Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    728
Член од
3 март 2021
Мислења
579
Поени од реакции
995
Го подржуваш НАТО а за аватар си го стајл Тито?Која извртена логика???
Каде кажав дека го поддржувам или не НАТО? Не поддржувам фашистички диктатури како на дедото во Кремљ.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.660
Поени од реакции
42.229
Според русите биле соборени и два украински авиони, Су-24 кој лансирал крстосувачка ракета према фабриката у Луганск и еден Миг-29.

А русите си обориле еден Ми-8, Су-34 и Су-35. Многу чудно е ова некако свои авиони да си оборат. Сигурно имаат friend foe препознавање.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.342
Поени од реакции
6.414
2 ми8 ако више не се информираш од Тенеќе, биди попрецизен.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.660
Поени од реакции
42.229
масакр направиле на авијацијата у пм. Тоа е чист аматеризам мора да се признае, преку 100 милиони штета, настрана луѓето што не можат да ги вратат.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Фау Блау не е последниот здив на Вермахтот туку Курск е последниот посериозен офанзиве потфат на истокот. Манштајн има уште неколку удари после тоа, ама ништо сериозно. Русите во Фау Блау изгубија многу повеќе од нацистите, ама исто така таму играа одбрана а не напад како во Украина. Операција Уран беше контра напад и Жуков таму изигра маестрално. Благе везе нема тоа што ти е тебе поента.
Ај прво да почнам со Курск, дали си ги видел оперативните територии, на која се планираат операциите барбароса и фал блу, а која е територијата на операции за Курск? Курск во споредба на фал блу е само еден мал сегмент. Курск немoже дури ни да се каже дека е офанзива, туку е оперативен маневар во обид да се намали офанзивната моќ на Советите. Иначе јас сум на ставот дека Германците ја изгубиле војната уште после неуспехот на главните цели на операцијата Барбароса, фал блу е само очаен обид да се стигне до нафтените полиња и истовремено да се постави лесна одбрана на Дон и Волга.

Но како и да е, друга беше целта за споредба со фал блу, тоа е смената на начинот на дејствување на советите на фанатични крилни напади (блицкриг) кога за разлика од Барбароса, кога Советите се статични и биваат уништени во котели, тука Советите се повлекуваат. Поентата беше да се даде споредба зошто се градат внатрешни одбранбени линии и зошто се евакуираат населените места во Запорожје, Русите ќе користат еластична повеќеслојна одбрана.

1. Русите не ја уништија 90% од техниката на Украина уништија 90% од сопствените професионални офанзивни сили, затоа мобилизација правеа после.
Тогаш едноставно беа запрени и не запреа доброволно. Никој во историјата не добил војна со запирање. Ниту една офанзива нема успеано со запирање. Тоа беше фијаско. Огромни колони тенкови беа едноставно напуштени. Тоа не е победување
Еве од прилика од каде се информациите на западот за уништена Руска опрема. Oryx мислам дека се викаше проукраинскиот сајт. Еден уништен тенк го бројат неколку пати, а некогаш и Украинска неуништена опрема се брои како уништена. Некогаш се и смешни фотошопови. Овие се бават со тоа можеш да прочиташ, го поставив тоа и претходно, ама треба некој да го види, нели, да ја тргне настрана суетата и да види нешто повеќе од западната пропаганда.

Русија влезе во специјалната операција со 160К војска плус ЛНР, ДНР со околу 40К да речеме, тоа е вкупно војска од 200К. Со таа војска дури и да планирале цела да ја употребат за Киев, нема да успеале да го завземат. Но нејсе, за Киев употребија околу 9-30К војска (зависи од изворот) , која им ја развлече одбраната на Украинците од Југот. Украина во дадените моменти броеше околу 600-800К војска. Според тоа подоцна се случуваше на теренот, целта им била да се одржат референдуми во 4те области во првата фаза на операцијата. Украина од Март до Јули-Август, буквално е воено импотентна. Нема никакви акции, само има најави за престојната офанзива, има обука во НАТО држави, и почнува да доаѓа опрема од источното крило на НАТО кое ќе се употреби за офанзивата во Харков и обидите за офанзива во Керсон.

