Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    728

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
На хартија и во реалност се 2 различни света. Според википедија, АРМ има 31 тенк T-72. Во реалност? Можеби ниту еден, затоа што за да се брои треба да е исправен и функционален. Оние што ги дониравме на Украина беа користени само за резервни делови. Нека ме демантира некој околу ова, можеби @Klinton би знаел повеќе.

Русија нели имаа армата Т-14? Каде е, што прави, добар ли е? Или да се потрошат прво T-55ките, па после овој ќе го пратат?

Епа исто и за Украина. Тие 2000 тенкови што наводно ги имале, можеби само мал дел од нив биле функционални и уништени на фронт. Останатото или постоело само на хартија, или биле користени за резервни делови.
АРМ нема ништо веќе.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.873
Поени од реакции
23.270
Се зезам бе, ти го сваќам муабетот. Не се сложувам, дека многу работи не ми штимаат за да биде така. Но има и некои чудни работи што држат вода и ме демантираат. На пример ова:

Многу црвени линии поминаа...
Crvenite linii ne se povekje ni linii. Tolku se daleku sto vekje se tocki daleku niz horizontot.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Украинската армија напредува во регионот на Бахмут

Не сум определен во оваа бесмислена прокси војна во која изгинаа луѓе колку пола Македонија, ама Русија не се покажа баш многу како втора најголема светска сила. Имаат загубено повеќе од 150.000 војници што воопшто не е мала бројка ако се земе во предвид дека цел свет ги сметаше за втора светска сила. Година и кусур не успејаа да направат значителен напредок во Украина, не успејаа ниту еден поголем град да освојат или да задржат како што треба. Губат војници на сите страни и свесни се дека војната на овој начин е неодржлива, ниту во Украина ниту дома. Путин е целосно одлепен од реалноста, а Зеленски е целосно фатен за јајца од САД и ЕУ, и за него и за Украина ќе следат исклучително тешки децении после оваа војна. Всушност, последиците од оваа војна ќе се чувствуваат уште многу долго освен ако не дај боже се претвори во војна дирекно помеѓу големите па тогаш да ни ебат матер на сите колективно. Штом Вагнеровци почнаа да плачат значи работата не им оди во полза, најмалку кон победа. Војниците им гинат многу побрзо од колку што имаат време нови да најдат и да донесат на фронтот. Во секој случај, војна која не требаше воопшто да се случи а се случи за да можат повторно САД и Русија да си ги мерат на кој му е поголем.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Sto na primer, sto ne ti e logicno naredeno?
Сум кажал повеќе пати.

1. Во првата наезда што ја имаа Русите, им ја уништија 90% од целата техника на Украинците. Тогаш едноставно запреа. Не е чудно што на пример се повлекоа од северот, туку е чудно што не продолжија на југот. Туку едноставно се стационираа на што е можно помала одбранбена линија. Зошто би се бранеле? Зошто се повлекоа од Керсон ако планираат да одат на Одеса, а планираат.
Ако погледнеш во историјата fall blau, e операцијата на Германците, која била последен здив на нацистичката армија. Во таа битка, наместо да застанат и да пробуваат да ја стопираат наездата на Нацистите(како во Барбароса), Советите едноставно се повлекуваат. Не ја играат играта на нацистите. Така и тука, не им даваат битка, кај што им одговара на Украинците, туку Русите го бираат бојното поле.

2. Покрај све што се деси и цела таа пропагандна војна, факт е дека Источното крило на НАТО, речиси да остана без оружје. Најважната цел на една војна е да ја уништиш војската на непријателот. Ќе ти дадам жив пример, Војската на Садам не беше уништена во 2003, туку во 1991 во Кувајт и на автопатот на смртта, после 12 години санкции, освојувањето на Ирак беше само рутина. Колку армии се уништија во Украина? Знам дека речиси е невозможно, но замисли, дојде Трамп на власт и како што најавува, го расформира НАТО. Кој ќе ја спречи Русија да се прошета до кај нас? Каков отпор ќе и се пружи во земјите кои веќе го дале своето оружје на Украина и истото е веќе уништено.

