

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
Русија нема да интервенира воено во Украина,само така ќе шетат со тенковите и толку, така беше и во Косово..
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Извесно е единствено дека Република КРИМ ќе има референдум за независност на 25 мај. Резултатот од гласањето на референдумот може уште од сега да се насети.

Сега ќе треба да чекаме да видиме каква ќе биде ситуацијата во источна и јужна Украина, каде 70-80% се Руси и рускојазични Украинци, кои се и припадници на Московската Патријаршија.

Од друга страна, Јанукович е заштитен во Русија и се смета за единствен легитимен претседател на Украина и врховен лидер на војската на Украина, единствен избран на легитимни председателски избори, со што се фрла сенка на легитимноста на новата украинска власт.

Во наредните месеци ќе видиме што ќе биде со Украина.

Кога можеше Русија да интервенира во Грузија за 150,000 државјани на Руската Федерација, сигурно нема да седи со скрстени раце за 25 милиони рускојазични Украинци и Руси во Украина. И западот нема да ризикува да се конфронтира со Русија и да избие трета светска војна, така што моќта на Русија на светската политичка сцена се` повеќе расте.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.833
Поени од реакции
12.285
Се сложувам,ова е точно но ова не е оправдување.Стави се во позиција на некој украинец(значи украинец чист не русин) што гласал и го поддржувал Јанукович,и сега украинецов вика ,,Глеј,јас за него гласав а дојде ред неговите да ми ја распарчуваат земјата''.Точно се е интерес,ама Русија тоа го прави многу ПЕДЕРСКИ.Они дозволија Косово и да се отцепи и да стане држава без проблем,да,и памтиш што рече Путин во првите денови во војната со Грузија на Америка и западот ? КОГА ВИЕ МОЖЕТЕ ДА ПОДДРЖИТЕ СЕПАРАТИСТИЧКА ДРЖАВА МОЖЕМЕ И НИЕ,НИЕ ГО НАПРАВИВМЕ ИСТОТО ШТО ВИЕ СО КОСОВО,И ВИЕ ВОЕНО ГО ОТЦЕПИВТЕ КОСОВО,И НИЕ АБХАЗИЈА И ОСЕТИЈА ВОЕНО ГИ ОТЦЕПИВМЕ.. да резумирам,Русија ги пушти сите низ вода за да има алиби она да се шири територијално... дај ми пример каде што Америка поддржувала некој нејзин сојузник,за на крај да му рече ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ВЛАГАМЕ СО ВОЈСКА ДА ВИ ОТЦЕПИМЕ ДЕЛ... има таков пример ? мислам дека не..
:LOL: Русија го правела тоа педерски? Сериозно:?
Не не.....тие не велат ништо. Ќе те тапкаат по рамо па ќе ти земат после што сакаат.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Русија нема да интервенира воено во Украина,само така ќе шетат со тенковите и толку, така беше и во Косово..
Тоа било некогаш во Јелцинова Русија. ДЕНЕСКА постои нова Русија на Путин, права велесила![DOUBLEPOST=1393530978][/DOUBLEPOST]
Се сложувам,ова е точно но ова не е оправдување.Стави се во позиција на некој украинец(значи украинец чист не русин) што гласал и го поддржувал Јанукович,и сега украинецов вика ,,Глеј,јас за него гласав а дојде ред неговите да ми ја распарчуваат земјата''.Точно се е интерес,ама Русија тоа го прави многу ПЕДЕРСКИ.Они дозволија Косово и да се отцепи и да стане држава без проблем,да,и памтиш што рече Путин во првите денови во војната со Грузија на Америка и западот ? КОГА ВИЕ МОЖЕТЕ ДА ПОДДРЖИТЕ СЕПАРАТИСТИЧКА ДРЖАВА МОЖЕМЕ И НИЕ,НИЕ ГО НАПРАВИВМЕ ИСТОТО ШТО ВИЕ СО КОСОВО,И ВИЕ ВОЕНО ГО ОТЦЕПИВТЕ КОСОВО,И НИЕ АБХАЗИЈА И ОСЕТИЈА ВОЕНО ГИ ОТЦЕПИВМЕ.. да резумирам,Русија ги пушти сите низ вода за да има алиби она да се шири територијално... дај ми пример каде што Америка поддржувала некој нејзин сојузник,за на крај да му рече ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ВЛАГАМЕ СО ВОЈСКА ДА ВИ ОТЦЕПИМЕ ДЕЛ... има таков пример ? мислам дека не..
Мене ме изненадува пасивноста на западот. Западњаците само вербално апелираат Русија да не се вмешува во конфликтот, а руска војска се шета по Украина и западњаците се повлекуваат пред Русија. Западот отстапи и во Сирија пред руската сила.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Искрено јас не верувам дека нешто повеќе ќе се деси, не за друго туку заради фактот што пред 10 години ја имавме истата ситуација, кога уште со Тимошенко почна да потишува договори (парите на Тимошенко се заслуга на монополот на Рускиот Гас, а нејзиниот сојузник Јушченко сведочеше против неа во судењето).