Што се однесува до мобилизацијата, таа се случи наменски за да се постави одбраната на веќе освоените територии, кои законски постанаа Руски. Нема врска со зајакнување на офанзивниот потенцијал на Руската војска што се користи во операцијата.

Интересна работа во цела приказна е што никогаш, ама баш никогаш не сте се запрашале каде е опремата што Украина ја користеше за овие офанзивни дејства? Зошто во моменталнава ситуација, Украина чекаше нова тура опрема, за да ја најави новата офанзива? Што е работата со опремата, тенквите се за само една употреба ли? Буквално со офанзивните дејства прошлата година ја издишија втората армија што ја имаа собрано од неколку армии од источното НАТО крило. Ама не, Русите губеле.

Значи да заокружиме, во стартната фаза на војната, Украина станува воено импотентна, чека нова опрема за да направи офанзива. Потоа после таа офанзива, Украина повторно станува воено импотентна, па чека нова опрема за да направи нова офанзива. Значи Русија до сега еднашка ја има уништено најмасовната армија во Европа, па после и уништено неколку армии на источното крило на НАТО. И сега дојдоа на ред леопардите, челенџерите и бредлињата.

Тука можеме да дојдеме до фејлот на германските офанзиви на истокот. Не фејнале заради причина што не освоиле територија, териториите биле 90% освоени според првичниот план. Офанзивите фејнале затоа што не успеле да ја уништат противничката армија, тоа било главната цел на Германската офанзива. Буквално секоја цел на блицкригот и на запад и на исток, бил да се уништи војската, не да се завземе територија, тоа е последователно. Тоа што Русија го постигнува тука е уништување на 2 армии. Вториот пат, наместо да го прави тоа со скапа офанзива, го прави со ефтина еластична дефанзива. Губи нешто територија (10% претходно освоената), но на сметка на тоа уништува армија.

Знам дека поради западната пропаганда некои луѓе склони слепо да ја следат таа хипнотичка шема, неможат да го видат тоа. Но на крајот мислам дека све ќе стане очигледно.

2. НАТО не остана без оружје, НАТО го даде своето резервно застарено оружје. Леопард 1 и 2, Челинџер 1 и 2, Абрамс М1А1 и едно чудо советско вооружување. Тоа не е најновата генерација, ама не ми верувај мене, изгуглај. Минимум една генерација понапредно оружје имаат ако не 2 и 3
Како тоа не остана без оружје. Не зборам за НАТО воопшто, туку за источното крило на НАТО. Кај ни се нас тенковите, авионите, хеликоптерите? Кое вооружување ни остана нас, и колку време ќе треба тоа да се замени? Што би се случило ако НАТО стварно се распушти? Може нема да се случи, но тоа не значи дека не смееме да го имаме тоа во предвид, поготово што Трамп веќе го спомна тоа.

Што се однесува до застарените Леопарди, Челинџери и Абрамси, кои се тие нови тенкови што ги има западот, и во колкава бројка се? Или можеби овие тенкови се сржта на западните армии. Ете ќе се послужам со твојот речник, ако не ми веруваш мене, прогуглај. Кои тоа тенкови ги има на располагање Грчката армија, со кои тенкови располага Турската армија, Германската армија, Британската. Тие се тенковите... И BTW, види ги бројките со којшто располагаат, Украина за нив во мометнов е велесила.

Па ако сакаш види ја и Америка, со кои тенкови располага? Колку проценти од сржта на нивната оклопна сила се Абрамси? Германија како што гледам користи само леопард 2 тенкови во својата армија. Кои се тие помодерни тенкови што ги користи Германија на пример?


