Колку што знам и русите ја летаа 57-цата во Сирија, такви места се за тоа да тестираш во реални услови како функционира некое оружје, проблемот е што се додека не се соочиш со сериозен противник не му ги знаеш силните и слабите страни.
Се сеќаваме на Бредлито беше ептен фалено оти само средило цел батаљон Т-55 на Ирак, Абрамсите требаше да орат, ама они изгледа се полоши и од Леопардот.
За да знаеме дали Ф22, Ф35 се добри треба да ги пратат во Украина во првите борбени редови, како што гледаме и Ф16 слабо сакаат да и дадат, според тенеќе уште во април 2022 украинците ќе научеа да ги летаат за 2 недели.
За да некое оружје биде добро треба да е ефикасно и ефтино, северџаните умираа од смеење кога русите почнаа да користат кафези, за по некое време сите, повторувам сите од цел свет почнаа да го прават истото, значи измислиле нешто ефтино и делумно ефикасно, уште нема ефикасна заштита од дронови.
Некој се прашуваат зошто го повлекле од употреба, која е ефикасноста да пукаш во муџи со 200 милионски авион и да му правиш ремонт секој лет, кога тоа истото можеш да го направиш со руски/советски 10 милионски авион кој нема потреба од ремонт додека не се распадне.