Европа многу тешко дека ќе може да ја опраи економски Украина, пошто прво и основно тие 15-20 милијарди евра што и требаат на Украина се само за да се избегне банкрот, за да заживее скромно но компатибилно со западните нормативи растурената, според проценките, на Украинска економија и е потребен boost 70-80 милијарди евра, имајќи во предвид дека Индустријата на оваа држава е градена спрема Советскиот Сојуз (слично како и нашата индустрија спрема СФРЈ). Имајќи во предвид дека во Украина последните две децении се менуваат исклучително корумпирани режими кои не мрднаа со прст да ја зајакнат економијата, тогаш можеме да заклучиме дека Украина може само да и биде товар на ЕУ и како што во првата деценија од 21 век, Германија цврсто се спротивстви на интегрирањето на Украина во тн. Евроатлански структури, и сега немојте да мислите дека ќе биде поинаку. Евентуално може да се случи, што пак не ми се верува, некоја воена база на САД.

Мислам дека Русија ја гледа оваа ситуација и стои на страна за да не ствара непотребна Русофобија, но и подлабока диференцијација меѓу Украинскиот народ, слично како и за Портокаловата Револуција. Поделена Украина или Украина без Крим во краен случај не и одговара на Русија, зошто во една Украина без Крим на Русија многу се помали шансите Русија да има посериозно влијание. И си мислам доколку Украина не испровоцира конфликт во Крим, Русија нема да реагира.

Иначе за враќање на Руското влијание во Украина, не е потребна никаква непромислена реакција од Москва. Проблемот претставувааат неонацистите, кои ми се чини се намерно фингирани да го растат гневот на Русите и проруски ориентираните Украинци за да предизвикаат конфликт во кој ќе влезе и Русија. Само со таков конфликт, Русија ќе ја изгуби Украина на долго време.

Дали грешам ќе покаже времето.
Апсолутно се согласувам. Токму тоа сакам да им го кажам на сите оние што се надеваат на, или плукаат заради, наводна руска воена интервенција во Украина. Незнам зошто сите мислат дека таквата интервенција би значела победа за Русија. Путин е доста ладнокрвен политичар и не игра брзоплето никогаш, така што такво нешто нема да се случи.
Едноставно ќе ја пуштат Украина да замрзне една зима и ќе им опнат еден ред отежнувања во трговијата. Потоа повторно сами меѓу себе ќе се јадат малоРусите.
Во интерес на украинскиот народ е нивната држава во овој период умно да балансира меѓу Западот и Русија... Но кај нив речиси сите досегашни (како и про-фашистичките кои ја узурпираа власта) политичари се покажии килави, корумпирани и неспособни, па лесно забегуваат, најмногу поради лични и бизнис интереси, во крајности. И сето тоа на штета на народот.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Абе ми се сере коа ги читам нашиве страни. "Видете како Русите влегоа во Украина", "Руската армија во борбена готовност". Абе све да се преувеличувало за читаност, настрана што појма си немаат и препишуваат од аматерски сајтови. Нема да има никаква воена акција на Путин. Едноставно се знае шо ќе прават, ќе ги зголемат многукратно царините за украинските производи на рускиот пазар, а у исто време украинците на ЕУ пазар може да конкурираат само со нивните курви и оп нула извоз. Плус ќе им турат поголеми камати на долговите кои ги имаат за гас кон Русија и од нив ќе зависат. Едноставно жално е шо се дешава со толку голема држава. Големите сили никогаш не губат, губат помалку моќните држави кои ќе се најдат сред конфликт на интереси. Да не им си у кожа на Украинците.

Русите ќе го земале Крим, абеее ќе се задоволат они со мал залак, им потребал Крим многу згора над тие 17м км2 шо ги имаат.:rolleyes: Малце територии имаат што се потенцијални жаришта у јужниот дел уште Крим им треба да се тепаат со тие ретардираните татари. Да го сакаа ќе го земеа уште од порано ебаго.
 