3. Русија е свесна дека не може против НАТО
Ама РФ планираше да ја заврши војната пред НАТО да се вмеша, а немаше план Б. Сега чорба, се бори со паравојски за автобуски постројки во Бахмут
Како мислиш планирала да ја заврши војната пред НАТО да се вмеша со 200К војска? Кој е тој будала да планирал така? И како пред да се вмеша НАТО кога НАТО во Украина беше 8 години присутно, ја обучуваше војската и ги наоружуваше Украинците. Да мислиш така е тотално глупаво.

Како прво да им беше тоа планот, немаше потреба да идат на југ, каде што реално логистиката им е бајаги покомплицирана, бидејќи се стотици километри од Руска територија. Едноставно ќе се сконцентрираа само на Киев. Вака со 9-30К војска го нападнале Киев и рачунале дека ќе го земат, па некакви измислени битки имало каде што ги потиснале Русите, и овие се повлекле. Па авионски десанти на 100 километри од граница, смешки. Буквално сценарио за пародија.

Колку за информација еве како изгледаат градови каде што Русте водат урбани битки:
1683981680414.png

1683981811269.png


1683981855391.png

Не постојат урбани битки на северот. Не постои проба да се влезе во Киев. Јас незнам како може да сте толку слепи при очи.
 
Последно уредено:

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
Ако планираме да се реформираме тогаш работите што не ни се у план можеме да ги оставиме како стратешка резерва, не мислиш ти така?
Што е според тебе стратешка резерва?
Треба во магацин да стојат? Тоа сакаш да кажеш?



Многу добро знаеш дека Украина, стриктно Украина како држава беше поразена у први 72 часа. Ако не знаеш, изгуглај кога бараа да потпишат капитулација јавно во ОН. Се понатаму е русија вс цел колективен наци запад.
Русите уништија 100% од украинска техника во првите недели и месеци, вклучувајќи и неброени тони западно оружје вбризгувано од 2014. Загубите руски на почетокот беа најголеми во споредба со цел продолжеток на операцијата до дега, но сепак минимални во однос на нацистите и пробивот што го направија.
Многу добро знаеш и дека мобилизација не направија ради загуби, туку ради ротација и одмор на трупите, утврдување, одбрана и заштита на ослободените територии и држење линија на фронт која им одговара.
Исто така јасно ти е сигурно досега дека офанзивни операции преземаа главно вагнер, кадировци и лнр и днр војските, руската армија делува како поддршка и артилериско покривање, како и одбрана и заштита на веќе ослободеното.
Ако уште тврдиш дека со 30к отишле на Киев ама со 70к на Мариопољ, што и да работиш поврзано со армија напушти веднаш, напрај услуга на татковината и терај по НГО сектор.

Каде ве учеле историја побогу, затоа сме кај што сме како држава и народ. Офанзива што иде у рикверц, мора да е некоја нато анализа на вс2.

Нато го дал резервното и застарено оружје и као што треба тоа да ни каже? Не им требало? Не го сакале? Не чинело? Зашто го чувале, зашто не го стопиле? Зашто ако е застарено го праќаат на фронт? Сакаат да бидат поразени? Воени резерви зашто се чуваат? Не се дел од воениот арсенал? Загубата на истите не го намалува капацитетот и потенцијалот на една армија? Скоро сите кажаа дека веќе неможат да ја помагаат немаат со што јер и самите веќе немаат за себе, една УК вика ќе неможе 48 часа да издржи. Или го дупат Путин? Рајнметал има листа на чекање нарачки прима за од 2030, ама уживај ти дека наци западот само се ослободил од тоа што не им требало. Не е ни копиум, туку класично непознавање на материјата, или во твојот случај поверојатно многу тешко прифаќање на реалноста и навијачки bias.