3. Генерално Русија била свесна дека НАТО реално е појако од Русија, и генерално Русија знае дека нема шанси да војува со НАТО. Ова никој не може да ме убеди на спротивното. Русија не беше нападната до сега, само заради нуклеарното оружје. Па така и оваа војна Русија ја има добро осмислено. Не направила тоа што ти би очекувал, тоа што било кој би очекувал, брзо и пеколно освојување на Киев и воспоставување на режим. Ако пратеше пред некој ден, ќе видеше дека постирав чиви биле естимациите за брзо завземање на Киев. Претежно за западот, значи тоа и го очекувале.

Што ќе добиеше Русија, ако целосно ја завземеше Украина. Може да ти наслутам, 30К оружје се подели само во Киев. Пошто има доволно психопати, западот ќе спонзорираше групи попут ИСИС кои брзо Украина ќе ја претвореа во пекол за Руската војска. Вака добива контролирано воено поле, блиску до своите логистички центри.

Тоа значи дека до некаде си во право, Русија не ја освои Украина, дека реално кажано не може да се носи со една таква ситуација, во овој момент. Види колку проблеми имаа Американците со окупираните Ирак и Авганистан. Реално надвор од безбедносните зони (читај базите), ниеден Американец не беше сигурен. Со Украина, Русија би си имала *10 проблеми. Тие сега си имаат проблеми со еден куп терористи кои извршуваат напади дури во Русија, а не пак да ја држеа цела територија и да имаше неконтролирана циркулација на луѓе од и во Русија.

Вака Русија се надева (не залудно) дека западот ќе го троши оружјето на терен на којшто им одговара на Русите, па дури и ја подгреваат западната пропаганда, дека Русите се пред распад. И секако дека многу полесно се брани територија, одколку што се освојува.

Дали добро прерачунале, ќе видиме во Украинската офанзива која треба да го пресече Крим. Ако таму Украинците се покажат успешни, тогаш крајниот резултат може да се каже дека не е во корист на Русите, иако Русите сеуште би имале територија. Но генерално со целта на Русија во првата фаза на оваа војна била овие 4 Украински области. Све што е помалце од тие 4, е неуспех (дека на пример со 2 области, можеа многу полесно да си поминат). Доколку Русија успее да ги задржи овие четири области додека Украина се тови со оружје од западот, во еден момент ќе се покрене втората фаза на оваа војна, која најверојатно ќе има за цел да ги завземе наредните 4 области, Харков, Днепропетровск, Николаев и Одеса. Дека реално Украинската одбрана во еден таков момент ќе биде издишана и без никаков морал.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.256
Поени од реакции
18.205
Се зезам бе, ти го сваќам муабетот. Не се сложувам, дека многу работи не ми штимаат за да биде така. Но има и некои чудни работи што држат вода и ме демантираат. На пример ова:

Многу црвени линии поминаа...
реалистично, што може да напраат за линииве?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
реалистично, што може да напраат за линииве?
На глава им се качија. Реално, ништо не можат да направат повеќе од она што го прават. Го собираат остатокот на светот на своја страна. Некој мораше да ја поведе оваа битка. Крајно време беше. Штета само што све ова почна против братски народ.

Едит: Уствари можат нешто да направат, како што вика Сергеј, можат да го откажат грејн дил-от.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.873
Поени од реакции
23.270
1. Во првата наезда што ја имаа Русите, им ја уништија 90% од целата техника на Украинците. Тогаш едноставно запреа. Не е чудно што на пример се повлекоа од северот, туку е чудно што не продолжија на југот. Туку едноставно се стационираа на што е можно помала одбранбена линија. Зошто би се бранеле? Зошто се повлекоа од Керсон ако планираат да одат на Одеса, а планираат.
Ако погледнеш во историјата fall blau, e операцијата на Германците, која била последен здив на нацистичката армија. Во таа битка, наместо да застанат и да пробуваат да ја стопираат наездата на Нацистите(како во Барбароса), Советите едноставно се повлекуваат. Не ја играат играта на нацистите. Така и тука, не им даваат битка, кај што им одговара на Украинците, туку Русите го бираат бојното поле.
Mozi im unistile, mozi i ne. Toa mozi da e vistina, no mozi i da se spekulacii. I Nato mislese deka im ja unistija vojskata na Kosovo, no ispadna deka vrska si nema toj muabet. Bilo kako bilo, i da im ja unistija ocigledno ne im ja unistija dovolno za da vospostavat voena dominacija vo vozduhot nad Ukraina niti pak voena dominacija na kopno, naprotiv se ukopaja i pocnaa da se branat, da gubat teritorii. Nisto od seto ova ne indicira deka se voeno superiorni i deka biraat bitki ili pravat sto sakaat, kade sakaat tuku naprotiv. Ako vlecime paraleli togas ajde neka bidi nacistickoto ocekuvanje na invazijata na sojuznicite i otvoranje na zapadniot front. Znaeja deka neminovno e da se sluci, no kade i koga ne. Znaeme toa kako zavrsi. Ne za djabe se reklo napadot e najdobra odbrana, sekako ako mozis. Siguren sum da mozeja nacistite ke ja okupiraa Anglija i so toa ke se zavrsese taa prikazna okolu invazijata, no ne mozeja pa se ukopaja kolki sto mozeja. Djabe vo sekoj slucaj, ne im pomozi mnogu.

