Не ти успева флоскулата УСА вс остатокот од светот. И не се работите црно бели..Еве денеска баш Ескобар изрази огромна поддршка за Србите на Косово...Дали според твојава логика, УСА ги пушти косоварите по вода?
Второ, што ќе се случеше во 91-ва ако УСА не ја признаеше Македонија како самостојна држава? Дали денес ќе имавме држава (каква таква). Не ми почнувај сега ни го менаја името и слично...Името си го менавме САМИТЕ, а нивни интерес беше да не внесат во НАТО по секоја цена. Го боли стапот Американецот, Русинот или Кинезот што ние немаме образ и рбет, па нашле село без кучиња... Нема љубов во геополитиката, само интерес. Конкретен пример ти се ете Индија со САД. Индија е во БРИКС, ама Индија го поддржува Израел рамо до рамо со САД...
За Македончето да стани Македонец, конечно треба да престани да кука и плачи и сите да му се криви за неговите несреќи, и сам да се бори до крај за својата кауза. Секогаш се некој ни е крив, а никогаш самите себе си..До кај сакаш да се навраќаме историски наназад, каде секогаш самите себе си наштетуваме повеќе од што ни наштетува некој друг.
Колку комити знаеш што се предадени од самите Македонци на Турците? И тогаш Америте ни беа криви?
Готови се бре рамковнистите на балканското Манџуко наречено Косово, ако американски дипломат изјавил нешто такво.
Нешто слично потпиша и Џорџ Буш Помладиот во ноември 2004 непосредно пред референдумот за задржување на старата територијална организација на локалната самоуправа во Македонија, па сепак тоа не ги спречи неговите наследници да го подмачкаат теренот во 2015 и 2016 година за државен удар во Македонија и во 2019 година за анти-македонски уставни измени.
Изгледа не разбираш или поверојатно е дека одбиваш да разбереш дека секое општество си има црни овци, ги имало и ќе ги има.
Проблемот не е во тоа колку Македонци активно и своеволно соработувале со Турците, со татарските фашисти, со рамковнистичките балисти, со гејските монархисти или со српските монархисти и/или со српските четници. Проблемот е во тоа што некој од надвор турка своја агенда на овие простори која е и спротивна и на штета на македонските национални интереси.
Или па ај кажи колку рамковнисти се бореле против балистите, а биле предадени од сопствените сонародници ?
Или колку балкански татари се бореле активно против фашистичкиот режим во балкански татарстан, а биле предадени од своите ?
Или колку гејски партизани, меѓу кои имало и Македонци, биле предадени од своите во Втората Светска Војна, или за време на граѓанската војна во гејлада ?
Или колку Срби биле предадени од своите во рацете на швабите или Италијанците, или во рацете на монархистите и/или четниците за време на Втората Светска Војна ?
Изгледа не си запознаен со фактот дека домашни кодоши и предавници од секогаш ги имало, ги има и ќе ги има. Или па свесно и намерно одбиваш да се запознаеш со таквиот факт и да го прифатиш како сурова реалност не само кај Македонците, туку и кај буквално сите народи на планетава.
Домашните кодоши и предавници се рак рана на секое општество која треба да се реши со бесилка.
Но тоа не ги ослободува САД, НАТО и ЕУ од нивната вина и одговорност за анти-македонските политики кои се воведуваат и практикуваат во Македонија од 1992 година па наваму. Ако твоето објаснување е дека си начекале село без кучиња, па нормално дека ќе си ја искористат шансата да си ги истераат своите интереси преку домашните кодоши и предавници, тогаш и Русија е оправдана со својата воена интервенција во Украина бидејќи си ја искористила шансата активно да започне со операција за отстранување на канцерогеното ткиво во Украина кое претставува актуелна опасност не само за Русите кои живеат во Украина, туку и за Украинците, додека сеуште не метастазирало.
Инаку БРИКС е пред се` трговска и економска организација, а не политички и/или воен сојуз за разлика од ЕУ и НАТО.
Асанж треба да се пушти на слобода, и е неправедно затворен поради изнесување на вистината. Дури треба да му се овозможи сите документи (освен нормално оние со воени тајни) да ги објави без влакно да му фали...
Фала му на Бога, еднаш да напишеш нешто асално.
Ете таа ви е матрицата..Ако напишам нешто против Русија, одма сум прозапад. Мене не ми е проблем бре Декстере да го кажам нештото со неговото вистинско име, немам идоли, и не хвалоспевам никој. И Русија и САД си ги гледаат интересите, и двете држави ќе газат по мртви трупови милиони, за да ги постигнат своите интереси.
Не треба да бидеш про-запад за да бидеш против Русија, доволно е да не си бил никогаш во Русија, а да ја критикуваш врз основа на приказните и пропагандата кои ти ги сервирале западните медиуми.
Еве јас никогаш не сум бил во Русија, но познавам луѓе кои живеат во Русија и досега не ми кажале ништо лошо за животот во таа држава.
Но за волја на вистината ќе потенцирам дека не се занимаваат со борба против злото и против корупцијата, туку си ја гледаат само својата работа, а бидејќи живеат таму повеќе од 15 години, заклучокот е дека очигледно им е подобро од тука.
Еве да направам мала компарација, искрено не ми текнува со кој дебатиравме тука баш на оваа тема, или на Белорусија, дека државата има право да го затвори оној што отворено работи за сузбивање на поредокот и на јавните интереси на земјата.
Гонзало Лира во време на војна, со место на живеење во Украина, оправдува јавно и недвосмислено тоа што Русија ја напаѓа воено Украина. дури на одредени видеа и ликуваше на загинати украински војници.
Еве, да ти повлечам паралела..Утре му текнува на нашите ни мили соседи из Бугарске, да му текни да ја нападнат Македонија поради тоа што бугарското малцинство во земјава се чувствува угнетено, и сега ти излегува во воени услови, еве да го земам за пример некој шарен куртон од сороспииве, и ти вика „Абе слушај, Бугарите имаат право воено да интервенираат и да си го зачуваат бугарското население во Македонија..“
Еве ти контра прашање, ти како Македонец, и да би бил Премиер, што би му направил?
Нормално, нема да го убијам доколку би бил јас. Ама искрено да ти кажам, минимум што би направил е што би го стрпал во затвор, или ќе го протерам од државата.
Е па судејќи според твојата логика, очигледно го оправдуваш третманот кој Алексеј Навални го добил во Русија, бидејќи и тој беше обвинет и осуден за кривични дела, за разлика од Гонзало Лира кој не дочека ни судење, ни пресуда.
Од ваква гледна точка Навални дури и бил третиран како невин се` додека на суд не било докажано спротивното.
А кога сме кај домашните симпатизери на балкански татарстан, мислам дека веќе ги има и без воен напад и окупација на Македонија од страна на балканските татари.
Доволно е само да го провериш записникот од седницата во Собрание на која не беа изгласани најновите анти-македонски уставни измени, сите кои гласале ЗА се` претставници на балкански татарстан и на неговите интереси во Македонија.