Sto na primer, sto ne ti e logicno naredeno?
Сум кажал повеќе пати.
1. Во првата наезда што ја имаа Русите, им ја уништија 90% од целата техника на Украинците. Тогаш едноставно запреа. Не е чудно што на пример се повлекоа од северот, туку е чудно што не продолжија на југот. Туку едноставно се стационираа на што е можно помала одбранбена линија. Зошто би се бранеле? Зошто се повлекоа од Керсон ако планираат да одат на Одеса, а планираат.
Ако погледнеш во историјата fall blau, e операцијата на Германците, која била последен здив на нацистичката армија. Во таа битка, наместо да застанат и да пробуваат да ја стопираат наездата на Нацистите(како во Барбароса), Советите едноставно се повлекуваат. Не ја играат играта на нацистите. Така и тука, не им даваат битка, кај што им одговара на Украинците, туку Русите го бираат бојното поле.
2. Покрај све што се деси и цела таа пропагандна војна, факт е дека Источното крило на НАТО, речиси да остана без оружје. Најважната цел на една војна е да ја уништиш војската на непријателот. Ќе ти дадам жив пример, Војската на Садам не беше уништена во 2003, туку во 1991 во Кувајт и на автопатот на смртта, после 12 години санкции, освојувањето на Ирак беше само рутина. Колку армии се уништија во Украина? Знам дека речиси е невозможно, но замисли, дојде Трамп на власт и како што најавува, го расформира НАТО. Кој ќе ја спречи Русија да се прошета до кај нас? Каков отпор ќе и се пружи во земјите кои веќе го дале своето оружје на Украина и истото е веќе уништено.
3. Генерално Русија била свесна дека НАТО реално е појако од Русија, и генерално Русија знае дека нема шанси да војува со НАТО. Ова никој не може да ме убеди на спротивното. Русија не беше нападната до сега, само заради нуклеарното оружје. Па така и оваа војна Русија ја има добро осмислено. Не направила тоа што ти би очекувал, тоа што било кој би очекувал, брзо и пеколно освојување на Киев и воспоставување на режим. Ако пратеше пред некој ден, ќе видеше дека постирав чиви биле естимациите за брзо завземање на Киев. Претежно за западот, значи тоа и го очекувале.
Што ќе добиеше Русија, ако целосно ја завземеше Украина. Може да ти наслутам, 30К оружје се подели само во Киев. Пошто има доволно психопати, западот ќе спонзорираше групи попут ИСИС кои брзо Украина ќе ја претвореа во пекол за Руската војска. Вака добива контролирано воено поле, блиску до своите логистички центри.
Тоа значи дека до некаде си во право, Русија не ја освои Украина, дека реално кажано не може да се носи со една таква ситуација, во овој момент. Види колку проблеми имаа Американците со окупираните Ирак и Авганистан. Реално надвор од безбедносните зони (читај базите), ниеден Американец не беше сигурен. Со Украина, Русија би си имала *10 проблеми. Тие сега си имаат проблеми со еден куп терористи кои извршуваат напади дури во Русија, а не пак да ја држеа цела територија и да имаше неконтролирана циркулација на луѓе од и во Русија.
Вака Русија се надева (не залудно) дека западот ќе го троши оружјето на терен на којшто им одговара на Русите, па дури и ја подгреваат западната пропаганда, дека Русите се пред распад. И секако дека многу полесно се брани територија, одколку што се освојува.
Дали добро прерачунале, ќе видиме во Украинската офанзива која треба да го пресече Крим. Ако таму Украинците се покажат успешни, тогаш крајниот резултат може да се каже дека не е во корист на Русите, иако Русите сеуште би имале територија. Но генерално со целта на Русија во првата фаза на оваа војна била овие 4 Украински области. Све што е помалце од тие 4, е неуспех (дека на пример со 2 области, можеа многу полесно да си поминат). Доколку Русија успее да ги задржи овие четири области додека Украина се тови со оружје од западот, во еден момент ќе се покрене втората фаза на оваа војна, која најверојатно ќе има за цел да ги завземе наредните 4 области, Харков, Днепропетровск, Николаев и Одеса. Дека реално Украинската одбрана во еден таков момент ќе биде издишана и без никаков морал.