Последно уредено од модератор:

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.344
Поени од реакции
6.028
Во интерес на украинскиот народ е нивната држава во овој период умно да балансира меѓу Западот и Русија... Но кај нив речиси сите досегашни (како и про-фашистичките кои ја узурпираа власта) политичари се покажии килави, корумпирани и неспособни, па лесно забегуваат, најмногу поради лични и бизнис интереси, во крајности. И сето тоа на штета на народот.
И после портокаловата револуција, своевремено балансираше и Тимошенко, ама со онолку националисти и фашисти сега, мислам дека тие што ќе бидат на власт нема да имаат простор за баланс, кормилото секогаш ќе им биде повеќе кон западен правец.

Со референдумот на Крим, со оглед на доминантното Руско население, најверојатно ќе изгласаат отцепување или самостојност. Дали ќе има воена интервенција на Русија зависи од тоа како тоа ќе го прифати Украина, дали ќе дозволи отцепување на Крим, или ќе испрати војска да го спречи тоа. Ако се случи второто, тогаш мислам дека ќе има Руска интервенција, како што впрочем изјавија и Русите, нема влегување, но ако се почувствуваат Русите незаштитено, има кој да ги заштити. Но тоа е за понатаму, а за понатаму ќе се види каков ќе биде односот на Русија и западот во поглед на политиката кон Украина, и дали Русија ќе може и во следната гарнитура на власт во Украина да инфилтрира свои луѓе кои ќе одработуваат. Опции има повеќе, иднината ќе покаже кон кој пат ќе го фати Украина, и однесувањето кон тој пат на Русија и западот.

Од друга страна, новиот премиер на Украина најави непопуларни мерки за граѓаните да се стабилизира Украина. Кажува дека касата е празна, и дека мора да се преземат конкретни чекори. ММФ намириса крв, најавува дека може да и излезе во пресрет на Украина.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Има многу примери. И самите оние што го поддржуваа Јанукович, знаеја дека Крим никогаш нема да биде дел од Украина.

Еве ти еден пример за тоа дека политиката што ја водат големите е чист интерес, ништо повеќе:

1 месец пред „револуцијата“ во Либија, Гадафи во Вашингтон беше пречекан со највисоки почести. За 1 месец стана најцрн диктатор кој мора да падни. Зошто? Зошто им ги побара парите од нафтата :).

Сојузник на Русија беше Јанукович. Овие го турнаа насилно Јанукович, и како што гледам расположението е антируско. Што мислиш, што би било различно ако наместо Русите беа Американците?
Примери нема,а како друго Крим припаѓал на Русија пред официјалното прекројување на гранциите на Советскиот сојуз кога Никита Хрушчов како претседател на СССР го става Крим во состав на Украинската Советска Социјалистичка Република.Тоа со Гадафи е друго,он како прво со Саркози беше најголем пријател па на крај дојде Франција да го бомбардира,ако не се лажам Саркози тогаш уште беше претседател.Различно би било тоа што немаше да има никакво туркање,тепање,демонстрации,убивања,закани врз територијалниот интегритет врз Украина од Америка.Америка не прави демонстрации,Америка одма праќа флота.. барем во најголем дел од случаевите.[DOUBLEPOST=1393535129][/DOUBLEPOST]
:LOL: Русија го правела тоа педерски? Сериозно:?
Не не.....тие не велат ништо. Ќе те тапкаат по рамо па ќе ти земат после што сакаат.
Е баш така..
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
дај ми пример каде што Америка поддржувала некој нејзин сојузник,за на крај да му рече ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ВЛАГАМЕ СО ВОЈСКА ДА ВИ ОТЦЕПИМЕ ДЕЛ... има таков пример ? мислам дека не..
Садам Хусеин?
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Садам Хусеин?
Садам Хусеин.. они него никогаш не го сметаа за сојузник туку го поддржаа во војната со Иран за Иран да не стане фактор утре(денеска) ама добро ајде да го прифатам како ''сојузнишство'' тоа,ама ако направам скала на сојузништво од 1 до 50,Садам Хусеин е на 52 место.. сојузништво е со Велика Британија,Франција,Германија и други докажани што не се искористени,кажи ми дали Америка од овие три има на некого земено дел од територија... па Америка ја почна Студената Војна за Германија.. а Русија на Србија несакаше ни да им даде против-авионски системи а не да влезе за нив во војна со НАТО.. биди реален и искрен кога пишуваш.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.344
Поени од реакции
6.028
Примери нема,а како друго Крим припаѓал на Русија пред официјалното прекројување на гранциите на Советскиот сојуз кога Никита Хрушчов како претседател на СССР го става Крим во состав на Украинската Советска Социјалистичка Република.Тоа со Гадафи е друго,он како прво со Саркози беше најголем пријател па на крај дојде Франција да го бомбардира,ако не се лажам Саркози тогаш уште беше претседател.Различно би било тоа што немаше да има никакво туркање,тепање,демонстрации,убивања,закани врз територијалниот интегритет врз Украина од Америка.Америка не прави демонстрации,Америка одма праќа флота.. барем во најголем дел од случаевите.
Америка не прави демонстрации. Таа ги финансира.