2. Покрај све што се деси и цела таа пропагандна војна, факт е дека Источното крило на НАТО, речиси да остана без оружје. Најважната цел на една војна е да ја уништиш војската на непријателот. Ќе ти дадам жив пример, Војската на Садам не беше уништена во 2003, туку во 1991 во Кувајт и на автопатот на смртта, после 12 години санкции, освојувањето на Ирак беше само рутина. Колку армии се уништија во Украина? Знам дека речиси е невозможно, но замисли, дојде Трамп на власт и како што најавува, го расформира НАТО. Кој ќе ја спречи Русија да се прошета до кај нас? Каков отпор ќе и се пружи во земјите кои веќе го дале своето оружје на Украина и истото е веќе уништено
Tuka prasanje sto realno treba da si go postavis e sto bi barale Rusite da se prosetaat do kaj nas, ili do Pariz ili Berlin. Od sto maka ?
A i toa deka ostana bez oruzje e malce simptomaticno ama aj. Ako mislis na nas i boranijata ko nas, nebitni sme nie ta sme imale ili ne oruzje. I druga rabota , i da e taka kako sto velis, da ostana celo istocno krilo razoruzano, ne menva mnogu posto momentalno toa istocno krilo voopsto ne e vo opasnost posto gi zaprea daleku daleku pred da ima realna opasnost po niv, taka da im se isplati rizikot sto ostanaja navodno bez oruzhe.Nastrana toa sto kako sto rekov od sto maka, kakva potreba ili korist bi imala Rusija od takvo nesto.

3. Генерално Русија била свесна дека НАТО реално е појако од Русија, и генерално Русија знае дека нема шанси да војува со НАТО. Ова никој не може да ме убеди на спротивното. Русија не беше нападната до сега, само заради нуклеарното оружје. Па така и оваа војна Русија ја има добро осмислено. Не направила тоа што ти би очекувал, тоа што било кој би очекувал, брзо и пеколно освојување на Киев и воспоставување на режим. Ако пратеше пред некој ден, ќе видеше дека постирав чиви биле естимациите за брзо завземање на Киев. Претежно за западот, значи тоа и го очекувале.

Што ќе добиеше Русија, ако целосно ја завземеше Украина. Може да ти наслутам, 30К оружје се подели само во Киев. Пошто има доволно психопати, западот ќе спонзорираше групи попут ИСИС кои брзо Украина ќе ја претвореа во пекол за Руската војска. Вака добива контролирано воено поле, блиску до своите логистички центри.

Тоа значи дека до некаде си во право, Русија не ја освои Украина, дека реално кажано не може да се носи со една таква ситуација, во овој момент. Види колку проблеми имаа Американците со окупираните Ирак и Авганистан. Реално надвор од безбедносните зони (читај базите), ниеден Американец не беше сигурен. Со Украина, Русија би си имала *10 проблеми. Тие сега си имаат проблеми со еден куп терористи кои извршуваат напади дури во Русија, а не пак да ја држеа цела територија и да имаше неконтролирана циркулација на луѓе од и во Русија.

Вака Русија се надева (не залудно) дека западот ќе го троши оружјето на терен на којшто им одговара на Русите, па дури и ја подгреваат западната пропаганда, дека Русите се пред распад. И секако дека многу полесно се брани територија, одколку што се освојува.
Voen poraz na Ukraina, posebno brz poraz bi znacelo mnogu. Prvo deka Rusija ne e zemja koja e za podcenuvanje i deka znae i moze da pokazi zabi koga toa e potrebno, da si gi brani svoite interesi na nacin na koj taa smeta deka e najdobro i deka e seriozen igrac na svetskata scena koj treba da se sfati seriozno. I nejzinite sojuznici i nejzinite neprijateli ke go videja toa vo realni uslovi a ne samo na hartija
Posle Ukraina ke bese primorana kako porazena strana( i zapadot ) da gi prifati uslovite koi ke gi nametnese Rusija koi i da bile tie. Dali teritorijalni otstapki ili siroka avtonomija na odredeni oblasti, proruska vlada, voeni bazi , trgovski dogovori i sto i da im padnelo na pamet itn itn.
Ali za toa im trebase relativno odlucuvacka i brza pobeda i kapitulacija na vladata vo Kiev, a ne ova sega sto go gledame.
 
Зошто мислиш дека воен пораз на Украина и завземање на Киев би значело крај на конфликтот? Тоа е сосема погрешна теза. Тогаш ќе се случеше спирала на насилство во Украина. Герилска војна, урбана герила, вистинска граѓанска војна. Бомби, чуда, глупости. Додека се преговараше, Русија во Украина ќе се соочуваше со секојдневен хаос. Што мислиш зошто им се поделија 30К оружје само во Киев? Тоа и го очекуваа. Капитулацијата на Украина немаше воопшто да да биде попут нашата капитулација. Капитулацијата на Украина ќе беше пекол кој би се рамнел со Авганистан за СССР.

Ти поаѓаш од претпоставката дека САД ќе ја видеше Русија како јака и демек ќе се повлечеше, еве ќе ви дадеме што треба и ние веќе не се чепкаме со вас. Не иде тоа така Владе. САД ќе грабаат и ќе гребат, нема тек така да пропаднат. Ова е тотално погрешна премиса. САД токму тоа го очекуваше. Така теретот за одржување на Украина (и финансиски и безбедносната стабилност) ќе паднеше на Русија, а вака теретот целосно е на САД.

Другите работи се субјективни со информациите што ги имаме сега и можеме да се натегаме, па ќе почекаме да се искристализираат работите. Ама ова последново што го цитирав е погрешна премиса.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
На хартија и во реалност се 2 различни света. Според википедија, АРМ има 31 тенк T-72. Во реалност? Можеби ниту еден, затоа што за да се брои треба да е исправен и функционален. Оние што ги дониравме на Украина беа користени само за резервни делови. Нека ме демантира некој околу ова, можеби @Klinton би знаел повеќе.

Русија нели имаа армата Т-14? Каде е, што прави, добар ли е? Или да се потрошат прво T-55ките, па после овој ќе го пратат?

Епа исто и за Украина. Тие 2000 тенкови што наводно ги имале, можеби само мал дел од нив биле функционални и уништени на фронт. Останатото или постоело само на хартија, или биле користени за резервни делови.
Да не веруваш ама сите 34 беа во добра сервисна состојба. 33 беа борбени а еден беше инженерско логистички, како америчкиот М88
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.276
Поени од реакции
5.529
Да не веруваш ама сите 34 беа во добра сервисна состојба. 33 беа борбени а еден беше инженерско логистички, како америчкиот М88
Дали тоа ние сме имале тенкови у борбена способност. Едно нешто асално за Армијава да слушнам после толку многу време.

И нашиве со сиот памет ги шитнаа после години трошоци за оддржување, у која надеж дека Америте ќе ни донираат Абрамси?
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
Дали тоа ние сме имале тенкови у борбена способност. Едно нешто асално за Армијава да слушнам после толку многу време.

И нашиве со сиот памет ги шитнаа после години трошоци за оддржување, у која надеж дека Америте ќе ни донираат Абрамси?
За што мислиш дека и користи 50 години стар тенковски баталјон на Македонија?
Која функција ја имаа тенковите кај нас?
За какво боиште во Македонија се наменети? Бродец? Танушевци? Диво Насеље? Слупчане?
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.053
Поени од реакции
9.420
За што мислиш дека и користи 50 години стар тенковски баталјон на Македонија?
Која функција ја имаа тенковите кај нас?
За какво боиште во Македонија се наменети? Бродец? Танушевци? Диво Насеље? Слупчане?
Дај да расформираме све, што кур ќе ни е армија. НАТО ќе не брани.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom