Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    681
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.360
Поени од реакции
2.160
ако ти е искрено прашањето, класифицирани информации се тоа и јас ги немам. Немам појма технички колку добар или лош е. Јас судам по резултати на терен. Резултати од терен покажуваат дека после година дена војна Русија нема воздушна надмоќ. Видеа од руски пропагандни видеа покажуваат дека руски пилоти користат Гармин технологија, па подоцна почнаа да ги замаглуваат. Зошто би користеле Гармин ако се е супер со ГЛОНАСС

Прегледај го приврзокот 360580



јас бев инфантилен а? ц ц ц ц

можеби е тоа вистина, не знам, ама знам дека Русија година дена се мачи со Украина и не им оди најдобро. Сега ти можеш уште едно чудо факти да ми кажеш колку се за никаде украинците, што можеби ќе бидат вистинити, ама тоа не ги пере русите никако.

уште ли таа расипана лента ќе ја вртите? Па година дена помина од специјалнава операција. На Путин сам му се испушти „војната“ му клизна несакајќи. Уште ли со муабетот „ се загреваат, немаат удрено сериозно“
Украинските земјоделци се насобираа тенкови по нивите, они уште се загревале



Ако навистина го изгледаше видеото, има еден дел каде нараторот кажува колку е ефективен рускиот систем кога паметно ќе се употреби, сето тоа што ти го зборуваш. Ама не битно е гомна да се јаде, не да се дискутира

кој ти е дилер? за другар прашувам
Според тебе зошто немаат воздушна доминација Русите? Имаат слаба авијација или заради советското ПВО што го има Украина?
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.807
Поени од реакции
4.499
Абе вртете ја како што сакате, ама користење на Гармин во воени авиони е брука :D
не е само брука, опасно е.

Британците во1941 ги слушаа радио врските на нацистите кога правеле проверка на врски меѓу авион и кула. На тој начин знаеле кој и од каде доаѓа, во колкави бројки.

Знаејќи го ова погоре, србите во 1999 ставаа стари радио уреди во макети од авиони, со ќумбиња, микрообранови и што им се најде, па ги измамија натовци во воздушните напади. Се отепаа од бомби фрлање на празно.

сега 23 години после таа случка, русите ставаат во авион Гармин, шо не уклучат транспондер и да им јават дека идат? Тој Гармин комуницира со амерички сателити, америте одма знаат кој каде е и што е намерата. Згора на тоа со користење на истите уреди можат да знаат колкава им е ударната моќ, колку авиони имаат и кои им се стандардните оперативни процедури. Оперативна тајност на ниво
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.326
Поени од реакции
18.185
Но Русија сеуште нема започнато класична војна, па затоа ќе видиме нареден период што ќе пишува.
Ај пиши кога ќе биди класична војна за да знаеме ...

Иначе баш ме интересира која е разликата меѓу оваа и класична војна?
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.954
Поени од реакции
35.875
не е само брука, опасно е.

Британците во1941 ги слушаа радио врските на нацистите кога правеле проверка на врски меѓу авион и кула. На тој начин знаеле кој и од каде доаѓа, во колкави бројки.

Знаејќи го ова погоре, србите во 1999 ставаа стари радио уреди во макети од авиони, со ќумбиња, микрообранови и што им се најде, па ги измамија натовци во воздушните напади. Се отепаа од бомби фрлање на празно.

сега 23 години после таа случка, русите ставаат во авион Гармин, шо не уклучат транспондер и да им јават дека идат? Тој Гармин комуницира со амерички сателити, америте одма знаат кој каде е и што е намерата. Згора на тоа со користење на истите уреди можат да знаат колкава им е ударната моќ, колку авиони имаат и кои им се стандардните оперативни процедури. Оперативна тајност на ниво
Гарминот не испраќа сигнал до ГПС сателитите, ниту останатите уреди, туку само примаат, сателитите имаат двострана комуникација само со контролниот сегмент.
Кој го знае дали гарминот дали е отворен, и модифициран?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.326
Поени од реакции
18.185
Според тебе зошто немаат воздушна доминација Русите? Имаат слаба авијација или заради советското ПВО што го има Украина?
Слабо обучени пилоти.

И општо за се русите имаат многу слабо обучен воен кадар. Иначе да Украинците со една генерција постаро советско оружје, чуда парават на терен, така да оружјето е квалитетно.
 
Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
Епа што го пикаат газот кај што се мерат курови?
Што јас можам да направам што русите не се свесни? Биди реален
Не го пикаат Русите газот, туку Украина помеѓу куровите на САД и Русија. И така Украина ефективно е ебена и од САД и од Русија. И кога ќе заврши војната, Украина ќе биде разрушено дно, канализација која нема да понуди ни основни услови за живот.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.807
Поени од реакции
4.499
Па не би рекол дека не им треба, баш фрекфенциите на ГПС се повеќе ранливи ако некој се обиде да прави опструкција со EMP.
Не за џабе САД вложува толку за да го одржува Лоран, дури и го подобрија (демек поради цивилните бродови ;) ), не за џабе им помогнаа на европјаните за Галилео (нивните и фрекфенциите на глонас е потешко да ги опструираш со EMP, атомските часовници фејлнаа на скоро сите први сателити од Галилео).
руски воени ентитети користат амерички сателити за да се геопозиционираат. Подобро нека кренат телефон да им се јават и да им кажат кај се и што ќе прават.
Ако ти ми најавиш дека ќе ме удриш за саат два, ќе се припремам брат, нема кафе да пијам.
Според тебе зошто немаат воздушна доминација Русите? Имаат слаба авијација или заради советското ПВО што го има Украина?
лошо планирање, лоша координација, некомпетентност.

Факт е дека русите прават најманеврабилни авиони, не им е слаба авијацијата. Немаат доволно бројки - можеби, не им ги знам бројките, ама дефинитивно немаат доволно истрениран кадар, не само пилоти, оперативци и планери. Одржавањето на таа авијација е клучно, а но со гармини си леткаат.
ПВО што го имаат Украина, русите многу добро го познаваат, како не им ги најдоа слабите точки, они си знаат.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.317
Поени од реакции
31.179
Знаејќи го ова погоре, србите во 1999 ставаа стари радио уреди во макети од авиони, со ќумбиња, микрообранови и што им се најде, па ги измамија натовци во воздушните напади. Се отепаа од бомби фрлање на празно.

сега 23 години после таа случка, русите ставаат во авион Гармин, шо не уклучат транспондер и да им јават дека идат? Тој Гармин комуницира со амерички сателити, америте одма знаат кој каде е и што е намерата. Згора на тоа со користење на истите уреди можат да знаат колкава им е ударната моќ, колку авиони имаат и кои им се стандардните оперативни процедури. Оперативна тајност на ниво
Замисли Русите наместо оној шарлатанот Суровикин тебе да те имаа за генерален заповедник... Абе Украински перја имаше да летаат! :unsure:
Ќе им кажеше „абе немојте со џипиес, цело време ве гледаат и ве убиваат“, и ќе се свестеа овие и досега гарант едно три пати ќе победеа. Не да се влечат цела година со едно гратче како Бахмут.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.326
Поени од реакции
18.185
Ај да се присетиме на времето во април некаде, каде масовно трубевте дека Украинската војска се криела во цивилни објекти и користела цивили како жив штит, па затоа не можеле Русите да напредуваат.

За после во август кога Украинците почнаа да освојуваат територии, да ги видиме Русите како користат цивилни објекти и цивили како жив штит.

Реално ве ебаваа во ум со приказни, затоа што Украинците во март/април му ги уништија оклопните возила на Русите и не можеа да прават офназива.

И се разбира прјаслес беше кога @Vanlok и @Ron Burgundy, го дрвеа тука дека Русите биле многу хумани и се воздржувале од користење термобарични ракетни фрлачи, ама сега ко ќе почнат...
... пенис накршија :pos:

Ама затоа во јули стасаа Химарсите :D
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.807
Поени од реакции
4.499
Замисли Русите наместо оној шарлатанот Суровикин тебе да те имаа за генерален заповедник... Абе Украински перја имаше да летаат! :unsure:
Ќе им кажеше „абе немојте со џипиес, цело време ве гледаат и ве убиваат“, и ќе се свестеа овие и досега гарант едно три пати ќе победеа. Не да се влечат цела година со едно гратче како Бахмут.
Замисли да не си носел чадор кога врнело памет....
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.954
Поени од реакции
35.875
руски воени ентитети користат амерички сателити за да се геопозиционираат. Подобро нека кренат телефон да им се јават и да им кажат кај се и што ќе прават.
Ако ти ми најавиш дека ќе ме удриш за саат два, ќе се припремам брат, нема кафе да пијам.
Финтата е што не се најавуваш, немаш регистрација на глобалните навигациски системи, и нема како да те пребаруваат, не зрачи тој уред туку само прима.
Имаш уред кој знае да го препознае тој Л-бенд за соодветниот сигнал, ако е повеќе-фрекфенциски ресивер и да прави споредба на времето на прием на различни сигнали со што се отклонуваат грешките поради влијанија на јоносфера, офсет на центар на антена, одбиени сигнали од објекти и лош агол на пресек, и се добива подобра точност.
Кај воените сигнали е поинаку, таму контролниот центар има пристап до специфичен уред и доколку играат со скокови во фрекфенција, промени кај енкрипција и тн. да ја проследи промената кај потребните уреди.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.326
Поени од реакции
18.185
На Кримскиот мост има огромни колони, во главно за излез од Крим.

Русите поставиле контролни точки на повеќе места и прават целосен претрес на возилата, иако за влез на мостот мора да поминеш низ Х-зраци :D
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.807
Поени од реакции
4.499
Финтата е што не се најавуваш, немаш регистрација на глобалните навигациски системи, и нема како да те пребаруваат, не зрачи тој уред туку само прима.
Имаш уред кој знае да го препознае тој Л-бенд за соодветниот сигнал, ако е повеќе-фрекфенциски ресивер и да прави споредба на времето на прием на различни сигнали со што се отклонуваат грешките поради влијанија на јоносфера, офсет на центар на антена, одбиени сигнали од објекти и лош агол на пресек, и се добива подобра точност.
Кај воените сигнали е поинаку, таму контролниот центар има пристап до специфичен уред и доколку играат со скокови во фрекфенција, промени кај енкрипција и тн. да ја проследи промената кај потребните уреди.
Малку ми е чудно геопозиционирање да функционира само на слушање а не на обострана комуникација. Сепак, не сум стручен во овој дел, па морам да ти верувам.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.976
Поени од реакции
7.372
Ај пиши кога ќе биди класична војна за да знаеме ...

Иначе баш ме интересира која е разликата меѓу оваа и класична војна?
Баш Клинтон сподели видео како јенките го извршиле нападот врз Ирак.
Каде видовте Русите така да настапат, да срушат целата енергетска и комуникациска и патна инфраструктура....
Тоа што не видовме акција со таков гломазен и интензивен карактер, може да е поради:
- немање капацитет, во смисла недоволна количина на муниција, ракети, гориво и секаква друга воена опрема. Овде ти предничиш, бидејќи нонстоп верглаш снемале ракети, ама одма нареден ден те демантираат. Изгледа дека кампањски произведуваат Русите, 10 дневно производство го испалуваат за 1 ден, после пак чекаат да произведат, па пак за 1 ден, но тоа се прикаски за 5годишни. Можеби памет немаат, ама бар опрема и ресурси на претек имаат.

- друга причина е, некоја меѓусебна стратегија на САД и Русија и играње со воените играчки, ти 1 потег, јас контра потег.

- трета причина што ми е најверојатна, глобалниот рестарт, па народ да си има занимација додека ни ги празнат џебовите и остали процедури за негово реализирање.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.954
Поени од реакции
35.875
Малку ми е чудно геопозиционирање да функционира само на слушање а не на обострана комуникација. Сепак, не сум стручен во овој дел, па морам да ти верувам.
Да, така функционира сателитското позиционирање, можеш да ми веруваш, или да побараш на интернет.
Има ситуации во кои обичните уреди (наменети за јавноста) испраќаат пораки до CORS мрежи (станици на земјата), но тоа се случува кај DGPS и RTK, методи кои се користат за професионални уреди/автономни возила/дронови, и станува збор за мрежи кои се во сопственост на државите/приватни лица (кај нас се вика МАКПОС, го одржува сектор во катастар и користи опрема од Leica), во тој случај најчесто се користи комуникација преку интернет (NTRIP), или база-ровер со што комуницираат преку радио врска но си лимитиран со растојание. Радиото што го имав јас во мкд беше до 20км.

Гарминот од сликата е еднофрекфентен, еве ти малку постар модел на истиот, го имав земено поодамна.
IMG20221231020138.jpg

Кога станува збор за авиони, проектили, дронови, може да се врши навигација и на сосема различни начини, имав пишувано пред некое време, само што е малку покомплексно.
Антените кај телефоните се уште поглупи, генерално читаат псевдокод, можеш да им правиш интерференција како од шала, и потоа добиваат корекции од мобилна мрежа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom