Третиот закон на Њутон, не дека е универзален и во политика, војна, но во нашиов случај меѓу два силни противници е во сила.
Запад го зголемува залогот, официјално зборат дека ќе праќаат војска, Русија го зголемува бомбардирањето.
До сега гаѓаше трафостаници, кој може некако да се заменат, поправат, имаат резерви, плус од запад им дават...
Оваа недела после победата на Путин, гледаме дека има некое ново решение во Русија.
Освен бомбардирање на бази , платеници, ПВО, веќе уништуваат и хидро и термо централи.
Земено е решение да се ликвидираат градовите со нив и на самата држава Украина.
Немаш струја, целото производство стопира, 90% ќе останат без работа. Ајде ќе купат генератор за водата, бензинските, некоја продавница, но животот е сосема друг, глад, банди, канибализам и миграција кон селата. Во град остануваат под 10% население, целиот систем и држава се руши.
Ова е универзален шаблон, докажан во историјата, пример може да ја прочитате книгата Чочара.
После ослободувањето е скапо да се поправат или изградат одново централите, тоа ќе треба да го плаќа Русија, затоа до сега не ги гаѓаа, но штом мора ќе се уништуваат. Во крајна сметка идна Украина како дел од Русија, не им требаат централи, ќе направат еден два јаки далноводи и ќе земаат струја од Русија.