@TheTrooper
Зошто пред Чеченија, се обиде Татарстан со тогаш 3 милиони да се отцепи од Русија? После следуваше Чеченија? Кој ги користеше муџите тогаш и во кои цели?
Каква врска има тоа со западот? Чеченија и Татарстан и сите тие Русија си ги реши како што ги реши. Многу е бизарно да алудираш дека некој од западот дошол и преку НГО на глупите Чечени или Татари им всадил желба за независност во рани 90ти.
За Грузија не ни треба да зборам.
Таа што Русија ја парчоса?
Дека многу симпатии имаш кон Русите ама за све викаш сами се криви. Јесте криви се, премногу меки се.
Ако сега било грешката демек се ширеле , во 90тите не беше баш така.
Кажа дека имале генерации загубено. Да за жал така е, пара буши кј што бургија не буши. Ете ти ја Хрватска пример, што остана после влегувањето во ЕУ. Не исмејувам, туку ти дебатирам.
Што стана? Држава која што со Словенија отскокна од сите бивши ју држави, која што сега има еден од највисоките растови на економија во ЕУ, која што од догодина влегува во Шенген и еврозона. Хрватска помина супер и никогаш подобро не и било и никогаш подалеку не била од балканската каљужа.
Пиша дека ги буцнале Москва на Русите во Украина да се дигнат на востание. Не бе друже, американците си обработија преку своите организациии, организираа револуции и маршеви, соборија демократски избран претседател и влада. Ставија свои регрути и платеници кои промовираа платформа која беше гнасна према Рускојзичното население.
Истата песна. Чиста Украина.
Мислам нема проблем. Можам уште факти да тресам.
Твојот цел светоглед се базира на тоа дека Украинците се глуперди без своја волја која што некој ги работи како бавча затоа што не знаеле колку им е супер како бесперспективна руска марионетка и дека власт не може и не се видело да се падне преку протести.
За разлика од чистите и своеволни Руси кои што дигнаа народно и изворно востание за кое само требаше да влезе регуларна руска војска,а „народните милиции“ да бидат командувани од страна на агенти на ФСБ, често од самата Русија.
Русија направи една грешка.
Што не се впушти уште во 2014.
Анексијата на Крим, спасувањето на „сепаратистите“ од пред пораз и воспоставување на парадржави со помош на војската....ма јок не се впуштија воопшто.
СССР беше утопија. Многу пиздарии направија. Се сложувам тука. Полска, Балтикот, Грузија, Азербеџан и остали земји требаше СССР да им даде независност а не да крпат да раселуваат нации и така натаму, и сега тие земји ќе беа многу пријателски настроени кон Русија.
СССР беше дистопија, а Русија сонува враќање на тоа лудлило. Зарем е чудно на некого што никој нивен сосед не може да ги смисли? Можеби да направеа чистка со тоа минато ќе беа пример за регионот, ама тие на власт имаат агенти на КГБ кои сонуваат за реванаш со западот. Ете им го реваншот, нека се дава во сопствените гомна сега.
Истите тие комунисти имаат мелено Руси во гулазите кои биле патриоти, патем.
Да не ја крпеа Украина вештачки немаше да се случува ова сега. Али тоа е опширна тема.
Како што реков, Русија секогаш била најштетното нешто за самите Руси.
А маубетв за Украина некако неодоливо ме потсеќа на муабетите на шовинистите во Бугарија за Македонија. И гле чуда, тие што во Бугарија фантазираат за од Охрид до Черно Море сите се најголемите фанови на Путин и РуZија.
Јас те разбирам тебе. Хрватска доби држава поради западот. И Албанците го добија Косово поради западот.
Хрватска доби држава заради самата себе. Како дел од Федерацијата си изгласа независност и отиде по свој пат. Таа независност ја плати со 15.000 мртви, 40-60 милијарди долари материјална штета и огромни пропуштени периоди на економски раст, илјадиници инавилиди и психички осакатени работоспособни луѓе во напонот на својата сила.
Западот само ја призна тогашната реалност на распаѓање на Чехословачка, СФРЈ и СССР. Западните држави ја признаа Хрватска тек во јануари 1992 година кога Хрватска веќе ги правеше првите противофанзиви.
Инаку fun fact, најмногу оружје после заробеното од ЈНА Хрватска го доби од Русија.