Мислам дека го минимизираш импактот што НАТО алијансата би го доживеала доколку Русија победи во војнава.
НАТО како организација е политичка, и како таква е продолжената рака на моќта на Америка. Од тој аспект, ако се случи НАТО да изгуби во Украина, Америка ќе има намалена геополитичка моќ, а тоа ќе има каскадни ефекти врз целиот свет.
Влијанието на НАТО ќе биде ослабено и најверојатно оспорено и непочитувано од многу други држави низ светот.
Доларот може да ја изгуби тежината како глобална валута бидејќи би била замената со други или повеќе валути, што де факто ќе ја ослабне Американската политичка и воена моќ, нивното присуство во Азија ќе биде ослабено, нови сојузништва ќе се прекројуват, Европа можеби ќе се обиде да се ослободи од влијанието на Америка и НАТО со создавање на Европска безбедносна агенција за што Макрон цели и го нагласува во повеќе наврати во неговиот мандат.
Најверојатно има и други политички работи кои ќе го прекројат светот како што беше после ВС2 со Америка и СССР и затоа мислам дека треба оваа војна да ја гледаме како таква.
Исто така, не мислам дека Америка има уште еден политички капитал да изгуби, особено во оваа војна со Русија поради политичката загуба со Афганистан.
@Taker Америка политички изгубија во Афганистан, воено победија.