Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    735

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.834
Поени од реакции
4.536
Сум кажал повеќе пати.

1. Во првата наезда што ја имаа Русите, им ја уништија 90% од целата техника на Украинците. Тогаш едноставно запреа. Не е чудно што на пример се повлекоа од северот, туку е чудно што не продолжија на југот. Туку едноставно се стационираа на што е можно помала одбранбена линија. Зошто би се бранеле? Зошто се повлекоа од Керсон ако планираат да одат на Одеса, а планираат.
Ако погледнеш во историјата fall blau, e операцијата на Германците, која била последен здив на нацистичката армија. Во таа битка, наместо да застанат и да пробуваат да ја стопираат наездата на Нацистите(како во Барбароса), Советите едноставно се повлекуваат. Не ја играат играта на нацистите. Така и тука, не им даваат битка, кај што им одговара на Украинците, туку Русите го бираат бојното поле.

2. Покрај све што се деси и цела таа пропагандна војна, факт е дека Источното крило на НАТО, речиси да остана без оружје. Најважната цел на една војна е да ја уништиш војската на непријателот. Ќе ти дадам жив пример, Војската на Садам не беше уништена во 2003, туку во 1991 во Кувајт и на автопатот на смртта, после 12 години санкции, освојувањето на Ирак беше само рутина. Колку армии се уништија во Украина? Знам дека речиси е невозможно, но замисли, дојде Трамп на власт и како што најавува, го расформира НАТО. Кој ќе ја спречи Русија да се прошета до кај нас? Каков отпор ќе и се пружи во земјите кои веќе го дале своето оружје на Украина и истото е веќе уништено.

3. Генерално Русија била свесна дека НАТО реално е појако од Русија, и генерално Русија знае дека нема шанси да војува со НАТО. Ова никој не може да ме убеди на спротивното. Русија не беше нападната до сега, само заради нуклеарното оружје. Па така и оваа војна Русија ја има добро осмислено. Не направила тоа што ти би очекувал, тоа што било кој би очекувал, брзо и пеколно освојување на Киев и воспоставување на режим. Ако пратеше пред некој ден, ќе видеше дека постирав чиви биле естимациите за брзо завземање на Киев. Претежно за западот, значи тоа и го очекувале.

Што ќе добиеше Русија, ако целосно ја завземеше Украина. Може да ти наслутам, 30К оружје се подели само во Киев. Пошто има доволно психопати, западот ќе спонзорираше групи попут ИСИС кои брзо Украина ќе ја претвореа во пекол за Руската војска. Вака добива контролирано воено поле, блиску до своите логистички центри.

Тоа значи дека до некаде си во право, Русија не ја освои Украина, дека реално кажано не може да се носи со една таква ситуација, во овој момент. Види колку проблеми имаа Американците со окупираните Ирак и Авганистан. Реално надвор од безбедносните зони (читај базите), ниеден Американец не беше сигурен. Со Украина, Русија би си имала *10 проблеми. Тие сега си имаат проблеми со еден куп терористи кои извршуваат напади дури во Русија, а не пак да ја држеа цела територија и да имаше неконтролирана циркулација на луѓе од и во Русија.

Вака Русија се надева (не залудно) дека западот ќе го троши оружјето на терен на којшто им одговара на Русите, па дури и ја подгреваат западната пропаганда, дека Русите се пред распад. И секако дека многу полесно се брани територија, одколку што се освојува.

Дали добро прерачунале, ќе видиме во Украинската офанзива која треба да го пресече Крим. Ако таму Украинците се покажат успешни, тогаш крајниот резултат може да се каже дека не е во корист на Русите, иако Русите сеуште би имале територија. Но генерално со целта на Русија во првата фаза на оваа војна била овие 4 Украински области. Све што е помалце од тие 4, е неуспех (дека на пример со 2 области, можеа многу полесно да си поминат). Доколку Русија успее да ги задржи овие четири области додека Украина се тови со оружје од западот, во еден момент ќе се покрене втората фаза на оваа војна, која најверојатно ќе има за цел да ги завземе наредните 4 области, Харков, Днепропетровск, Николаев и Одеса. Дека реално Украинската одбрана во еден таков момент ќе биде издишана и без никаков морал.
Се погрешно брат, се што можеше да утнеш - утна.

1. Русите не ја уништија 90% од техниката на Украина уништија 90% од сопствените професионални офанзивни сили, затоа мобилизација правеа после.
Тогаш едноставно беа запрени и не запреа доброволно. Никој во историјата не добил војна со запирање. Ниту една офанзива нема успеано со запирање. Тоа беше фијаско. Огромни колони тенкови беа едноставно напуштени. Тоа не е победување

Фау Блау не е последниот здив на Вермахтот туку Курск е последниот посериозен офанзиве потфат на истокот. Манштајн има уште неколку удари после тоа, ама ништо сериозно. Русите во Фау Блау изгубија многу повеќе од нацистите, ама исто така таму играа одбрана а не напад како во Украина. Операција Уран беше контра напад и Жуков таму изигра маестрално. Благе везе нема тоа што ти е тебе поента.

2. НАТО не остана без оружје, НАТО го даде своето резервно застарено оружје. Леопард 1 и 2, Челинџер 1 и 2, Абрамс М1А1 и едно чудо советско вооружување. Тоа не е најновата генерација, ама не ми верувај мене, изгуглај. Минимум една генерација понапредно оружје имаат ако не 2 и 3

3. Русија е свесна дека не може против НАТО
Ама РФ планираше да ја заврши војната пред НАТО да се вмеша, а немаше план Б. Сега чорба, се бори со паравојски за автобуски постројки во Бахмут
Автоматски споено мислење:

Дај да расформираме све, што кур ќе ни е армија. НАТО ќе не брани.
Не треба да расформираме, треба да реформираме. Ајде ти предложи попаметна работа оти си нели попаметен
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
Ама и наративот сега го вртат за 180 степени. Сега неуспех за Украинците ќе било ако не го пресечеле копнениот пат до Крим. За истава земја што ја почна војната во Украина, сега година дена подоцна за успех се смета ако го одбранеле патот за Крим.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.059
Поени од реакции
9.446

Ако планираме да се реформираме тогаш работите што не ни се у план можеме да ги оставиме како стратешка резерва, не мислиш ти така?
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.209
Поени од реакции
22.835
Небањати руски ботови ќе речат парадата во Москва била скромна поради безбедносни причини, бањати продемократски активисти ќе дојдат до логичен заклучок дека Русија нема повеќе тенкови.

Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.410
Поени од реакции
6.653
Ама и наративот сега го вртат за 180 степени. Сега неуспех за Украинците ќе било ако не го пресечеле копнениот пат до Крим. За истава земја што ја почна војната во Украина, сега година дена подоцна за успех се смета ако го одбранеле патот за Крим.
Ќе вртат што да праат. Полека сфаќаат дека нема од тоа моќното тајно оружје, хоперсонични ракети не добиваат рововска војна, тешка работа мобилизација а и да се спроведе нема време за тренинг. Не иде работава како што се мислеше. Западов не осеќа ништо трауматично од војнава макар траела уште 10 години. Укриве може ќе праат поише офанзиви и ќе со враќаат дел по дел со тек на време.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.059
Поени од реакции
9.446
Ќе вртат што да праат. Полека сфаќаат дека нема од тоа моќното тајно оружје, хоперсонични ракети не добиваат рововска војна, тешка работа мобилизација а и да се спроведе нема време за тренинг. Не иде работава како што се мислеше. Западов не осеќа ништо трауматично од војнава макар траела уште 10 години. Укриве може ќе праат поише офанзиви и ќе со враќаат дел по дел со тек на време.
Русите водат војна у која нема операции надвор од опсегот на артилеријата и на тебе тоа ти изгледа како пораз. Додека контраофанзивите на украинците кои се надвор од опсегот на нивната артилерија ги гледаш како успех. Каков голем експерт си ти по воени стратегии и војување.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.410
Поени од реакции
6.653
Русите водат војна у која нема операции надвор од опсегот на артилеријата и на тебе тоа ти изгледа како пораз. Додека контраофанзивите на украинците кои се надвор од опсегот на нивната артилерија ги гледаш како успех. Каков голем експерт си ти по воени стратегии и војување.
Никаков експерт не сум за разлика од тебе ване јамајка оној со иксовите. Алал мајчиното млеко, у секоја тема сте авторитети.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
1. Русите не ја уништија 90% од техниката на Украина уништија 90% од сопствените професионални офанзивни сили, затоа мобилизација правеа после.
Тогаш едноставно беа запрени и не запреа доброволно. Никој во историјата не добил војна со запирање. Ниту една офанзива нема успеано со запирање. Тоа беше фијаско. Огромни колони тенкови беа едноставно напуштени. Тоа не е победување
Многу добро знаеш дека Украина, стриктно Украина како држава беше поразена у први 72 часа. Ако не знаеш, изгуглај кога бараа да потпишат капитулација јавно во ОН. Се понатаму е русија вс цел колективен наци запад.
Русите уништија 100% од украинска техника во првите недели и месеци, вклучувајќи и неброени тони западно оружје вбризгувано од 2014. Загубите руски на почетокот беа најголеми во споредба со цел продолжеток на операцијата до дега, но сепак минимални во однос на нацистите и пробивот што го направија.
Многу добро знаеш и дека мобилизација не направија ради загуби, туку ради ротација и одмор на трупите, утврдување, одбрана и заштита на ослободените територии и држење линија на фронт која им одговара.
Исто така јасно ти е сигурно досега дека офанзивни операции преземаа главно вагнер, кадировци и лнр и днр војските, руската армија делува како поддршка и артилериско покривање, како и одбрана и заштита на веќе ослободеното.
Ако уште тврдиш дека со 30к отишле на Киев ама со 70к на Мариопољ, што и да работиш поврзано со армија напушти веднаш, напрај услуга на татковината и терај по НГО сектор.
Фау Блау не е последниот здив на Вермахтот туку Курск е последниот посериозен офанзиве потфат на истокот. Манштајн има уште неколку удари после тоа, ама ништо сериозно. Русите во Фау Блау изгубија многу повеќе од нацистите, ама исто така таму играа одбрана а не напад како во Украина. Операција Уран беше контра напад и Жуков таму изигра маестрално. Благе везе нема тоа што ти е тебе поента.
Каде ве учеле историја побогу, затоа сме кај што сме како држава и народ. Офанзива што иде у рикверц, мора да е некоја нато анализа на вс2.
2. НАТО не остана без оружје, НАТО го даде своето резервно застарено оружје. Леопард 1 и 2, Челинџер 1 и 2, Абрамс М1А1 и едно чудо советско вооружување. Тоа не е најновата генерација, ама не ми верувај мене, изгуглај. Минимум една генерација понапредно оружје имаат ако не 2 и 3
Нато го дал резервното и застарено оружје и као што треба тоа да ни каже? Не им требало? Не го сакале? Не чинело? Зашто го чувале, зашто не го стопиле? Зашто ако е застарено го праќаат на фронт? Сакаат да бидат поразени? Воени резерви зашто се чуваат? Не се дел од воениот арсенал? Загубата на истите не го намалува капацитетот и потенцијалот на една армија? Скоро сите кажаа дека веќе неможат да ја помагаат немаат со што јер и самите веќе немаат за себе, една УК вика ќе неможе 48 часа да издржи. Или го дупат Путин? Рајнметал има листа на чекање нарачки прима за од 2030, ама уживај ти дека наци западот само се ослободил од тоа што не им требало. Не е ни копиум, туку класично непознавање на материјата, или во твојот случај поверојатно многу тешко прифаќање на реалноста и навијачки bias.

3. Русија е свесна дека не може против НАТО
Ама РФ планираше да ја заврши војната пред НАТО да се вмеша, а немаше план Б. Сега чорба, се бори со паравојски за автобуски постројки во Бахмут
Буквално се обратно од што кажа. Дури и твоите натовци во неколку наврати потврдуваат дека всушност РФ се подготвувала за многу долга војна. Побарај мои постови од лани кога пренесувам информации баш дека проценките и подготовките на русите се 5 години, и пресметките се правени врз основа на конфликт со нато, како што е од лани после 3иот ден, не врз основа на конфликт со Украина која капитулираше по 72 часа. Сам Борел и многу други кажуваат, а и ти си свесен дека без учество на нато, у рок од минути ќе настапи мир во Украина.
Баш она што може да се види е дека РФ прилично лесно се справува со нато, без притоа да влезе во војна, само со специјална операција и не повеќе од 15% од својот потенцијал.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Се погрешно брат, се што можеше да утнеш - утна.

1. Русите не ја уништија 90% од техниката на Украина уништија 90% од сопствените професионални офанзивни сили, затоа мобилизација правеа после.
Тогаш едноставно беа запрени и не запреа доброволно. Никој во историјата не добил војна со запирање. Ниту една офанзива нема успеано со запирање. Тоа беше фијаско. Огромни колони тенкови беа едноставно напуштени. Тоа не е победување

Фау Блау не е последниот здив на Вермахтот туку Курск е последниот посериозен офанзиве потфат на истокот. Манштајн има уште неколку удари после тоа, ама ништо сериозно. Русите во Фау Блау изгубија многу повеќе од нацистите, ама исто така таму играа одбрана а не напад како во Украина. Операција Уран беше контра напад и Жуков таму изигра маестрално. Благе везе нема тоа што ти е тебе поента.

2. НАТО не остана без оружје, НАТО го даде своето резервно застарено оружје. Леопард 1 и 2, Челинџер 1 и 2, Абрамс М1А1 и едно чудо советско вооружување. Тоа не е најновата генерација, ама не ми верувај мене, изгуглај. Минимум една генерација понапредно оружје имаат ако не 2 и 3

3. Русија е свесна дека не може против НАТО
Ама РФ планираше да ја заврши војната пред НАТО да се вмеша, а немаше план Б. Сега чорба, се бори со паравојски за автобуски постројки во Бахмут
Автоматски споено мислење:

Не треба да расформираме, треба да реформираме. Ајде ти предложи попаметна работа оти си нели попаметен
НАТО го дава старото застарено оружје ?

Зашто тресеш зелени кажи ми.

М109 хауицер најнова генерација, М777 топови најнова генерација, Бредли транспортен оклоп најнова генерација, МаххПро транспортен лесен оклоп најнова генерација, ХИМАРС најнова генерација, НАСАМС најнова генерациј, Цезар хауизер најнова генерација, Краб хауицер најнова генерација, IRIS-T ПВО најнова генерација, Патриот, Авенџер краток домет ПВО најнова генерација, Switchblade камиказе дронови најнова генерација.
Да не ги набројувам и тие транспортерите Кирпи (кога сме кај турците Бајрактар извиканите дронови), Динго, Хамви, што се исто така најнови генерации и се од огромно значење за брзо дејствување и алокација на воен персонал при офанзива и што им ги донираа на илјадници.
Или антирадиациони ракети, крстосувачки ракети од најнова генерација, џавелини и свашта кои што досега ги користеа исклучително само во својот арсенал УСА/ УК/НАТО трупите.

Иначе да, и многу постаро оружје отиде во отпад и железо за топење. А за тие залихи, особено СССР типот на оружје кое е најкомпатибилно за украинската армија, нема веќе замена...
И сакаат нејќат, ќе мора пак сета нова генерација поскапа пута 5, да биде во следните донации, која што btw исто така експлодира ако ја акне бомба... или бидат начекани од оние мајчините Лансет.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.822
Поени од реакции
34.074
Многу добро знаеш дека Украина, стриктно Украина како држава беше поразена у први 72 часа. Ако не знаеш, изгуглај кога бараа да потпишат капитулација јавно во ОН. Се понатаму е русија вс цел колективен наци запад.
Русите уништија 100% од украинска техника во првите недели и месеци, вклучувајќи и неброени тони западно оружје вбризгувано од 2014. Загубите руски на почетокот беа најголеми во споредба со цел продолжеток на операцијата до дега, но сепак минимални во однос на нацистите и пробивот што го направија.
Многу добро знаеш и дека мобилизација не направија ради загуби, туку ради ротација и одмор на трупите, утврдување, одбрана и заштита на ослободените територии и држење линија на фронт која им одговара.
Исто така јасно ти е сигурно досега дека офанзивни операции преземаа главно вагнер, кадировци и лнр и днр војските, руската армија делува како поддршка и артилериско покривање, како и одбрана и заштита на веќе ослободеното.
Ако уште тврдиш дека со 30к отишле на Киев ама со 70к на Мариопољ, што и да работиш поврзано со армија напушти веднаш, напрај услуга на татковината и терај по НГО сектор.

Каде ве учеле историја побогу, затоа сме кај што сме како држава и народ. Офанзива што иде у рикверц, мора да е некоја нато анализа на вс2.

Нато го дал резервното и застарено оружје и као што треба тоа да ни каже? Не им требало? Не го сакале? Не чинело? Зашто го чувале, зашто не го стопиле? Зашто ако е застарено го праќаат на фронт? Сакаат да бидат поразени? Воени резерви зашто се чуваат? Не се дел од воениот арсенал? Загубата на истите не го намалува капацитетот и потенцијалот на една армија? Скоро сите кажаа дека веќе неможат да ја помагаат немаат со што јер и самите веќе немаат за себе, една УК вика ќе неможе 48 часа да издржи. Или го дупат Путин? Рајнметал има листа на чекање нарачки прима за од 2030, ама уживај ти дека наци западот само се ослободил од тоа што не им требало. Не е ни копиум, туку класично непознавање на материјата, или во твојот случај поверојатно многу тешко прифаќање на реалноста и навијачки bias.

Буквално се обратно од што кажа. Дури и твоите натовци во неколку наврати потврдуваат дека всушност РФ се подготвувала за многу долга војна. Побарај мои постови од лани кога пренесувам информации баш дека проценките и подготовките на русите се 5 години, и пресметките се правени врз основа на конфликт со нато, како што е од лани после 3иот ден, не врз основа на конфликт со Украина која капитулираше по 72 часа. Сам Борел и многу други кажуваат, а и ти си свесен дека без учество на нато, у рок од минути ќе настапи мир во Украина.
Баш она што може да се види е дека РФ прилично лесно се справува со нато, без притоа да влезе во војна, само со специјална операција и не повеќе од 15% од својот потенцијал.
Меltdown incoming.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.389
Поени од реакции
13.361
За што мислиш дека и користи 50 години стар тенковски баталјон на Македонија?
Која функција ја имаа тенковите кај нас?
За какво боиште во Македонија се наменети? Бродец? Танушевци? Диво Насеље? Слупчане?
А кои од соседиве освен Грција имаат помодерни и за што ќе им се нив шо не ги даваат?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
Многу добро знаеш дека Украина, стриктно Украина како држава беше поразена у први 72 часа. Ако не знаеш, изгуглај кога бараа да потпишат капитулација јавно во ОН. Се понатаму е русија вс цел колективен наци запад.
Поразени биле ама не биле поразени. Очајно и тажно.

Не знам што очекувавте, Запад на страна и ќе ги остави ферка да имаат? Што е ова тепачка во седмо одделение?

Русите се надеваа на реприза на Кримското сценарио. Брзо остварување на воените цели и да ја притиснат Украина на отстапки. Па после брзото дејствување на терен да ги менаџираат последиците од санкциите без притисок на терен.

Ама се случи обратното. Заглавија веднаш после две недели, војната се одолговлечи а со тоа Украина доби еден куп оружје. И сега Русите седат во ровови и чекаат Украинска контраофанзива и молат бога да го спасат копнениот пат до Крим. Многу добро се разви ситуацијата, нема што.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom