Shakespear
Need moar drugs
- Член од
- 25 јули 2015
- Мислења
- 2.418
- Поени од реакции
- 2.043
Ова ти е тотално националистички начин на размислување. Не може да се изрази лубов кон една држава со форсирано пеење на химни и обожување на знамиња. Еден човек може да си ја сака државата само ако таа него го сака, а Русија не успеала тоа да го направи за граѓаните.Шеки како си, добар си? Фалиш со твоите антируски постирања.
Инаку кога сме кај овој твој пост, апсолутно не гледам дека со пеење на химната, церемонија за знамето дека Путин сака да ги направи Русите фашисти или нацисти. Не значи дека ако го возвишуваш твоето знаме, идентитет, култура дека си фашист. Тоа се вика сакање на себеси, нешто што ние за жал го губиме или веќе го изгубивме. И има право да им ја објасни војната во Украина од негова страна затоа што реално тој е главниот командант. А тоа дека младите се многу малку ентузијастички настроени пред сè е заради пропагандата на Западот. Им се пласираат неточни информации од кретени кои сакаат да ја саботираат операција. Божем имало масовни руски жртви и порази, а во реалноста колежот е врз украинската војска. А градовите се уништени заради пичкиците Украинци кои користат цивили како жив штит, а кој без нив ќе бидат брутално сотрени. А тоа дека НАТО немало бази или нешто со Украина е жива лага. Уште од 2014 имаш НАТО инструктори кои ја тренираат армијата, и` даваат најнапредни оружја и ова уште трае. Буквално НАТО војува со Русија и пак губи...
Е мој мил Шеки, премногу веруваш во сè што ќе ти се постави на нет, ТВ. Затоа и ти имаш најмал ентузијазам како твоите соученици.
Путлер тоа самиот го увидел и затоа ваква очајна мерка презема за контрола на младите - мерка која ќе испадне неуспешна бидејќи само простоумни мислат дека децата ќе си ја засакаат земјата ако пеат химни пред знамето.