Буквално се обратно од што кажа. Дури и твоите натовци во неколку наврати потврдуваат дека всушност РФ се подготвувала за многу долга војна. Побарај мои постови од лани кога пренесувам информации баш дека проценките и подготовките на русите се 5 години, и пресметките се правени врз основа на конфликт со нато, како што е од лани после 3иот ден, не врз основа на конфликт со Украина која капитулираше по 72 часа. Сам Борел и многу други кажуваат, а и ти си свесен дека без учество на нато, у рок од минути ќе настапи мир во Украина.
Баш она што може да се види е дека РФ прилично лесно се справува со нато, без притоа да влезе во војна, само со специјална операција и не повеќе од 15% од својот потенцијал.
Јак ти е начинот на дебатирање многу добро знаеш

Вака дечко, ако јас речам: многу добро знаеш дека сестра ти е хххххх, не ја прави навистина хххххх. Тоа е само мое тврдење и треба да понудам доказ за истото. Многу добро знаеш - се празни зборови

Ако Украина капитлирала по72 часа, со кога војува Русија во Бахмут? Која дрога ја користиш ти?

Ако РФ планирала пет годишна војна и планирала да ги ротира трупите, зошто не направи унапред мобилизација? Зошто направи мобилизација од кога изгуби 50% од веќе освоената територија? И тоа ли е дел од големата слика?

НАТО и го даде старото оружје на Украина и дел од новото за да плати материјална цена да го ослаби својот противник. Русија заглави во гомна до гуша а ниту еден НАТО војник не умре. Јака зделка ако ме прашаш мене.

Ти во овој пост покажа и докажа дека реалноста не ти е јака страна и немам намера да барам твои постови од лани. Не фала

НАТО го дава старото застарено оружје ?

Зашто тресеш зелени кажи ми.

М109 хауицер најнова генерација, М777 топови најнова генерација, Бредли транспортен оклоп најнова генерација, МаххПро транспортен лесен оклоп најнова генерација, ХИМАРС најнова генерација, НАСАМС најнова генерациј, Цезар хауизер најнова генерација, Краб хауицер најнова генерација, IRIS-T ПВО најнова генерација, Патриот, Авенџер краток домет ПВО најнова генерација, Switchblade камиказе дронови најнова генерација.
Да не ги набројувам и тие транспортерите Кирпи (кога сме кај турците Бајрактар извиканите дронови), Динго, Хамви, што се исто така најнови генерации и се од огромно значење за брзо дејствување и алокација на воен персонал при офанзива и што им ги донираа на илјадници.
Или антирадиациони ракети, крстосувачки ракети од најнова генерација, џавелини и свашта кои што досега ги користеа исклучително само во својот арсенал УСА/ УК/НАТО трупите.

Иначе да, и многу постаро оружје отиде во отпад и железо за топење. А за тие залихи, особено СССР типот на оружје кое е најкомпатибилно за украинската армија, нема веќе замена...
И сакаат нејќат, ќе мора пак сета нова генерација поскапа пута 5, да биде во следните донации, која што btw исто така експлодира ако ја акне бомба... или бидат начекани од оние мајчините Лансет.
Дека има и ново оружје има
Ама
Ниту еден од тенковите не е најнова генерација, а многу се
Бредлито не е најнова генерација
Авионите не се најнова генерација
Хамвито одамна веќе не се произведува и е заменето со понови генерации
Химарсите не се најнова генерацина и најдалечен домет

Ако размислиш, сите залихи на советско оружје во НАТО земјите се исцедени и потрошени во Украина. Сега истите тие НАТО земји ќе се вооружуваат од Америка, комплет. Каква услуга им направија русите на америте - не се ни свесни.
А кои од соседиве освен Грција имаат помодерни и за што ќе им се нив шо не ги даваат?
Шо имаат врска соседите со мисијата на АРМ? Шо мешаш баби и жаби?
Се уште не одговори, за што ни се нас тенкови? Каде ќе војуваме со Т-72?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.835
Поени од реакции
36.867
Можно е диверзантски групи во Брајанск или нови ПВО играчки ако добиле Украинците.

Инаку вчера фабриката во Луганск погодена со storm shadow крстосувачки проектил. На 100 километри од фронт.
Автоматски споено мислење:


Изгледа го кркале стапот.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.342
Поени од реакции
6.414
Ако тргне некогаш контраофанзивата, прашање на време ќе биде мостот на Крим кога ќе го онеспособат со британскиве ракети. Не верувам да го мавнат во оваа фаза.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom