...последните случувања кажуваат дека се води кампања против Ердоан, оркестирана во САД од Ѓулен. Ако не се лажам тоа е youtube каналот young turks. Многу чуден лик е Ердоан, од една страна му копаат гроб, а од друга страна најстраствен навивач им е во Сирија.
Не знам зошто ти се чудни ставовите на Ердоган за Сирија?
На Турција и е ветен дел од колачот, со коридорот за природен гас од Катар накај ЕУ. Но ништо од тоа без поминување на гасоводите низ Сирија.
Надвор од тоа, друга варијанта од која Турција може да профитира со транспорт на гас кон ЕУ, е гасот од Азербејџан. Но тоа наоѓалише е многу помало и со многу помали резерви од тоа што се потребите на ЕУ. Затоа најверојатно и никогаш нема да се изгради гасовод од Азербејџан кон ЕУ.
Сирија под власт која е под влијание на Русија, е витален руски интерес. Токму затоа и толкавото ангажирање од Русија, па и Кина. Не дека Кина има интерес да го заштити рускиот интерес, туку имаат добра соработка со Русија, која за разлика од Америте секогаш стои зад договорените дилови со сојузниците.
Тука иде и се поголемиот развој на соработката на Русија и Кина. Преговорите за испорака на природен гас во Кина, и изградба на огромен гасовод, се во завршна фаза (а веќе траат долго време). Еднаш кога ќе се оствари тоа, Руската економија ќе биде многу понезависна од пласманот на гас во ЕУ (но ЕУ и понатаму ќе остане зависна од рускиот гас, како витален енергенс за европската индустрија).
Понатаму, Русија е преговара и со Јапонија за испорака за гас. Но немам претстава што ќе направат Америте за ова, а мислам дека Јапонија е сосема под американска контрола. Впрочем, ако се оствари договорот за гасовод од Русија за Јапонија, тоа ќе биде дефинитивен доказ дека не сум во право (дека Америте ги контролираат целосно).
Како што стојат работите, само прашање на време е прилично економско зајакнување на Русија. Се зборува и дека кога ќе се оствари договорот на Русија со Кина, следниот чекор ќе биде напуштање на петродоларот од двете земји. Тоа ќе биде голем удар за американската валута и за САД воопшто (посебно за банкарите што им ги штампаат парите и потоа им ги зајмат на САД).
Но сега тоа е трка со времето, да се завршат работите побрзо и пред гасот од Катар да најде друг пат за ЕУ, или пред Сирија да падне, или пред
фракинг техниката за вадење природен гас да земе замав низ ЕУ (фракингот има многу противници, пошто со таа техника се истураат тони опасни хемикалии директно во земјата и тие после завршуваат во подземните води и нормално во водоводот, и последиците по човековото здравје се големи)...
Затоа Русија е толку многу ангажирана во Сирија. И затоа токму сега Америте ги р'чнаа работите во Украина. Да се обидат да ги заматат работите за Русија пред да се завршат преговорите со Кина.
Ризикот е Трета Светска Војна, но Америте се кладат дека работите нема да ескалираат до таму. Проценката е дека во најлош случај ќе дојде до ограничен конвенционален судир во Украина, евентуално и на Балтичкиот крај. На крајот на краиштата се што ризикуваат Америте е страдањето на Украинците (и евентуално Балтикот и неколку други сојузници од источна Европа). Но кога туѓото страдање било проблем за нив...