До фрижидерот стасавме лепи? Името фрижидерот ли ќе ви го полни? Тие финти?
Да те прашам за фрижидерот. Цениве се кренати оти Русија нападна или оти Украина се брани?
Како се осмелуваат украинците да се бранат? Не им е срам, место среќно да се предадат, ненормални, домовите си ги бранат.
Цените не рипнаа ни зошто Рисија нападна, ни зошто Украина се брани.
Прво почнаа со Короната, полека се да поскапува, па со кризата за струја, овие работи беа пред војнава. Главна причина за растот на цените се санкциите од ЕУ кои наводно требаше да ја уништат Русија. Наместо тоа, кризата се префрли во Европа, па така Европа која до лани земаше ефтини енергенси, сега преку трети држави ги купува истите тие енергенси седум пати поскапо, исто и од Америка, неколку пати поскапо. Германија која сакаше да биде предводник во таа зелена енергија, почна да се враќа на прљавата. Истата таа Германија која нели беше лошо да зависи од руски гас, сега ќе зависи од Катарски, со договор на 14-15 години, многу поскап од рускиот. Со самото тоа, скокна цената на се. Ама на амерот му одговараше да ја стави Европа во ваква позиција, а глупите европјани доброволно прифатија. Уште кога почнаа со "страшниве" санкции, пишав дека попрво пола и повеќе Европа ќе пропадне, него ли Русија. Само гулуп човек може да верува дека може со санкции да изолираш земја ко Русија, со 14-15 копнени граници со други држави. Само глуп човек може да верува дека санкциите можат да имаат некој битен ефект врз Русија. Русија одма си најде друг купувач за ресусрите, а и овие што демек им ставија санкции ги купуваат пак рускиве ресусри. Па така ја имаш Индија, која купува огромни количини од Русија, па ги препродава на Европа за седум пати поскапа цена. Ова е јавно признаено од официјални лица на ЕУ. Од санкцииве погодени беа руските олигарси кои живееа надвор од Русија, бизнисите им беа надвор од Русија, парите им беа надвор од Русија, јахтите им беа надвор од Русија, па им ги земаа. Првите месеци од војната збореа како санкциите ова ќе постинат, она ќе постигнат, како се ова најстрашните сакнции во историјата. Од кога ги немаш слушнато да ги спомнат санкциите истите тие политичари, медиуми? Буквално низ цела Европа цените се енормно поскапени. Почни од струја, прехрамбени производи, се останато.
Украина го има секое право да се брани, ама колку тука и да се пробува да се претстави поинаку, Украина е таа која го почна се ова, нормално и Русија си има допринос. Колку и тука да се пробува да не наметне наратив дека војнава почнала лани во фебруари, војнава почна во 2014-та. И не почна со тоа што Русите од нигде никаде го заземаа Крим. Мајдан 2013-та, обидот да се убие Порошенко, откако веќе прифати да се тргне од власт, со гаранции од Германија и Франција. После следуваше Крим, каде Русија го искористи се ова за да го припои. И ова уште не е старт на војната. Следуваа Одеса и палењето проруски цивили, за кои и ден денес покрај еден тон видеа, никој нема одговарано, па и Мариупол, каде од страна на војска/полиција беше пукано во демонстрантите. Ако добро се сеќавам имаше ранети, не се сеќавам за убиени. После тоа почиња нели тоа формирање на бунтовници/паравојска на ЛНР и ДНР, помогнати со оружје од Русија и со војска ама неофицијално. Останатото после тоа веќе е познато, од војување, до Минск 1 и 2. После тоа, војната таму продолжи, со помал интезитет, се до фебруар лани, кога Русија официјално се вклучи во конфликтот. Значи, Украина е таа која почна, нормално со огромен допринос од Русија, а Русија е таа која под изговор дека ги брани сопственото малцинство кое де факто беше загрозено (пред се војната се војдеше на територии каде преку 90% од населението се етнички руси, а останатите беа проруски настроени, теротор кој го трпеа руските и проруските цивили на територии кои не беа зафатени од конфликтот, забрани на про руски политички партии, затварање политичари, закони со кои им се ускратуваа основни човекови права) ја нападна. Ако искрено правиме муабет, го заболе Путин за рускиот народ во Украина. Русија виде прилика и ја искористи, прво да интервенира дур не е касно, затоа што Украина во НАТО е директна закана за Русија, плус да ги припојат најбогатите региони од Украина.
Колку е успешна Русија, дали ќе успее во тоа што го замислила? Чим уште трае војнава значи не успеале. Дали ќе успеат? Тешко дека може некој да каже. Во моментов, со овие сили кои ги имаат во Украина, малку е веројатно да го исполнат се тоа што го сакаат. Од друга страна, Украина веќе изгуби во војнава. Да ги тргнеме на страна претрпените загубу затоа што иако се вртат страшни бројки, сепак не може со сигурност да се тври дека се тие. Украина беше секако една од најутепаните земји во Европа. Скоро и да е сигурно дека ќе остане без дел од територијата, дали повеќе од моменталново или помалку, ќе видиме, ама делува дека немаат веќе сила за озбилна офанзива со која би вратиле огромен дел од територијата. Украина од 42-3 милиони народ, минус 6-7 милиони кои веројатно ќе бидат дел од Русија, минус 10-12 милиони кои избегаа од Украина, луѓе кои 99% никогаш нема да се вратат назад, сега е сведена на некои 22-25 милиони. Моментот кога ќе заврши војнава уште 10-тина милиони ќе избегаат, затоа што Украина ќе биде оставена во руина, со уште повеќе сиромаштија, корупција, криминал. Украина во најоптимистичниот случај ќе испадне од војнава со преполовено населние. Само со тоа, веќе Украина изгубила. Да не праиме муабет што овие пари, воена опрема, помош, не им ги даваат на лепе очи или од што ги сакаат, ниту пак зошто ќе ја ослабеле Русија, се ќе им наплатат и тоа баш јако. Се што ќе остане вредно, од води, земјиште, ресурси ќе им го приватизираат и можеме да претпоставиме кој ќе ги земе, кинези и руси сигурно нема да бидат. Ова не го зборам од памет, ова веќе сме го гледале од западот низ историјата. Едноставно кај нив ништо нема за џабе, за еден златник што ќе ти дадат, ти земаат три.