Не сакам да се препирам, за факти кои се повеќе од очигледни. Пишав дека западот и Русија си го гледаат само својот интерес, не им е гајле нив ниту за Украинци,Македонци,Албанци,Турци итн. Чиниш, се дури им користиш. После ќе те отфрлат и око нема да им трепне, ниту на едните, ниту на другите. Французите без амин и поддршка од Американците немаат храброст ни во некое забаталено село на ридот од Баскија да влезат, а камоли да го бомбардираат Гадафи.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Америка не прави демонстрации. Таа ги финансира.

Не сакам да се препирам, за факти кои се повеќе од очигледни. Пишав дека западот и Русија си го гледаат само својот интерес, не им е гајле нив ниту за Украинци,Македонци,Албанци,Турци итн. Чиниш, се дури им користиш. После ќе те отфрлат и око нема да им трепне, ниту на едните, ниту на другите. Французите без амин и поддршка од Американците немаат храброст ни во некое забаталено село на ридот од Баскија да влезат, а камоли да го бомбардираат Гадафи.
Делумно се сложувам,но Америка не ги остаела нејзините сојузници,затоа што таква е нивната доктрина на војување,тоа е факт а не дека јас тоа така го сакам.Овде ми даваат примери со Садам,со Талибанци.. со некои хоштаплери што се како бактерии толку ситни за Америка и уште ми викаат СОЈУЗНИЦИ БИЛЕ.. срамота е прво да се каже дека Америка може да биде сојузник со некој таков.Како и да е,викаш неможеле тоа Французите,да мрднат надвор од Баскија... тогаш топло ти препорачувам да видиш чив беше Виетнам пред да почне Виетнамската војна.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Садам Хусеин.. они него никогаш не го сметаа за сојузник туку го поддржаа во војната со Иран за Иран да не стане фактор утре(денеска) ама добро ајде да го прифатам како ''сојузнишство'' тоа,ама ако направам скала на сојузништво од 1 до 50,Садам Хусеин е на 52 место.. сојузништво е со Велика Британија,Франција,Германија и други докажани што не се искористени,кажи ми дали Америка од овие три има на некого земено дел од територија... па Америка ја почна Студената Војна за Германија.. а Русија на Србија несакаше ни да им даде против-авионски системи а не да влезе за нив во војна со НАТО.. биди реален и искрен кога пишуваш.
Еве да бидам реален по твој терк. Викаш дека САД не ги напуштила своите сојузници никогаш. Еве да направиме тука една линија и да се сложиме и да ја следиме твојата логика.

Логиката налага дека САД им беше сојузник на Грците во граѓанската војна и директно учествуваше во воените акции против Македонците, и тоа морам да кажам многу брутално. Е сега пошто САД никад не ги напушта своите пријатели (се покажа и докажа нели у Букурешт 2008), тоа значи дека САД никад нема да биде наш пријател. И сега јас не гледам зошто ја глорифицираш САД и тераш намерно или ненамерно пропаганда дека треба да се наклонети кон САД, а со тоа и да ствараш непотребен раздор знаејќи дека САД никад нема да ни биде пријател, пошто според тебе никад не ги напушта сојузниците.

А да не го спомнувам сојузништвото со Албанците и Вулгарите....

Но сепак мораш да признаеш дека ситуацијата не е таква каква што тврдиш дека е. Генерално сојузите и непријателствата се од идеолошки аспект пред се. Ако било така како што викаш САД и денеска ќе беше пријател со Иран нели.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.061
Поени од реакции
15.032
Гледам сите сте оптоварени со имотот на Јанукович.
Еве ви една статија во Комсомољскаја Правда за имотите на водачите од Евромајдан.
Така да, тешко на народите на Украина.
Кличко разбирам, боксер, заработувал пари.

Текстот е на руски јазик.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom